Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување
Може е чудно ама концептот ми се допаѓа бидејќи е оригинален и реално го одсликува времето во кое живееме има што би рекол Боби сатира и хумор па кога можат к-15 да си играат мајтап на телевизија за реални работи од Македонштината зошто да не може и уметникот. Не ми се по ќејф две работи тоа што скулптурата можеле и поубава да ја направат ама тоа е веќе работа на вкус и тоа што е поставена на улица Македонија. Барем по мое видување поеснафи луѓе седат на улица Македонија, шминкерите седат на Кеј 13-ти Ноември.
 
Мене ме интересира, колку пари се даени за изградба на скулптурите?

Дали се луѓево нормални? Дали се има малце мозок во глата?

Абре луѓето немат пари ЛЕБ ДА ЈАДАТ, а овие скулптури ставаат.
Господ да чува и да брани.

Јас не велам дека е лоша замисла, лоша идеја. Да, добра е, ама за држави со постабилна економија.
 
Мене ме интересира, колку пари се даени за изградба на скулптурите?

Дали се луѓево нормални? Дали се има малце мозок во глата?

Абре луѓето немат пари ЛЕБ ДА ЈАДАТ, а овие скулптури ставаат.
Господ да чува и да брани.

Јас не велам дека е лоша замисла, лоша идеја. Да, добра е, ама за држави со постабилна економија.

Аман, не се од злато направени. Требаше нешто да се направи и Македонија не е толку сиромашна да не може да си го дозволи тоа. Е сега, дали на некој му се допаѓа „Шмизлата“ или не, за жал тоа е нашата реалност. А зар не беше уметноста огледало на општеството? :)
 
А зар не беше уметноста огледало на општеството? :)

Jaс ќе ти одговорам на прашањето: Да, да. Дада.

Еве пропратно една слика од (склуптура на) фонтана.
437px-Duchamp_Fountaine.jpg


А Тамарче, ак си за гладниве толку загрижена, пола јадење од фриждер сместа вади го и дели го на широк сокак питачи ак имат :)
 
Јас, вака да си бидам искрена, ич не се замарам со скулптуриве. Дали ги ставиле или не исто ми се фаќа. Се и свашта има низ градов, па не знам како може 5 -6 скулптури да го унаказат повеќе од колку што е. И не знам зашто, ама стварно не знам зашто, 5 пати имам пројдено на улица Македонија од кога ја ставија скулптурата, односно Шмизлата и ниеднаш ја немам приметено. Или сум слепа или сум расеана, ама ја немам видено.:jaj:
 
А Тамарче, ак си за гладниве толку загрижена, пола јадење од фриждер сместа вади го и дели го на широк сокак питачи ак имат :)

Владата е таа што треба да се грижи за граѓаните, ама нема проблем, би извала и би дала, и не би градела скулптури од не знам колку милиони евра.
 
Владата е таа што треба да се грижи за граѓаните, ама нема проблем, би извала и би дала, и не би градела скулптури од не знам колку милиони евра.

Jaс па ДДВто шо сеа ќе го платам за Кока колата шо ќе ја купам (и за ќесата, нормално) ги наменувам за буџетот на министерството за култура. А на питачот ќе му дадам чаша кока кола, ако ми дојде на врата. Или пола леб.

Капираш?
 
Жива глупост со статуиве кои ги поставија низ целиот центар. Па бар нека ги изработуваат од материјали за скулптури, а не, ставиле обичен лим обоен зелено со така нијанси на портокалово, да делува како да се оригинално бакарни, па фатиле бакарна патина од предолгото стоење надвор.
Највеќе ме иритира она девојчено грдо на рекорд, со енорммни нозе, наведнато како да има скршена кичма и очи како јаболки големи.
А и шмизлата е поставена на многу лошо место. Такви скулптури не се поставуваат некаде на средина на местото каде се шетаат луѓето, за да можат полесно да се приметуваат. Онаа пак мачката на топката, ја лупнале на 3 чекори од шмизлата. Заљубените не би сакал да ги коментирам. Многу лоша положба, како и форма. Типката нема задник, но затоа дечкото има и за неа. Единствено што ми се допаѓа е човекот-дрво кој е исто така на 3 чекори од заљубените, меѓутоа грдо место имаат избрано и за него.
Сега за сега, ги имам видено само овие неколку бедни скуптури, и воопшто не ми се допаѓаат нити по структура, нити по местоположба.
 
Економска криза низ светов, луѓе без работа, овие статуи поставуваат... свашта..
 
Економска криза низ светов, луѓе без работа, овие статуи поставуваат... свашта..
па ќе речат дека се 5 милиона евра...а тие се 200 000....останатото у џебџе и оп на кајмаканските острови го глеаш бране со куферче...

Бране: (шепоти) Абе иам 4.8 мил евра сакам да ги стаам на сметка...
Типката од банката: Не се срамете господине, не е срам да сте сиромашен!!
 
8 милиони евра ко шо слушнав :) Со тие пари 3 фабрики ќе се отворат и ќе се запослат 500 луѓе минимум!


Читаш Серп?

Ете целта на муабетот ми беше оваа..
 
Го подржувам проектот, зарем не сакате Скопје да заличи на европска метропола. Кој прошетал знае како изгледаат модерните метрополи, но изгледа многу сељ..и има доселено у Скопје па повеќе сакаат да им се шетаат коњи низ градот.

Размислите луѓе.
 
И јас го поддржувам проектот - и тоа целосно!

Има една црта, една реакција кај нашиов народ и пошироко на Балканот кој се рефлектира кај некои коментари на темава, дека тоа чинело пари, итн.

Нема уметност и просветување без пари, а мислам дека статуите делуваат доста симпатично и ја извршуваат својата функција како уметнички дела. Впрочем, ве испровоцираа како публика на едно чудо согледувања и интроспекции како за себе т ака и за животот во нашиот град.

Дај Боже да ни се множат уметничките проекти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom