- Член од
- 20 јуни 2007
- Мислења
- 287
- Поени од реакции
- 0
Груевски најави инвестиции од 40 милиони евра во здравството
Ќе се купи најсовремена медицинска опрема за рано откривање болести и ќе се скрати времето на чекање за преглед
Во повеќе од 40 болници и клиники до крајот на годинава ќе почне испораката на нова најмодерна медицинска опрема за дијагностика и лекување, најави вчера премиерот Никола Груевски. Владата вчера донесе одлука за купување на оваа опрема, со која се планира во македонското здравство да се инвестираат 40 милиони евра, од кои 10 милиони евра се од државниот буџет и 30 од здравствената каса.
Тендерот за набавка на опремата ќе биде распишан до крајот на месецов и со него ќе се купи опрема која е најсовремена и им е најнеопходна на здравствените установи, за што биле консултирани директорите. Оваа инвестиција, изјави премиерот Груевски, била петпати поголема отколку што се инвестирало изминатите 17 години во македонското здравство.
На листата за набавка се наоѓа најсовремена медицинска технологија за најрано откривање на карциномот, апарат за коронарографија без катетри, врвен ултразвучен четиридимензионален ехоапарат, а се планира комплетно да се обнови опремата во операционите сали во Македонија со можност за воведување повремени хируршки интервенции.
Со оваа инвестиција, смета Груевски, ќе се овозможи рамномерен регионален здравствен развој и доближување на новата медицинска технологија до сите граѓани, за што посебно се внимавало во опремување на регионалните болници.
Со купувањето на новата опрема ќе се подобри здравствената услуга и дијагностика и побрзо и попрецизно ќе се откриваат заболувањата, а, како што појасни министерот за здравство, Имер Селмани, ќе се овозможи лекување со неинвазивни современи методи и ќе се скрати времето на чекање за преглед. Ќе може да се прават десетпати повеќе прегледи на магнетна резонанца, зашто, место еден, ќе има пет вакви апарати, вели Селмани. Прегледите на компјутерска томографија ќе се зголемат за стопати.
Купувањето на новата опрема доаѓа во услови кога на Хируршките клиники и другите немаат основен потрошен медицински материјал, па пациентите го купуваат. Министерот Селмани смета дека тоа ќе биде надминато со трансформацијата на Клинички центар, со што директорите ќе работат поодговорно и подомаќински. (Ј.Ј.)
100% го поздравувам секој еден денар што ќе се потроши за набавка на опрема во јавно здравство и се надевам дека и ќе биде така.
Но еден детаљ никако не можам да го разберам. Доколку таа навистина се оствари во потполност и се купат CT апарати, МР апарати итн, тоа можеше да го соопшти Имер или Грујо или еве двајцата.
Во кое својство е доведен тука шефот на полиција, шефот на информатика или заменик министер за одбрана!? во Владата и уште 10-тина други. Па тие министри Грујо ги влече од работните места на кои наводно седат по 20 саати, некои министерства се пар километри од владата и тие мора како попчиња да трчаат во ЦЕКА за да се сликаат со Грујо. На пример министерство за економија е во Капиштец, и голема глупост е поради личните фикции на премиерот да мора да галопира до ЦЕКА Вера the economist за да се слика со Грујо.