Новиот бран (Novi Val/New Wave) во Југославија

  • Креатор на темата Креатор на темата GrouchoMarx
  • Време на започнување Време на започнување
^Може, ХАЛИ ГАЛИ ХАЛИД!!!!!!

Шала на страна, Милан беше многу добар текстописец, нешто како српски Кобејн, ако не и подобар...
 
Хохохохохо анегдота

Саша Лошич босанската ванаби верзија на Бој Џорџ а.к.а. фронтменот на Плави Оркестар кој немилосрдно плескаше тинејџерки до 36 годишна воздраст во една прилика кога еден од фановите на новиот вал му се поплакал дека тој го уби рокенролотот во Југославија (инспириран од истоимениот филм најверојатно) ја даде легендарната изјава-

Каков ви е тој рокенрол кога јас можам да го убијам
 
Нови Вал, движење тоест само идеа која требаше да прерасне во движење, период во кој за првпат во Белград музиката беше оригинална, се друго е копија независно дали пред или потоа. Започна со Пакет Аранжман, еволуираше во Електрични Оргазам-Електрични оргазам '81, Бистрији или тупљи човек бива кад...-Шарло Акробата '81 и секако тука се Идоли за кои немам многу читано, гледано или пак слушано(можеби некој од вас има :)).
Електрични оргазам-чуден бенд, од нив се очекува се и сешто, започнаа како пост-панк(панк) бенд, преминаа во психоделија со нивниот втор албум Лишче прекрива Лисабон за на крај да завршат со еден шунд и комерцијала која не се очекуваше.
1 период
2 период
3 период

Шарло Акробата-бенд во кој владее енергијата и оној младешкиот слободен ум во кој нема препреки само слобода и фантазија, генијален склоп на музичари: Која-бас, Милан-гитара, Вд-бубњеви. Милан ја даваше потпората, мелодичноста на музиката, Која го создаваше хаосот, а Вд?-ех, вд, вд требаше да го склопи целиот тој хаос со својата храброст и имагинација. Генијално едноставно генијално. Иако Која беше против целиот Пакет Аранжман и против новиот бран сепак се гледа дека е одличен музичар.
1-го претставуваме Која
2-Милан
3-Vd
4-Чиста имагинација, импровизација и талент, со една многу интересна приказна зад себе

Ви останаа уште Идоли, ајде да видиме, никогаш не сум го сакал бендот, но можеби има некои фанови зад мониторите :). А и општо за целата идеа, ваше мислење, омилена песна, интервју, снимка од концерт, слики, спомени, било што? :)
 
Комплименти за темава секоја чест.(y)

Нови вал ,нови бран или на наше нов талас :) По тоа што имам читано и пратено период на златните времиња на рок,поп и панк музиката во поранешната држава.Првпат во 1977 се јавува прогресивното движење кај младата генерација против системот,критика преку песните,текстови инспирирани од реалниот живот,стапува на сцена онаа панк генерација потикнати од влијанието на Sex Pistols .Особено големо влијание имаат култните магазини од типот на Полет(Загреб) и Џубокс(Белград).Големо влијание имаа групите кој ги спомена во твојот пост,нашата држава е претставена преку Леб и Сол,Цилиндар,Мизар и Уста на уста од Скопје,Токму така(Кавадарци).Системот овие луѓе ги нарекува и Изгубена генерација која не го сватила Комунизмот како најидеален систем.

П.С Ова е само почетен текст имам многу материјал деновиве ќе се потрудам да склопам добар тескт поткрепен со документарци и интервјуа каде младите генерации учесници на форумов ќе се информираат што е добра музика создадена од срце и душа.

Мојата омилена песна од мојата омилена група
 
Ме интересира дали има некој снимки или фотографии од животот во тоа време, копиљ сум ја неам појма :). Инаку ми се свиѓа што почнаа да се избацуваат интервјуа ајде Hank ја чекам твојава рецензија :)
 
Идоли...нешто посебно, оригинално... ова постираново е песна од филмот Давитељ против Давитеља, култен филм од 80-тите...
Хенк спомна нешто и од македонскиот нов бран...



 
Ме интересира дали има некој снимки или фотографии од животот во тоа време, копиљ сум ја неам појма :). Инаку ми се свиѓа што почнаа да се избацуваат интервјуа ајде Hank ја чекам твојава рецензија :)

Имам премногу материјал но е на српски и хрватски ако правам copy/paste тоа е против правилата на форумот ако сакате можам да ви пратам линкови па да прочитате се и да коментираме за група или личност која оставила свој печат:) Јас за жал не сум од тоа време но преку моите родители, литература,интернет и документарци имам доста научено.
 
Jaс во тоа време, 80-тите бев дете :)
Бев среќно дете, бидејќи не растев со шунд музика, со певаљки и турбо фолк. И со шпански, венецуелски, турски и сл. серии...
Немаше работи без кои денешниов живот е незамислив, ама имаше луѓе...весели луѓе. Имаше музика. Кога многу од овие песни излегоа, бев дете. И ми влегуваа веднаш во уво.
Тоа беше време после Тито. Беше некој ептен либерален комунизам, скоро западен начин на живот. Да, фалеа некои работи, ама ОК... Замисли... некаде 83, 84-та... јас детенце, носев Левис и Адидас, а моите не беа некои богаташи... обични службеници, некаква средна класа.
Ако се погледне уметноста, не само музиката, туку и филмот од тој период на пр., се гледа тој либерализам.
Филмови и музика слични на оние од западот. Западните влијанија во секој случај се огромни тогаш, поголеми од 60-тите и 70-тите.

Дарио пее тука :) Инаку, обработка на Good Girls Don`t од Knack.

А го имаше и ова на пр:

или ова :)


А ова ми е ептен кул:

 
Азра, Хаустор... Филм ги заборавивме!

Во претпоследниот линк сите се наведени ;) Инаку се согласувам со тебе ,Нови вал не е само музика голема револуција има и во полето на на кинематрографијата и уметноста.Се појавуваат режисери кои вметнуваат експлицитни сцени во своите филмови. За прват се отвараат теми за пороци како дрога и алкохол.Во едно интервју дадено од страна на Раде Шербеџија вели.Во тоа време вели кога го снимивме Уна(1984) год каде глуми професор кој е во брак но има афера со студентка пратена од страна на системот да изнуди информации за него.Некој жени го плукале на улица и го колнеле зашто наводно ги рушел вредностите на системот.Еден од култните филмови кој кренал голема прашина е и Decko koji obecava (1981).За жал многу малку може да се најдат информации за Македонија и новиот бран кај нас.
 
E,дечко који обечава вреди да се гледа, за оние кои не го гледале!
Ќе познаете некои фаци од Белградската сцена кои ги спомнавме тука!
 
Голем дел од тие филмови се поставени на YouTube достапни се за гледање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom