Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување
Најдов слика и на скулптурата на Чуповски

5826587640_e1cfe0452d_b.jpg
 
Ептен е онака див коњ. Па и Ѓорче наш ептен агресивен го направиле. Ваљда сакале преку тоа да опишат какво население живее у населбата. Покажува кон Волково, Геге а со газот накај Хром. Типична ѓорчепетровска филозофија...

И тоа пола е ишмирглан или што да му се прави пола е така оставен, веројатно „чистата“ половина е Ѓорче, тоа неишмиргланото е Геге, Хром и остало.
 
И тоа пола е ишмирглан или што да му се прави пола е така оставен, веројатно „чистата“ половина е Ѓорче, тоа неишмиргланото е Геге, Хром и остало.

So many layers...Незнаев дека Сокол е философ!
 
Споменикот на Гоце Делчев (во паркот) на фотографија од 1946 година

PotomciteNaGoce.JPG


Дали споменикот тогаш бил посветол одошто е денес или пак е некаков фото ефект. А изгледа и како постаментот тогаш да бил понизок.
 
Брат не ти изгледа ко еден од четворицата јавачи на апокалипсата? Најозбилно. Не верувам онаков див коњ да имал :ROFLMAO:

Ептен е онака див коњ. Па и Ѓорче наш ептен агресивен го направиле. Ваљда сакале преку тоа да опишат какво население живее у населбата. Покажува кон Волково, Геге а со газот накај Хром. Типична ѓорчепетровска филозофија...
И тоа пола е ишмирглан или што да му се прави пола е така оставен, веројатно „чистата“ половина е Ѓорче, тоа неишмиргланото е Геге, Хром и остало.
So many layers...Незнаев дека Сокол е философ!

Хахахах, прво да се разбереме не е Ѓорче него е Џорче.

А коњот е див пошто ја одсликува нескротливоста на Ѓорчевчани, од некои првични информации се дознава дека таму требало да стои магаре. И тоа што изгледа онака грубо и прљаво не е случајно, тоа жителите на Ѓорче сакаат да кажат дека они не се фолираат и не глумат лудило ко во останатите делови на Скопје. Инаку точно е, споменикот покажува кон ГеГе и Волково а тоа само укажува дека Ѓорчевчани не ги заборавиле своите традиционални ѓорчевски вредности, нивниот идентитет, култура и корен. Сепак ваквиот потег се толкува како дело на Сокол кој е родум од Волково и има намера да го држи Ѓорче во изолација, но од неофицијални извори блиски до владата се дознава дека реформите сепак продолжуваат и дека споменикот ќе биде ротиран за 90 степени кон исток т.е ќе покажува кон Влае, Карпош, Центар и т.н. Тоа значи дека сепак европскиот дух ќе преобвлада и евроскептицизмот ќе биде победен, а со тоа општината Ѓорче Петров ќе си ја осигура светлата иднина.
 
Се шушка дека денес ќе се поставува Александар Македонски на плоштад, има некој повеќе инфо? :)
 
Се шушка дека денес ќе се поставува Александар Македонски на плоштад, има некој повеќе инфо? :)

Дел од скулптурата е веќе на плоштадот, ќе треба да ја монтираат пошто е на делови
--- надополнето: Jun 14, 2011 8:03 AM ---
255631_180051788717439_135644923158126_397818_4588417_n.jpg
 
Се шушка дека денес ќе се поставува Александар Македонски на плоштад, има некој повеќе инфо? :)
Мислам дека во петок му е на ВМРО роденден па може сакаат да ги чува александар на плошдтадот оти тигрите се опасни .
 
леееееееееле колку е добар човече (јес да уште сметам дека на ова место требаше да стои Филип)
 
леееееееееле колку е добар човече (јес да уште сметам дека на ова место требаше да стои Филип)

Требаше ама Филип создаде една држава а Александар растури повеќе држави (вклучувајќи ја и нашата) а растурачите секогаш повеќе се ценеле :).

По сликиве личи дека е добар ама да видиме цел кога ќе биде монтиран како ќе изгледа.
 
Многу бев противник на проектот Скопје 2014, но некако сега одвај чекам да видам како ќе изгледа Александар на плоштад. Убава е нивната идеја да се ставаат споменици, ама толку многу споменици за толку малку време не ми се допаѓа. Фонтаните во Вардар не им требаа, лавовите па ич. И плоштадот го окупираа со споменици. Само Александар да беше мислам дека никој не би имал против ама вака пренатрупано е.
Како што реков одвај чекам да се постави Александар и мислам дека тогаш сите ќе бидеме горди на тоа што се направи, доста беше плукање по се и сешто.
 
Линк до статијата на Кајгана за ова.

Првата реченица: „Започна монтажата на скулптурата „Воин на коњ“, која ќе биде поставена на плоштадот Македонија, информираат од Општина Центар.

Значи, скулптурата ќе се нарекува „Воин на коњ“ или „Александар Македонски“???!?!?!?!?!? :cautious:
 
Зошто “Воин на коњ“ по ѓаволите?
Едвај чекам да го викам Аце, трема имам, возбуда :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom