Нова агенција за вработување во странство "FSM" (ИЗМАМА!)

  • Креатор на темата Креатор на темата prophet
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ке ја отворите странава на фирмата и кога ке кликнете на "компании" ке ви се отвори страна со логоа од 100+ компании (ко божем со нив соработуваат), што е сумљиво. Нема шанси една почетничка фирма да има склучено договори за соработка и посредство за вработување со 100+ компании кои воедно се и светски брендови, нема шанси.
 
Сајт со глоси икони во хедерот?
Тури и пепел на "фирмава"...
 
Има некој поднесено кривична против оваа агенција? барав по сајтови ништо не сретнав за нивната злоупотреба..
 
Лажна агенција за вработување во странство измами 20 тина охриѓани. „Future step market“ во Охрид постоеше само еден месец. Сопственикот Јоханез Китшке од Германија наплатуваше од 450 до 500 евра за обезбедување виза и работа во Швајцарија, Германија и Австрија.

Но наместо ветената работа и подобар живот охриѓани кои бараа излез од сиромаштијата станаа уште посиромашни, а германскиот бизнисмен исчезна со парите.

Китшке во Охрид отвори фирма без да има работна виза. Имаше дуќан во центар и тројца вработени: Се рекламираше на бил борди, по локалните медиуми но и јавно даваше изјави гарантирајќи сигурна работа со месечни примања над 2000 евра.

– Ја основав агенцијата во 2005 и бев првиот кој посредуваше на пронаоѓање работа преку интернет, затоа што животниот стандард во земјите со германско јазично подрачје е поголем има поубава плата поубави услови. Интересот кај Македонците е доста голем, велеше Јоханез Китшке, Германец кој направи измама во Охррид.

На мамецот загризија дваесетина луѓе. Главно работна класа, градежници, бравари, швајцери и возачи. Тажна е приказната за
двајца млади вереници кои својата заштеда за меден месец ја вложија во агенцијата за подобар живот во странство.

За да изгледа поуверливо германскиот бизнисмен за уплатените пари издавал фалсификувани договори заверени кај нотар.

- По договорот 380 евра ќе им биле вратени на заинтересираните кандидати ако не успее процесот за обезбедување виза, а 120 ќе бидат задржани како покритие за направените трошоци по амбасади, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Денес агенцијата е празна- не постои. Измамата се откри во средината на јули кога Китшке избега со 10.000 евра.

Сиромашниот верува во се, велат вработените кои сакаа да останат анонимни. Огромен бил интересот за работа во странство.

Неофицијално истата измама Китшке пред неколку години ја направил и во Бугарија. Лажниот бизнисмен заработи кривична пријава за измама и по него трага полицијата.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=96437
 
После 2-3 месеци откако ќе ги потроши парите пак ќе дојде,ама во друг град,со друго име и презиме!
 
После 2-3 месеци откако ќе ги потроши парите пак ќе дојде,ама во друг град,со друго име и презиме!
Да,ама првин сигурно ќе намине до Косово и Босна по нови жртви.

Сигурно Јоханес Китшке му е правилно име?
Кој да знајт.Се е можно.Ми теквит на агенцијава кај Карадак зградана стара автобуска.Долу пикната со реклама надвор за работа во Швајцарија,Германија,Австрија.Си викам во мене,абе да се пријавам...
Ете нерешителноста ми заштеди 500 евра. :)
 
:pos: Не бе ,не еднаш 1000 пати имам напишано овој народ кој како сака може да го дупи и да го заебе, само да се облече во малку поскапи алишта и сами ке го молат да му ги дадат парите :pos:
А кога ке размислам подобро АКО ИМ Е НА ОХРИЈЏАНИ
 
зарем постои некој на овој свет што може да им земе пари на Ориџани?:pos::pos:
 
Да,ама првин сигурно ќе намине до Косово и Босна по нови жртви.

Кој да знајт.Се е можно.Ми теквит на агенцијава кај Карадак зградана стара автобуска.Долу пикната со реклама надвор за работа во Швајцарија,Германија,Австрија.Си викам во мене,абе да се пријавам...
Ете нерешителноста ми заштеди 500 евра. :)
И во Скопје-Мавровка влезот за алсат телевизија имаше натпис дека даваат работни визи за Германија.Кој знае дали е истиот или друг преварант
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom