Уште еден удар по џебот на граѓаните. Цените на мало во август во однос на јули минатата година бележат раст од 3,8 отсто, а трошоците за живот од 3,6 проценти, според последните податоци на Државниот завод за статистика. Поскапени се јајцата, рибата, преработките од месо, а има зголемени цени и кај нафтените деривати и централното греење. Владата најави дека ќе мора да го либерализира енергетскиот пазар, што може да резултира со зголемување и на сметките за струја.
Граѓаните велат дека одвај врзуваат крај со крај, бидејќи платите се мали и гледаат само некако да го преживеат месецот, но трошоците за задоволување на потребите се се поголеми.
„Денеска една цена, утре друга. Шест илјади денари пензија или плата итн.“
„На своја кожа тоа си го чувстуваме и сите тоа го коментираат.“
„Илјада денари ќе раситниме, три-четири артикли и толку. Ни заостануваат сметки, со опомени, со камати, многу тешко.“
„Едвај се преживува, пензијата е ниска, едвај, на шкрги. Знаеш што е тоа? Ете така на шкрги.“
Целиот текст
http://www.makdenes.org/content/article/24349658.html
Можно поскапување на струјата од 1 јануари
Се подготвува ново поскапување на струјата. Трите енергетски компании, австриската ЕВН, како и државните ЕЛЕМ и МЕПСО веќе работат на барањата за утврдување на максимален приход и цена на електричната енергија. Пресметките ќе ги достават до Регулаторната комисија за енергетијка до крајот на месецов. Доколку регулаторите им признаат зголемени трошоци во работењето тогаш поскапувањето на струјата ќе важи од први јануари догодина. Засега нема навестување колкав би бил процентот на зголемување на цената. Се ќе зависело од барањата на компаниите на кои се уште се работи и допрва ќе треба се анализираат од Регулаторната комисија.
ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО потврдија дека прават пресметки за утврдување на максимален приход и цена на струјата и дека до крајот на месецот ќе ги достават до регулаторите.
Последното поскапување на струјата беше во март годинава кога сметките се зголемија за 5.5 проценти.
За експертската јавност, цената на струјата допрва ќе расте, бидејќи домашните ресурси за производство се при крај, а неопходни се нови инвестиции во енергетиката.
http://www.time.mk/read/NONE/57da837418/index.html