Нова рецесија?

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Ова што го кажа типов го гледам како вест на повеќето советници за инвестиции, и тоа уште од средината на август.

Ништо не е лага, и многу други тоа го потврдуваат.

Можат сега да го дискредитираат колку сакаат, но тоа има само една цел, да го запрат пропаѓањето на еврозоната.
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
Добро, како и да е, главната цел е.... во што ли да штедиме??? Валути, реални ресурси, акции, недвижнини...? Веќе ништо не ми делува сигурно! Или за секој случај подели си ја заштедата на разни видови штедења па чекај outcome. Things for the worst, hope for the best е работава.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
И денеска берзите продолжија со падот, значи ниту потезите на Меркел т.е. германскиот парламент, од вчера, не носат оптимизам.

Од јули до сега Германската берза изгуби 25% од вредноста.
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
Јас едно време си играв со доларот, ќе сменев кога ќе подрипнеше па ќе заработев како за 4-5 пијачки, а сеа кога највеќе порасна немам веќе долари. Изгубив надеж дека ќе порасне вака наеднаш :( Очигледно многу варијабли и анализи и поврзувања на истите се во прашање за да правилно се спекулира вредноста на одредена валута.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Добро, како и да е, главната цел е.... во што ли да штедиме??? Валути, реални ресурси, акции, недвижнини...? Веќе ништо не ми делува сигурно! Или за секој случај подели си ја заштедата на разни видови штедења па чекај outcome. Things for the worst, hope for the best е работава.
....во ништо бе......заработувај и троши ......со еден збор ЖИВЕЈ..., и не губи време ..тоа нешто се случува само еднаш и никад више во вечноста!!!!;)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Јас едно време си играв со доларот, ќе сменев кога ќе подрипнеше па ќе заработев како за 4-5 пијачки, а сеа кога највеќе порасна немам веќе долари. Изгубив надеж дека ќе порасне вака наеднаш :( Очигледно многу варијабли и анализи и поврзувања на истите се во прашање за да правилно се спекулира вредноста на одредена валута.
Ке штедиш во злато или во земја.
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
Во земја веќе почнав :D А за злато... преголем залак е тоа за мене. А што е со онаа компанијата КБ Капитал? Нели таа посредуваше за да можеш како физичко лице да си купиш злато/сребро? Се викам да се распрашам (чисто од радозналост), но не ми дошло на дневен ред тоа.
 
НЕ НЕ НЕ Такво злато НАПУЛЕОНИ дете НАПУЛЕОНИ или Бојлони да си купиш заеби агенции,башка за наполеоните не ти треба голема инвестиција,а пари вредат баш онолку колку што се тешки,и ке си бараш исклучиво француски немој да те заебат со Австрискине да ти ги подметнат како наполеони ( пошо од 60 до 70 % се сребро или друг метал ) па не вредат многу.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Во земја веќе почнав :D А за злато... преголем залак е тоа за мене. А што е со онаа компанијата КБ Капитал? Нели таа посредуваше за да можеш како физичко лице да си купиш злато/сребро? Се викам да се распрашам (чисто од радозналост), но не ми дошло на дневен ред тоа.
http://biznis24.com.mk/node/14374
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Пазате ако купувате физичко злато. Може да има прозивија доста голема и за купување и за продавање на злато. Јас имам златни сертификати од злато во Лондон. Провизјата е ниска окулу 1-2% и немора да се пазиш од крадци итн. Јас би советувал сертификати Злато и сребро. Среброто е поризично од златото но може повеќе да се заработи ама треба да се следи. Во моментов металите се паднати може и уште малку да паднат додека трае фркава со Грција. Ама после ќе растураат. Така да добра шанса е сега да се купи ефтино сребро и злато.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
RECESIJA
vo sto da se stedi ili kade da se vlozuva???
imame li strucni lica
jas ulozuvam vo kapital zemja imot
e sega dali vredi ke vidime
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Пазате ако купувате физичко злато. Може да има прозивија доста голема и за купување и за продавање на злато. Јас имам златни сертификати од злато во Лондон. Провизјата е ниска окулу 1-2% и немора да се пазиш од крадци итн. Јас би советувал сертификати Злато и сребро. Среброто е поризично од златото но може повеќе да се заработи ама треба да се следи. Во моментов металите се паднати може и уште малку да паднат додека трае фркава со Грција. Ама после ќе растураат. Така да добра шанса е сега да се купи ефтино сребро и злато.
Steus, мене ми се чини дека златото и среброто паднава летниов период, така барем слушнав, затоа што падна побарувачката во Индија - најголемиот потрошувач на злато и сребро (летно време не правеле свадби)....а не поради фрката во Грција или некои други ЕУ земји кои кубурат со презадолжување. Сосема обратно е, оваа причина како и слабиот Долар за растот на племенитите метаали, а стабилизација на Доларот и решавање на должничката криза во некои држави на ЕУ можат да придонесат за пад или минимален раст на златото и среброто.... Ако не се лажам цените на племенитите почнава да дивеат 3-4 години наназад почнувајки со кризата од 2008-ма од кога златото поскапува по 20-30% годишно!
Втора работа ги читаше ли постовите на Томи (Томсасо) за тоа дали треба да се купува физичко злато или цертификати!? Тој изнесе теза дека (фјучерси ли се тоа) сертификати за поседување на злато имало барем 50% повеќе отколку што светов има физичко злато дури и повеќе од предвидените резерви на злато!? Што мислиш за тоа? Побарај ги неговите пишувања на таа тема.... Да не испадне боооооом на балонот наречен: ‘‘злато на хартија, признаница‘‘ (сертификат).... Како да се купи физичко злато. без да се плати данок од 18% и високи провизии на посредникот 3-4% !? Колку е сега златото? 1600-1700 унцата? (Не следам)..... BTW кога веќе спомнав, каде ни е Томсасо? Се изгуби сосема! Се врати ли тој од Америка? Знае ли некој? Томи јави се.... и спасувај не....ВО ШТО ДА ВЛОЖУВАМЕ!? Физичко злато, сребро, платина?....акции во рудници кои експлоатираат племенити метали.... кинеска валута..... недвижнина овдека (како што вели Корка).... можеби недвижнина во Албанија, Бугарија на море!?... Евтини акции на нашава берза - Како што вика Христијан Стојчевски од КБ Публикум инвест (слично како Стефус): добра шанса да се купи евтино! ;) Само што овој секој петок на вестите на Алфа го повторува истото со недели, со месеци!
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Steus, мене ми се чини дека златото и среброто паднава летниов период, така барем слушнав, затоа што падна побарувачката во Индија - најголемиот потрошувач на злато и сребро (летно време не правеле свадби)....а не поради фрката во Грција или некои други ЕУ земји кои кубурат со презадолжување. Сосема обратно е, оваа причина како и слабиот Долар за растот на племенитите метаали, а стабилизација на Доларот и решавање на должничката криза во некои држави на ЕУ можат да придонесат за пад или минимален раст на златото и среброто.... Ако не се лажам цените на племенитите почнава да дивеат 3-4 години наназад почнувајки со кризата од 2008-ма од кога златото поскапува по 20-30% годишно!
Втора работа ги читаше ли постовите на Томи (Томсасо) за тоа дали треба да се купува физичко злато или цертификати!? Тој изнесе теза дека (фјучерси ли се тоа) сертификати за поседување на злато имало барем 50% повеќе отколку што светов има физичко злато дури и повеќе од предвидените резерви на злато!? Што мислиш за тоа? Побарај ги неговите пишувања на таа тема.... Да не испадне боооооом на балонот наречен: ‘‘злато на хартија, признаница‘‘ (сертификат).... Како да се купи физичко злато. без да се плати данок од 18% и високи провизии на посредникот 3-4% !? Колку е сега златото? 1600-1700 унцата? (Не следам)..... BTW кога веќе спомнав, каде ни е Томсасо? Се изгуби сосема! Се врати ли тој од Америка? Знае ли некој? Томи јави се.... и спасувај не....ВО ШТО ДА ВЛОЖУВАМЕ!? Физичко злато, сребро, платина?....акции во рудници кои експлоатираат племенити метали.... кинеска валута..... недвижнина овдека (како што вели Корка).... можеби недвижнина во Албанија, Бугарија на море!?... Евтини акции на нашава берза - Како што вика Христијан Стојчевски (слично како Стефус): добра шанса да се купи евтино! ;) Само што овој секој петок на вестите на Алфа го повторува истото со недели, со месеци!
Во Август кога го намалија кредитниот рејтинг на САД златото рипна на 1950 долари унца. Имаше страв кај инвестиорите во обврзници на САД и дел од парите избегаа во злато. Среброто помалку скокна бидејќи е индустирски метал делумно а индустијата и стоките за индустриско производство падна. Сега и златот и среброто се паднати на 1650 долари унаца злато и окулу 30 долари унца сребро. Инаку има некој сезонски флуктуации благородните метали ама тие се слаби има други фактори кој се појаки.
Инаку кредитнот рејтинг на САД е намален од само една агенција за оценување на рејтинг од другите две е на највиско ниво. Но, најбитното што треба да се знае е дека во послените рецесии и кризии 2008 например Доларот беше цар се падна само долар скокна просто кажано одговор на прашањето Што треба да се прави во рецесија? е јасено се е за продавање а се купуваат само Долари Златото и среброт се добри на долг рок може и МК акции и тие се ефтини но, ништо нема да расте сега Јас го продадов среброто кога беше 40 долари унаца и си купив долари кој се рипнати на 1.33 евра од 1.45 евра.
Да не завлегувам во многу филозофии и зошто е тоа така рецесија посебно оваа кој е со кредитна криза во европа има само еден одговор ДОЛАРИ УСД. Сега само американски долари ништо друго не ве спасува.
П.С. Инаку Томасасо мислеше на акции од златни фондови ETF (exchange trade fonds) тие имаат поголема вредност од златото кое го поседуваат и се малку ризична работа а не златни сертификати тие се друга приказна.
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
Јас пак играм вака: Интернет заработките ми пристигнуваат во долари. Со банката се договорив се како што ми стигаат од приливи да ми ги чуваат во оригиналната валута (значи USD). По одредени периоди кога ќе се потсобере поголема сума и кога ќе потпорасне доларот јас физички ги земам доларите од банка (бидејќи банките имаат прилично низок курс) и ги конвертирам во локална менувачница, каде веќе човекот ме научи и секогаш ми дава специјален курс за мене, за нијанса повисок од нормалниот (во зависност од висината на сумата).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom