Носачи на авиони

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Најновиот десети и последен суперносач од класата Нимиц -- George H.W. Bush -- влезе во употреба точно пред месец дена. Ќе носи 90 авиони и хелихоптери, а на бродот ќе служат 5500 лица.

Достигнува брзина 30 чворови кои се постигнуваат преку 2 Westinghouse нуклеарни реактори со јачина од 260.000 коњски сили.

DCS06-627-25.jpg



:helou:
 
Ај и јас да надополнам нешто.

-Како што пиша погоре брзина 20 чвора

-Два нуклеарни реактори кои му озвозможуваат да патува 20 години без да наполни гориво.

-Се очекува да работи односно оперира 50 години.

-Височина 20 ката должина колку емаер стејт зградата околу 300 и кусур метри.

-4 пропелери секој голем 21 стапка односно 7 метри и тежи 20 тона

Инаку за разлика од предходниците негови бродот има модеренизирана кула(остров како што ја викаат) во која се ставени најнови радарски комуникациски и навигациски системи. Подобра опрема за лансирање и слетување на авионите како што е катапултот и сајлите за сопирање. Нов систем за полнење гориво за да се спречат несреќи како што се случувале порано. Дури и на еколошка смисла го направиле подобар.

 
леле ова изгледа феноменално...толку иам да кажам:vozbud:
 
Јас имав можност во живо да видам носач на авиони ама не од нимиц класата туку од помалите што се на гасни турбини, чинам по бројот го проверив подоцна и мислам дека стануваше збор за носачот под име „Кенеди“
Можноста да го видам бешеш во заливот на Мармарис, Турција едно два три месеци пред да започне последната кампања врз ирак со која се сруши режимот на садам хусеин.
 
Уживанција е да се гледа таква машина а посебно ме импресионира екипажот...Страшна организација.Како беа само знам црвените маички беа оружари,љиљаковите гориво,жолтите регулираа движење и лансирање,сините и зелените не ми текнува УПМ а имаше и кафени чинам....

ПС Би частел шлепер пиво за една маичка Air Boss или Deck Boss ......
 
Heidrich: имаш маичка од мене! :helou:

Единаесет активни носачи на авиони на Американската морнарица во 2008 год.:

класа Кити Хок (Kitty Hawk):

1. Kitty Hawk (CV-63)


Класа Ентерпрајз (Enterprise):

1. Enterprise (CVN-65)


Класа Нимиц:

1. Nimitz (CVN-68)
2. Dwight D. Eisenhower (CVN-69)
3. Carl Vinson (CVN-70)
4. Theodore Roosevelt (CVN-71)
5. Abraham Lincoln (CVN-72)
6. George Washington (CVN-73)
7. John C. Stennis (CVN-74)
8. Harry S. Truman (CVN-75)
9. Ronald Reagan (CVN-76)


Новини:

1. Многу наскоро оваа година Кити Хок ќе замине во “пензија’’.

2. Новиот носач George H. W. Bush (CVN-77) влегува во употреба.

3. Во 2015 година, нов суперносач ќе влезе во употреба од класата Gerald Ford, плус два додатни во 2019 и 2023 година. Последниве се спремаат да бида чуда на модерната бродоградба, електроника и инжењерство.

Новиве машини се прекрасни од гледна точка на новитети, инжињерство, итн., а исклучително тешко и комплицирано е да се состават и да се управуваат. Единствено ми е криво и жал што доаѓаат многу лоши времиња.


Носачот “Честер Нимиц’’

800px-USS_Nimitz_in_Victoria_Canada_036.jpg
 
Абе ај што се супермашини што имаат големини колку една зграда, тежат не знам колку илјадници тона многу респект им давам на целиот екипаж во тие бродови па не мора ни да се носачи на авиони било какви. Работат подобро и од шфајцарски часовник. Како што кажа некој погоре со маички се распределени и секој знае кај му е местото. Сите работат прецизно поради тоа што опасна е таа работа и има многу опасности. Да додадам уште еден факт ова од Нешнал Географик телевизија некои од информацииве ќе ги извадам зошто баш и таму има документарни емисии баш за носачиве е тоа што екипажот спие токму под пистите во тие малечки просторчиња, а постојано доозгора се слушаат лупања од слетувањето на авионите како и катапултите кои ги лансираат авионите, исто така да не се изостави начинот на живот таму. ЗА 15 минути треба да изедат се што ќе си земат и да идат одма на работа. Но сепак е изненадувачко тоа што тие си имаат и соби за разонода од стил на Сониплејстејшн и некои такви конзоли. Значи покрај таквата напорна работа луѓено пак имаат време и за други активности. Стварно треба да се спушти капа и на градителите на носачот ама и на екипажот.
 
ЗА 15 минути треба да изедат се што ќе си земат и да идат одма на работа. ...

Служат 18.000 оброци на ден! Носачот Буш (не знам зошто го крстиле така, без врска е името) може да се служи толку храна цели 90 дена без да биде додатно снабден.

На екипажот им е интересно иако нивната работа е многу опасна, барем на тие што се на палубата.

Но поентата е дека е посебно тешко е да се изгради еден ваков брод и да се управува со него за се’ да биде како што треба. СССР/Русија се обиде, но има само еден носач, иако сега се обидуваат да изградат уште неколку.
 
А да имавме и ние еден ваков!Ме интересираат информации кој други држави имаат јака морнарица?
 
А да имавме и ние еден ваков!Ме интересираат информации кој други држави имаат јака морнарица?

Што ќе ни е нас?Ќе се возиме напред-назад на Црни Дрим?Инаку за Nimitz, даваат деновиве серија документарци на National Geographic.Стварно е убаво да гледаш, колку убаво и големо здание е и сето тоа што го има на него.
 
1. Многу наскоро оваа година Кити Хок ќе замине во “пензија’’.
А имаше една информација дека им го понудиле на Индијциве Кити хок и тоа како подарок!Нели со ова Викрамадитја што требаше да го земат од Русија им побараа прво 800 милиони за сега уште 2 милијарди плус.Ако пропадне таа здела најверојатно ке оди Кити за Индија ама автоматски со тоа сигурно ке следи и набавка на Хорнети за Индиската морнарица.

Што ќе ни е нас?Ќе се возиме напред-назад на Црни Дрим?Инаку за Nimitz, даваат деновиве серија документарци на National Geographic.Стварно е убаво да гледаш, колку убаво и големо здание е и сето тоа што го има на него.
Да супер серија е.ПО сценарио на Мел Гибсон.Е баш таму можете да видите убаво екипажот горе на палубата како работи.УПМ симфонија.Тешко дека некој друг има таква организација барем што се однесува до носачите.
 
Импресивно :vozbud:

Ме интересирале бродови и сум читал ама сепак ова со носачиве е ново за мене, едноставно е импресивно, која само технологија ја има :)
 
А да имавме и ние еден ваков!Ме интересираат информации кој други држави имаат јака морнарица?

Хаха да де во Охридско ќе го ставиме. Од што е тежок целото езеро ќе прелее ќе поплави се. :pos: Хахах чини дупло повеќе од буџетот на државава наша шо го имаме. Еден брод има цена од 4,5 милијарди долари а не знам колку стотици милиони треба да се трошат годишно за одржавање негово.



Плус да додадам инфо за носачот тук
 
Хаха да де во Охридско ќе го ставиме. Од што е тежок целото езеро ќе прелее ќе поплави се. :pos: Хахах чини дупло повеќе од буџетот на државава наша шо го имаме. Еден брод има цена од 4,5 милијарди долари а не знам колку стотици милиони треба да се трошат годишно за одржавање негово.



Плус да додадам инфо за носачот тук

Па да тоа знам ама си замислував да имавме еден ваков!Која друга морнарица имама вакви носачи?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom