Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување
Личи на споменик во ранк (големина) на биста, којшто е обичен и ни малку спектакуларен но е без грешки во пропорциите како лавовите на мостот Гоце Делчев, нема несоодветен еротски нагласок како споменикот на бранителите во Струмица и за којшто не се одвоени милиони евра од буџетот на Р. Македонија за разлика од дел од скулптурите од проектот Скопје 2014.

Споменикот за мене е симпатичен обид со скромни сретства и разумно, во рамките на можностите да се одаде почит на Бранителите.

Ќе кажам уште и дека локацијата (паркот) совршено му одговара, споменикот е во склад со претходно поставените бисти и има добар достап (патека) до него.

Eddie ,ме влечеш за јазик,ова мене ми личи како надгробна плоча..каков споменик какви бакрачи..вакви еден куп ги има низ Македонија, поставувани пред 30-50 години и оние бисти на народни херои,кои се ставени ради реда,без никакво значење и оддавање почит,а камо ли за некоја естетска вредност ..0..
 
Eddie ,ме влечеш за јазик,ова мене ми личи како надгробна плоча..каков споменик какви бакрачи..вакви еден куп ги има низ Македонија, поставувани пред 30-50 години и оние бисти на народни херои,кои се ставени ради реда,без никакво значење и оддавање почит,а камо ли за некоја естетска вредност ..0..

Не ми беше намерата да те влечам за јазик, ти праша - јас одговорив.

Како го сфаќаш твоја работа, сепак де јуре си е спомен-обележје. Надгробна плоча не може да биде пошто основен предуслов за да биде е да стои (или барем да стоела) на гроб.

За вкус исто не ти се мешам, ама треба да имаш предвид дека споменикот којшто е сместен во паркот треба да биде складен (и по големина и по стил и по материјал) со останатите споменици, а не да штрчи, а треба да се има предвид и кога нешто се прави со скромен (а не државен) буџет.

Ај пак ако не да земеме и сите споменици да бидат минимум по 7 метри, да ги носиме на вајање во Италија и сите пари од буџетот на нив да ги потрошиме. Сосема нормално е да има и помали и поедноставни споменици.

Не велам дека е којзнае колку добар, сосема обичен споменик, ама за разлика од лавовите кои едно се натплатени, а второ се скроз промашени овој барем не е натплатен.

За тоа дека спомениците пред 30-50 години се ставани ради реда, а не да се оддаде почит и се без уметничка вредност не се согласувам. Не почнува се' од денес, па ни спомениците и спомен обележјата.

Да се присетиме на Македониумот во Крушево, Кочанскиот споменик на слободата (со мозаикот), Могилата на непобедените во Прилеп, спомениците на штипскиот Исар ...
 
251055_2112141130276_1448079960_32501756_629942_n.jpg


252855_2112143890345_1448079960_32501769_4001650_n.jpg


254050_2112145330381_1448079960_32501774_4573050_n.jpg


255165_2112146770417_1448079960_32501779_7609114_n.jpg


255759_2112147570437_1448079960_32501783_2661234_n.jpg


251242_2112148410458_1448079960_32501787_7361408_n.jpg


252027_2112155210628_1448079960_32501818_6617448_n.jpg
 
Ѓорче Петров

Десетметарскиот споменик на Ѓорче Петров качен на коњ пристигна утрово во истоимената скопска населба.

Споменикот ќе биде поставен во средишниот дел на новиот кружен тек во населбата Ѓорче Петров. Вкупната висина на споменикот е десет метри, од кои три метри отпаѓаат на постаментот, а останатите седум на коњаничката скулптура, која што е изработена од бронза. Ѓорче Петров ќе биде свртен кон јужната страна, односно кон планината Водно. На задниот дел на споменикот ќе го има грбот на општината.

Споменикот чини околу 700.000 евра.

Новиот кружен тек кај трговско-деловниот центар “СП Планет“, на вкрстувањето на улиците “Ѓорче Петров“, “Воин Драшковиќ“ и “Радушка“ од минатата недела е отворен за сообраќај.

Кружниот тек има две коловозни ленти широки по 3,5 метри.

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 02.06.2011 8:54:42 AM

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=87197&kategorija=1

395(B).jpg
images


sase-slika-konj-zacisti-malku-500.jpg


gorce%20petrov.jpg
395(A).jpg
 
имам предлог за две скулптури...една нека биде фабрика со скршени прозорци а другата фабрика со скршени прозорци и пајажини...спомен од владеењата на сите влади од независност до денес.....или па млад човек како бега надвор од државата....
 
имам предлог за две скулптури...една нека биде фабрика со скршени прозорци а другата фабрика со скршени прозорци и пајажини...спомен од владеењата на сите влади од независност до денес.....или па млад човек како бега надвор од државата....

Нема потреба такви има во секој град.
 
мислев на помали верзии :)

Moже, и на двете да има мапа каде се наоѓаат оригиналите и сличните на нив по целата земја :)

Туку се ми се чини се шпекулираше оти Аце ќе го донесат 2011 летото
 
Падна или таков го донесоа? Оти гледам на една од сликите без нозе е

Падна додека го монтираа, после го лепеа и вечерта без нога беше и имаше дупка кај раката.
 
Падна додека го монтираа, после го лепеа и вечерта без нога беше и имаше дупка кај раката.

Поминав наредниот ден по поставувањето сеуште беше без нога. Кој фејл го направиле, што би рекол Цацко то треба да се убие.
 
то треба да се убие, ама неговото семејство да го плати куршумот....ко во Кина што си е по закон....
толку пари се платени и на крајот инвалид споменик ни носат
:D
 
Како бе им паднал ебати дегените??милјарда споменици се поставија низ скопје,уште не научија како се реди споменик???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom