Нова рецесија?

  • Креатор на темата Креатор на темата branegj
  • Време на започнување Време на започнување
Јас пак играм вака: Интернет заработките ми пристигнуваат во долари. Со банката се договорив се како што ми стигаат од приливи да ми ги чуваат во оригиналната валута (значи USD). По одредени периоди кога ќе се потсобере поголема сума и кога ќе потпорасне доларот јас физички ги земам доларите од банка (бидејќи банките имаат прилично низок курс) и ги конвертирам во локална менувачница, каде веќе човекот ме научи и секогаш ми дава специјален курс за мене, за нијанса повисок од нормалниот (во зависност од висината на сумата).
Паметно, но ова со доларов нема да треа вечно само за време на ова `рецесијава` е. После ќе падне доларот или ќе го бутнат со печатење пари зошто САД на долг рок е решен да има слаб долар.
 
И денеска берзите продолжија со падот, значи ниту потезите на Меркел т.е. германскиот парламент, од вчера, не носат оптимизам.

Од јули до сега Германската берза изгуби 25% од вредноста.

Али Меркел вака им возврати
 
Паметно, но ова со доларов нема да треа вечно само за време на ова `рецесијава` е. После ќе падне доларот или ќе го бутнат со печатење пари зошто САД на долг рок е решен да има слаб долар.

Да, да, затоа почнува да ме фаќа паника и гледам некако да фатам еден процент и европски клиенти за да правам комбинации и со евра. Барем тие би можел да си ги ставам на отворено девизно штедење (или како и и да се викаше тоа). Колку-толку некоја фиксна каматичка, а не спекулации и стресови со ова доларов.
 
Машала! Ама ‘лупнало‘ златото!? За помалку од месец од 1950 на 1650!? Ситно! 15% за толку крааток период!..... ЛУДИЛО! Кој може да предвиди и да биде сигурен дека неможе да оди и на 1450 за унца да речеме, откако оваа танчерка на плажа (Меркел) донекаде ја среди ситуацијата со кризата во Еврозоната!?
Не ми се верува! Таа ли е танчерката? Или е некоја двојничка нејзина!?
 
Ништо не е вечно сигурен сум дека за неколку години ако продолжат САД да го слабеат доларот златото да се претвори во еден огромен балон нешто како дот ком меурот или со недвижностите е тогаш ќе се надуе лудо и ќе прсне и ќе паѓа како лудо.Најверојано ако САД стави повисоки камати и златото ќе биде печено. Затоа позам многу на каматните стапки и инфлацијата во САД. Ништо не е вечно затоа треба да се вртат парите и да се има диверсифицирано портфолио. Ако не сакаш да се замараш со следне на макроекономија и берзи имаш штедење во банка. Што е најдобра опција за највеќето граѓани. На Алхемичар му смета што се движи доларот а, е најсигурна инвестиција во моментов. Не за секого инвестирање и играње со парите.
Инаку во 2008 златот падна 30% така да може и сега уште да оди надолу. Ама ова е се привремно кога ќе се среди ова со рецесија и можната дефлација златото пак ќе почне да расте.
 
дефинитинвно диверсифицирано портфолио - тоа е клучот! Ако ништо друго барем да се заштитиме од годишната инфлација во најмала рака.
 
Да, да.... диверзификација на портфолио! Така и од инвестициските фондови на Илирика ми рекоа (веројатно е така и со КД Фондови и останатите) затоа се нивните удели за година дена во минус од 15-20%!!! Затоа што ептен ‘‘диверзифицираат‘‘.... а ‘као‘ вложуваат во растечки пазари БРИК (Бразил Русија Индија и Кина).... кои BTW отстваруваа со години раст на GDP-то од 8-11%!!! Берзата наша... и таа е потоната со пад на индексот МБИ од 15-тина проценти годинава.... а тоне знаеме со години! Еве златото и средбото ‘плеснале‘ саглам! Некој спомна тука дека и Германската берза за месец два во минус од 20%.... да ти кажам од овие причини последниве години, ама воопшто несакам да се замарам со макроекономија, берзи, инвестициски фондови, злато, сребро, Долар, Фунта.... и слични други стања како што е Форекс, Хеџ-фондови.... јас не кријам дека парите ми се во банка со камата.... и дека со штедење парите ги дуплирав за 8 години! Е сега не велам дека не се обезвреднети Еврата, но сепак не се 50% да бидеме реални!!! Тоа на секого му е јасно! Кога ќе ги погледнам сите оние ‘потопи‘ што ги наведов погоре ... би заклучил дека единствено златото е подобра инвестиција! Но кога ќе се пресметаат 18% ДДВ и 4-6% провизија.... треба да чекаш пораст од 24-5% на племенитиот метал да си дојдеш на свое! Во хартии, цертификати, признаници.... не верувам! На хартија Папите во средниот век за одредена пара - златници пишувале индулгенции - сигурна карта за во рајот (влезница демек потпишана од некој Папа)....верувам само во жолтиот сјај на металот, па да го гризнеш со заби како во америчките филмови! Наполеандери некој рече погоре.... а цертификатите ми се чини еден ден ке направат бооооом!
 
Добро кога спомнав "диверсифицирано портфолио" помислив на мое лично диверсифицирано портфолио, а не диверзификација како што прават одредени институции. Можеби не сум навлезен многу во финансискава терминологија, но, лаички кажано мислев... куќичка на село, парички во банка, евентуално некое реално/физичко златце/сребренце или.... ако размислуваме најапокалиптички, семиња за овошје и зеленчук :)
 
Да, да.... диверзификација на портфолио! Така и од инвестициските фондови на Илирика ми рекоа (веројатно е така и со КД Фондови и останатите) затоа се нивните удели за година дена во минус од 15-20%!!! Затоа што ептен ‘‘диверзифицираат‘‘.... а ‘као‘ вложуваат во растечки пазари БРИК (Бразил Русија Индија и Кина).... кои BTW отстваруваа со години раст на GDP-то од 8-11%!!! Берзата наша... и таа е потоната со пад на индексот МБИ од 15-тина проценти годинава.... а тоне знаеме со години! Еве златото и средбото ‘плеснале‘ саглам! Некој спомна тука дека и Германската берза за месец два во минус од 20%.... да ти кажам од овие причини последниве години, ама воопшто несакам да се замарам со макроекономија, берзи, инвестициски фондови, злато, сребро, Долар, Фунта.... и слични други стања како што е Форекс, Хеџ-фондови.... јас не кријам дека парите ми се во банка со камата.... и дека со штедење парите ги дуплирав за 8 години! Е сега не велам дека не се обезвреднети Еврата, но сепак не се 50% да бидеме реални!!! Тоа на секого му е јасно! Кога ќе ги погледнам сите оние ‘потопи‘ што ги наведов погоре ... би заклучил дека единствено златото е подобра инвестиција! Но кога ќе се пресметаат 18% ДДВ и 4-6% провизија.... треба да чекаш пораст од 24-5% на племенитиот метал да си дојдеш на свое! Во хартии, цертификати, признаници.... не верувам! На хартија Папите во средниот век за одредена пара - златници пишувале индулгенции - сигурна карта за во рајот (влезница демек потпишана од некој Папа)....верувам само во жолтиот сјај на металот, па да го гризнеш со заби како во америчките филмови! Наполеандери некој рече погоре.... а цертификатите ми се чини еден ден ке направат бооооом!

И штедење е добро Позитивно е :
1. Немора да се замараш за ништо
2. Имаш гарантиран приход.
3. Неможе во минус да одиш
Негативно е што
1. Приходот е мал макс 9% годишно со други методи можеш лесно да го надминеш
2. Треба да чекаш 2 години или на колку си ги орочил. А со друг начин можеш веднаш да си го земеш добиеното.
 
Немораш да чекаш 2 години! Во Еуростандард банка ти е практично целиот износ на располагање до 30,000 денари. Значи ако имаш орочено 100К, ти можеш да ги извадиш сите пари во 24 часа, поред тоа што ти се орочени на 24 месеци.... се до 500 Евра кои остануваат до крајот на орочувањето.... значи 99,5К на располагање во секое време, за солидни 9,4% годишна камата.... Не сум баш многу убеден во другите методи дека се по-профитабилни.... Па и со златото и среброто видовме дека може лесно да се ќари но исто така лесно да се наебе! Не сум баш убеден дека има некој ‘‘ташаклија‘‘ во Македонија што почнал да тргува со златото пред 7-8 години кога беше 400-500 Долари унцата, за да сега може денес да каже дека поштено ќарил кога е 1620.... Сите, или ајде 99% на Балканиве почнава да тргуваат кога цената на златото беше 1200-1300 Долари/унца....така да не гледам ни тука спектакуларни резултати!
 
Солидни 9,4% годишна камата? Хммм, па тоа е привлечно. Како тоа? Обично другиве банки даваат многу пониска камата! o_O
 
Во Август кога го намалија кредитниот рејтинг на САД златото рипна на 1950 долари унца.
Не можев да најдам податок на интернет за ова, па решив тука да те прашам, оти си малку позапознаен од нас обичните смртници по овие тематики:
- Имено, добив информација дена нашиот кредитен рејтинг бил намален многу, дури последниот кредит од ММФ (IMF) бил одобрен со 8% камата на годишно ниво. Колку е ова точно?
 
Солидни 9,4% годишна камата? Хммм, па тоа е привлечно. Како тоа? Обично другиве банки даваат многу пониска камата! o_O
http://www.eurostandard.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=53&Itemid=38&lang=mk
Да, другиве банки се со ‘‘ТАПА‘‘ услови, те. камати!
Eurostandard Banka, пакетот ‘‘Денар плус‘‘.... е сега условот е милион Ден (појче од 16К Еврони) иако и за помели суми каматата не е лоша! (од 8,8 - 9,2).... орочени на две години, но тоа не значи ништо! ПОВТОРУВАМ: Практично вадиш и ставаш колку сакаш - те како реков до 500 Евра (30,000 во Денари), кои мора да одлежат до крајот на рочноста, што за мене е ама баш ништо особено. Многу добри услови од Трипуна, фер услови и добра камата!
Да напоменам и тоа: Осигурани во државниот фонд со 100% исплата до 30,000 Евра во случај банката да банкротира! .... Е сега, ако ни банкротира и државава, тогаш Господ голем на помош нека ни е! Да се надеваме дека нема!?
 
Не можев да најдам податок на интернет за ова, па решив тука да те прашам, оти си малку позапознаен од нас обичните смртници по овие тематики:
- Имено, добив информација дена нашиот кредитен рејтинг бил намален многу, дури последниот кредит од ММФ (IMF) бил одобрен со 8% камата на годишно ниво. Колку е ова точно?
Кредитниот рејтинг на САД беше намален од ААА (највиско можно ниво) во АА+ (второ највиско ниво) значи намален не е многу туку минимално за 1 степен и тоа само од една од трите агенции за оценување на кредитен рејтинг. Инаку камата на државни обврзници на САД 10-годишни е 2% така да негледам логика САД да зема кредит од ММФ со 8% камата. Колку што знам САД нема земено кредит од ММФ.
 
Кредитниот рејтинг на САД беше намален од ААА (највиско можно ниво) во АА+ (второ највиско ниво)
Те прашав за Македонија, не за САД
Не можев да најдам податок на интернет за ова, па решив тука да те прашам, оти си малку позапознаен од нас обичните смртници по овие тематики:
- Имено, добив информација дена нашиот кредитен рејтинг бил намален многу, дури последниот кредит од ММФ (IMF) бил одобрен со 8% камата на годишно ниво. Колку е ова точно?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom