Еве неколку новости за N900 ...
Неофицијално објавен моделот Nokia N900 - tablet и телефон во едно
Сигурно сте слушнале за новиот tablet наречен Nokia N900. Од тестирањето на овој Maemo смартфон, се открива дека всушност е tablet со функција на мобилен телефон
Nokia N900 има одличен 3.5 инчен дисплеј на допир со резолуција од 800 x 480 пиксела. Од останатите функции поседува вградена меморија од 32GB, WiFi, GPS, Bluetooth, потоа microUSB порта, TV излез.
Камерата од 5 мегапиксели ќе биде идентична со онаа која се вградува на Nokia N97.
DivX поддршката го прави лесен за употреба, нема потреба од конвертирање на вашите омилени видеа. Исто така има Flash поддршка како и сите останати софтверски напредни можности.
Nokia N900 е задвижуван од ARM Cortex-A8 процесор и според тестот би требало да има некаде околу 600 Mhz, нешто слично како и моделот Samsung Omnia HD.
Nokia N900 се очекува да се појави на крајот на годинава по цена од околу 550 евра.
GSMmkd Team
Извор: www.gsmmkd.com
----------------------------------------------------------------------------------
Еве уште една понова ...
Nokia N900 сега е официјално промовиран, нуди навистина многу
Па ... изгледа дека компанијата Nokia ќе има со што да се покаже да Nokia World настанот, тие решија да го "загреат" настанот со раната промоција на нивниот нов адут - Nokia N900.
Nokia N900 е продолжение на приказната со N-серијата, овојпат се работи за модел кој спаѓа во таканаречените tablet уреди, но секако со функција на мобилен телефон.
Nokia N900 работи на Linux - базираниот Maemo 5 оперативен систем, моќта на N900 е тоа што може да врши повеќе работи истовремено, со што слободно може да влезе во ранг со Symbian смартфоните.
Според компанијата Nokia, новиот Maemo смартфон не е наменет за да се натреварува со останатите смартфони, туку да донесе нешто сосема ново на пазарот.
Nokia N900 ќе поседува ARM Cortex-A8 процесор, нешто слично како на Apple iPhone 3GS, Palm Pre и Samsug Omnia HD, со графички акцелератор и 256 MB RAM.
Nokia N900 ќе се појави во месец Октомври по цена од околу 500 евра.