Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување
Скулптури на мајки со деца ?
meX0e.jpg

5BTQZ.jpg
 
Све мо=ам да сватам,и тоа што ќе се уреди и другиот крај од камени и тој плоштад карпошово востание..ама уште еден споменик на Филип 2 и тоа поголем од Александар, неможам !
 
Никој не може,ама ќе го направат.Сега уште да им текне да направат споменик на Клеопатра поголем од Филип и Александар.Дебакал.
 
И на Вавилонската
И на Англиската
И на Индијслката
И на Швајцарската
итн.

Не е спорно тоа дека повеќе народи и држави го имале и имаат лавот за симбол. Исто и сонцето. Исто како што не е спорно и дека тие два симболи имаат голема примена и континуитет кај Македонците од дамнина па до денес.
 
Alex, нигде не оспорив дека лавот е симбол и на македонската историја. Само ме пукаат медови дека тоа е единствена причина и изговор за ваквото стање на плоштадот.
 
Се разбираме. Само што лавовите се најмал проблем на плоштадот, а ваквата состојба се спречуваше навремено пред да почне да се гради, но тогаш двете страни (противниците и поддржувачите) беа искористени оние кои сакаа да профитираат политички
 
Порта и седум скулптури ќе никнат во Градскиот парк
Со ребалансот на буџетот на Град Скопје, за порта и видиковец-белведере во Градскиот парк се предвидени околу 25.000 евра, а за седумте скулптури кои ќе никнат на три локации внатре во паркот Градот ќе потроши 120.000 евра.
Портата ќе се изгради кај фонтаната „Лотосов цвет“, а во првиот дел од паркот каде што ќе се постават скулптурите, ќе биде направен видиковецот.
Засега нема информации колку ќе биде висока портата и од кој материјал ќе се гради. Од Градот само најавија дека во моментов се спроведува конкурсот за седум уметнички скулптури.
-Овие уметнички скулптури ќе ги красат портата на влезот и чешмата хептагонал. Покрај нив, ќе се постават и едукативно-информативни табли- велат од Градот.
Досега во овој дел на паркот се поставени четири чешмички и е изградено детско катче.
ДТ/ВЃ
http://www.plusinfo.mk/vest/8045/Porta-i-sedum-skulpturi-kje-niknat-vo-Gradskiot-park
 
Галичник со споменик на Ѓорѓија Пулевски

gjorgija-pulevski-spomenik-Galichnik.jpg.jpg

gjorgija-pulevski-spomenik-Galichnik.jpg-1.jpg

извор

Намалена реплика на скулптурата на Пулевски од проектот Скопје 2014. Ако јас се прашувам требало оригиналнта скулптура да ја стават во Галичник. Каменот си тежи на местото.

Не гледам потреба ниту од дупликат скулптури, а ниту пак во толку краток период да се прават повеќе споменици на една иста личност.
 
Вечер: Стигна фалангата на Александар
На денот на независноста 8 септември центарот на Скопје ќе ја добие најграндиозната скулптура - Воин на коњ

5A06AC8C4C413F418B598DB6D2FCD797.jpg

Со полна пареа се монтираат скулптурите - додатоци со кои ќе се украси грандиозната фонтана на Плоштадот Македонија и кои треба да ја дооформат 24-метарската скулптура Воин на коњ. Уредувањето, како што претходно беше најавено, би требало да заврши некој ден пред Денот на независноста - 8 Септември за кога е закажана и свечената промоција.
Околу фонтаната ќе се постават осум војници кои се високи по три метри, а се изработени од бронза. Целиот амбиент ќе биде збогатен и со осум лавови, кои се високи по два и пол метри, од кои четири ќе бидат свртени кон фонтаната. Од нивните усни ќе тече вода, а останатите четири лавови ќе бидат поставени на скалите и ќе бидат во седечка, односно во чуварска положба. Инаку, на столбот, односно постаментот на коњаникот има три прстени на кои се монтираат плочите на кои се претставени три битки. Меѓу нив ќе има и три прстени од бронза, со декорација и релјефни фигури. Од најгорниот прстен ќе паѓа водена завеса, а нагоре ќе се крева магла.

- До најраните утрински часови се работи на терен. Сите елементи кои треба да бидат поставени се тука и полека се поставуваат на предвидените места. Работниците работат под полна пареа, а во моментов се поставени само четири лава и четири војници. Останатите ќе бидат поставени до крајот на денот. Исто така се работи и на поставување на бронзениот релјеф кој е сместен во позадина на војниците. Останува само да бидат инсталирани цевките во лавовите низ кои ќе тече вода, рече скулпторката Валентина Каранфилова-Стевановска, автор на проектот.
Во подножјето на фонтаната се инсталирани и мермерните прстени кои го заобиколуваат споменикот во вид на скалила.
Споменикот на Александар Македонски на врвот на фонтаната беше поставен пред еден месец. Тој, заедно со лавовите и фалангата се работеа во леарницата "Фернандо Маринели" во Италија. Изработката на мермерната фонтана чини 4,1 милион евра, а целиот проект е во вредност од 9, 4 милиони евра. (А.И.)

СЕ УРЕДУВА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА
Релјефи со 32 историски сцени ќе ја красат Македонска порта

За Денот на независноста ќе биде откриен уште еден грандиозен споменик од проектот Скопје - 2014, Македонската порта. На фасадата, деновиве почнаа да се поставуваат релјефите со слики од македонската историја и досега се поставени само дел од планираните 32 сцени, а ќе има и еден релјефен приказ посветен на независноста на земјава.
Портата ќе биде обложена со бел мермер сивец од Прилеп, а во нејзиниот горен дел ќе биде поставена галерија и видиковец од каде што граѓаните ќе можат да уживаат во панорамата на Водно, но и на новите споменици во Жена Парк и на градскиот плоштад. И Триумфалната порта е дело на авторката Валентина Каранфилова-Стевановска.
 
PREUBAVO NEAMAM ZBOROVI, SAMO FALI USTE ''VOINOT NA KONJ'' DA SE SMENI VO ALEKSANDAR III MAKEDONSKI KE BIDE SE KOMPLET!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom