Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Среќа што се високи 5 метри, иначе истана судба ко Гоце од градски парк ќе ги снајдеше нашите 200 милиони евричи... Чкрабаници и графити.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Абе море Македонец, македонските ликови не се кичерај, Зградата на Типо и споменици од овој тип заедно на едно место се кичерај. Прави разлика... :wink:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
нема шо да се чудиш таа е ... они се „интернационалци“
на друг форум на слична тема .. еден „интернационалец“ објаснуваше како него камата и пиштолот врз кои се колнеле оние кои се бореле за Македонија го асоцирале на гусари и разбојници ... ама тој да ти бил „интернационалец“ ... тој не размислувал како македонец :tapp: така и тука .. ете гледаш интернационалци и за извоз имаме во државава .... додека сите нации на светов си гледаат свои интереси и само СВОИ ИНТЕРЕСИ и се ГОРДИ на своето минато ... нашите „интернационалци“ гледаат „интернационално“ они се граѓани на светот кој не ги ебе 2% :uvo:
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Абе море Македонец, македонските ликови не се кичерај, Зградата на Типо и споменици од овој тип заедно на едно место се кичерај. Прави разлика... :wink:

ветија ке ги менуваат фасадите, затоа викам да го почекаме крајот,сега се е само уште едно градилиште
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ај биди љубезен и кажи му на народот ( пошто он незнае ) кога ќе е правото време и место за поставување споменици за луѓе кои со петни жили се бореле за држава како што сега ние ја имаме ( а мислам дека они у тоа време многу повеќе ја заслужувале него ние денес )... Ја еве стварно незнам,кога, дали за 20, 50, или 100 години ќе биде правото време...или треба да ја изгубиме државата па тогаш ќе е правиот тајминг...објасни ми please :se_ molam
Види сега.
Ќе има споменик на лик кој мене ми е некој предок. ОК е.
Ќе се градат градби (музеји) кои ми се струка, можеби таму ќе работам. ОК е и тоа.

Сега баш во моментов гледам вести. Еден господин вели сега требало да се гради, плоштадите ќе ни биле празни.
Нека се полни плоштадите.

А што е со стомакот и фрижидерот?
Празни се!

Се знае (ако си читал историја не за џабе се вели ако не учиш од историјата судено ќе ни биде да се повторува!), кој, кога и како правел склуптури, храмови, плоштади и раскошни палати.
Исто е како и денес - треба да си на завидно економско и културно ниво.

Срамота е и контрадикторно е а за да не зборувам колку е и смешно.
Склуптури на Делчев, Груев, Александар Македонски а да земам сега со една камера и микрофон да вршам анкета 70% од "патриотите" што ќе ги анкетирам нема да знаат ни основни работи за нивното дело или нашата историја.

Ни треба прво поголемо ниво на култура и едукација (на народот), на тоа следи економска моќ па после ќе си ги разубувуваме нашите живеалишта.

Џабе ни е кога овие градби се екстериер, украс. Не се функционални во било која смисла... као демек туристи ќе доаѓале.
ЛОЛ не сте виделе се какви склуптури и плоштади има ширум светот.

Реков и ќе речам уште еднаш, идентитет не се докажува со склуптури!
Нека се спонзорираат трудови, археолошки ископувања, се што е од публицистичката дејност поврзано со тоа прашање.

Се плашам дека за жал за некое време (прилично кратко) само новите склуптури ќе останат да сведочат за една древна нација која поради својата преголема гордост и непризнавањето на вина на погрешно ставеното гласачко ливче во кутијата, умре од глад како банту црнците во Африка.

Енигма ќе биде тоа за идните странски археолози како исчезнаа Македонците....
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Го подржувам LordDragonII во тоа што вика дека
Џабе ни е кога овие градби се екстериер, украс. Не се функционални во било која смисла... као демек туристи ќе доаѓале.
ЛОЛ не сте виделе се какви склуптури и плоштади има ширум светот.

Реков и ќе речам уште еднаш, идентитет не се докажува со склуптури!
Нека се спонзорираат трудови, археолошки ископувања, се што е од публицистичката дејност поврзано со тоа прашање.
Изградена скулптура во 2010та не докажува ништо... докажуваат археолошките ископувања... али народот ни наш сака кога нешто убаво изгледа и звучи(па колку и да е тоа невистинито он ќе поверува во тоа, факт)...
Да се пронајде нешто вредно од Александар Македонски и да се постави во музеј, нема никој од обичниот граѓанин да отиде да го види тоа сведоштво за нас Македонците...

Туристи? :pos2:
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
одамна немав пишувано на форумов, ама ваква прилика несакам да пропуштам.

Да речам првин аирлија да е и вечен да е споменот на овие два македонски херои.
поставувањето на спомениците на овие херои е само мал дел од честа кој што ние како нација треба да ја искажуваме кон ликот и делото на овие великани.

сакам да ве потсетам на ова:
Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден“.

Сега тие посмртни останки се недалеку од овој споменик.

Едно дрво да е стабилно треба да е јак коренот. народ без почит кон историјата е како дрво без корен.
се гордеам со моето потекло и овие денови сум среќен за овој гест и наредните планирани кои допрва треба да се остварат и сакам да им порачам на оние кои се чувствуваат како случајно родени македонци дека се ускратени од едно чувство на патриотизам и родољубие и искрено ги жалам што ја имаат улогата на ``грдото пајче``!!!
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Ја колку шо се сеќам Даме требаше да биде опфатен со законт за лустрација.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Види сега.
Ќе има споменик на лик кој мене ми е некој предок. ОК е.
Ќе се градат градби (музеји) кои ми се струка, можеби таму ќе работам. ОК е и тоа.

Сега баш во моментов гледам вести. Еден господин вели сега требало да се гради, плоштадите ќе ни биле празни.
Нека се полни плоштадите.

А што е со стомакот и фрижидерот?
Празни се!

Се знае (ако си читал историја не за џабе се вели ако не учиш од историјата судено ќе ни биде да се повторува!), кој, кога и како правел склуптури, храмови, плоштади и раскошни палати.
Исто е како и денес - треба да си на завидно економско и културно ниво.

Срамота е и контрадикторно е а за да не зборувам колку е и смешно.
Склуптури на Делчев, Груев, Александар Македонски а да земам сега со една камера и микрофон да вршам анкета 70% од "патриотите" што ќе ги анкетирам нема да знаат ни основни работи за нивното дело или нашата историја.

Ни треба прво поголемо ниво на култура и едукација (на народот), на тоа следи економска моќ па после ќе си ги разубувуваме нашите живеалишта.

Џабе ни е кога овие градби се екстериер, украс. Не се функционални во било која смисла... као демек туристи ќе доаѓале.
ЛОЛ не сте виделе се какви склуптури и плоштади има ширум светот.

Реков и ќе речам уште еднаш, идентитет не се докажува со склуптури!
Нека се спонзорираат трудови, археолошки ископувања, се што е од публицистичката дејност поврзано со тоа прашање.

Се плашам дека за жал за некое време (прилично кратко) само новите склуптури ќе останат да сведочат за една древна нација која поради својата преголема гордост и непризнавањето на вина на погрешно ставеното гласачко ливче во кутијата, умре од глад како банту црнците во Африка.

Енигма ќе биде тоа за идните странски археолози како исчезнаа Македонците....
Види јас нема да се согласам со тебе, а еве и зошто. Велиш се гради споменик на мој предок, ок е. Па и не е ОК бе пријател, да знаеа денешниве луѓе што се претргнале тогашниве предци немаше да се однесуваат толу индиферентно, и на работите да гледаат розево и сиво единствено од естетска и економска перспектива. Да точно и моите предци се бореа за оваа држава, некои беа свирепо заклани од Турците и Башибозукот, некои се бореа присилно за Србите, некои присилно за Бугарите, служејќи војска по 12 - 13 години, поминувајќи ги сите фронтови од Едрене до Криволак, па Солун и тако даље. И зошто? За да еден ден се осеќаат слободни во сопствената држава и со помисла дека утре никој нема да може да им стави нож под врат само заради тоа што се. Јас најмалку сакам да си го докажувам идентитетот преку споменици, ниту сакам на некој друг да му докажувам нешто, единствено што сакам е да искажам малку почит и да се присетам на тие луѓе, наши прадедовци не марсовци, кои што страсно ја сакале оваа земја и многу крв проплукале за да изгледа оваква како што изгледа денес, без разлика дали тоа на некој му се допаѓа или не. Како што јас можам да ги почитувам правата на сите граѓани на оваа земја, барам и моите права да бидат барем малку испочитувани. Немаш поим колку боли кога некој лев шупак, кој што од неодамна почнал да го слуша Џим Морисон, задоен со идеалите на либерализмот и "слободата на мислата" ќе каже дека сите тие се само обични бандити и разбојници, ги брани правата на угнетените малцинства, кои патем речено во Тетово и тетовско во последниве десет години изградија стотина џамии и ниту една црква. Истите тие угнетени малцинства на кои им ги кршиме правата денеска, пред едно 100 - 200 години не колеа и не убиваа ко да сме последна стока, јас таквото однесување не можам поинаку да го дефинирам освен како несвесен мазохизам. И велиш стомакот и фрижидерот се празни? Знам и кај мене не се многу полни, на одмор не сум бил неколку години а море практично и не знам како изгледа. Ама нема врска, за 1 мај 80% од населението отиде да врти скари и да пие ракија, или си ги оптегна нозете до нашето блиско соседство, чисто колку да смени средина, за да после се вратат и полни со елан да се испосерат на форумов како нема пари у државава, додека некој требаше да работи и да си ги исполнува своите обврски. Цело време слушам изјави од типот - како смееле да се градат тие градби и уште не знам што. Па добро бе луѓе сте виделе ли вие како изгледаат театрите во Македонија, или еве да ја земеме Филхармонија на пример каде што немаат никакви услови за работа, и сега кажи што да прават тие луѓе кои што се вработени таму. Зошто никој не се буни дека само за кирии годишно одат 2 до 3 милиони евра државни пари поради тоа што јавните институции немаат простории каде да се сместат. И да ти кажам право оваа нација навистина има големи шанси да ја снема, само поради тоа што секој во државава е најпаметен, со егото до небо и кога нешто него му смета спремен е да гази и преку мртовци, а кога треба да се создаде нешто што ќе биде заедничко и национално, нешто од јавен интерес, тогаш почнува да се загрижува за социјалната сигурност и економската состојба на земјата.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Многу добар начин за перење пари

Македонија

Во документите и во договорите различни цени на спомениците

недела, 17 јануари 2010, 16:40

Цената на спомениците на Даме Груев, Гоце Делчев и еден од лавовите во декларациите за увоз се многу пониски од сумите во договорите за леење – склучени пред 18 месеци меѓу Општина Центар и леарницата Фердинандо Маринели.
АЛФА дознава дека во декларацијата за споменикот на Гоце Делчев стои дека неговата вредност е 160 илјади евра наспроти цената во договорот со леарницата која е 425 илјади евра. И за еден од лавовите во декларацијата стои дека чини 350 илјади евра, а во договорот со Маринели 575 илјади евра. АЛФА уште вчера објави дека за споменикот на Даме Груев во извозната декларација од италијанските власти стои дека чини 125 илјади евра наспроти договорените 425 илјади евра дадени само за леење, траспорт и монтажа. Оваа информација ја потврди и холандскиот возач Јан Кокс кој го превезе споменикот на илинденецот и кој кај себе ги имал документите пред да ги земе шпедитерската компанија Дима.

Од оваа шема со различните цени излегува само еден споменик.
Попладнето на царинскиот терминал беше донесен уште еден од лавовите, долг пет метри, во декларацијата пишува дека чини 575 илјади евра што одговора на цената во договорот меѓу општина Ценатар и леарницата Фердинандо Маринели.

Откако уште ќе се завршат формалностите спомениците треба да се подготват за поставување – лавовите пред скопскиот мост Гоце Делчев, револуционерите пред Камениот мост – покрај контравезите со порачките и стиловите и по нивното транспортирање во македонија за јавноста останува нејасно колку пари се потрошени за уметничките дела и дали разликата од различните суми евра во договорите и декларациите завршила во нечиј џеп.

извор:
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=17212
 
Како може да се испрани парите кога во договорите со лерницата според Вест цената е повисока одколку реално прикажаната, размисли прво што ќе напишеш.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Супер се спомениците

мене лично Гоце не ми се допага чисто од неговата природна дебелобуцкаста физиономија која не е сокриена во делото барем со наметка која изгледа доста подраматично и похеросјки кај Даме, коњот и оделото некако не одат заедно
Според мене баш убаво изгеда Гоце во оделото, ама тоа си е ствар на вкус. Веројатно првата верзија била да биде во комитска облека:

Ама се пишманиле
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Реков и ќе речам уште еднаш, идентитет не се докажува со склуптури!
Нека се спонзорираат трудови, археолошки ископувања, се што е од публицистичката дејност поврзано со тоа прашање.
Но и за тие трудови и археолошки ископувања дежурните мрчатори на форумов ќе ти речат дека сега не е вистинско време за тоа, дека за џабе се трошат народни пари, дека наместо да ископуваат коски и антички саксии треба да се градат фабрики и бавчи на плоштадите од кои секој ќе може да си собере бесплатно пиперки и патлиџани... :toe:

Идентитет и култура се докажуваат и потврдуваат и со споменици, и со трудови, енциклопедии, археологија...:smir:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Но и за тие трудови и археолошки ископувања дежурните мрчатори на форумов ќе ти речат дека сега не е вистинско време за тоа, дека за џабе се трошат народни пари, дека наместо да ископуваат коски и антички саксии треба да се градат фабрики и бавчи на плоштадите од кои секој ќе може да си собере бесплатно пиперки и патлиџани... :toe:

Идентитет и култура се докажуваат и потврдуваат и со споменици, и со трудови, енциклопедии, археологија...:smir:
ама и тоа се прави ...
од се по нешто се прави ...
ако се ориентираме според мрчаторите треба ништо да не се прави само социјала да се храни ... и онака како паразити ќе бидеме ... :toe:
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
ама и тоа се прави ...
од се по нешто се прави ...
ако се ориентираме според мрчаторите треба ништо да не се прави само социјала да се храни ... и онака како паразити ќе бидеме ... :toe:
Па тоа и ми е муабетот...
Ако ја пратиме таа логика, тогаш Лорд Драгон, а и неколку мои пријатели археолози никогаш не би требало да се вработат т.е факултетот за историја и археологија, македонскиот народен театар, филхармонијата, балетот би требало да се укинат, бидејќи нели, има гладен народ, а државата фрла пари од буџетот за плати на некакви си уметници и археолози.

И тоа би требало да биде така се додека не дојдат некои "подобри" времиња во кои секој би бил вработен, богат и сит, и притоа парите кои државата никако нема да може да ги потроши или партијата на власт да ги украде, конечно би се инвестирале во култура. :toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom