Nokia Lumia 1020 во Македонија

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.371
И каков е телефонот? Задоволен си од него? Честопати велат дека Windows оперативниот систем на телефониве бил катастрофа во споредба со андроид. Дали се во право?
Велат, тие што не го користеле :pos:
 

soul123

...plAy HaRd GO pRo...
Член од
2 октомври 2008
Мислења
295
Поени од реакции
23
И каков е телефонот? Задоволен си од него? Честопати велат дека Windows оперативниот систем на телефониве бил катастрофа во споредба со андроид. Дали се во право?
Па јас сум презадоволен. Главна карактеристика на телефонот е камерата. Но истота така е и тоа што е феноменално брз, за сурфање, игрици, со 2 гб рам.
Андроид немам користено така да неможам да споредам. Како и да е целата разлика е во апликациите, што windows ги нема толку многу како андроид.
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
најомилениот телефон :love:
она сликај па зумирај многу ме пали :D

јас сум на симбиан уште и го користам само за ало,слик и клип
јас лично имам виваз кој прави добри слики ама со карл цаис т.е лумиа 920 и поготово 1020 нема шанси

п.с немам користено ни андроид ни виндоус фон ни ај ОС
а имаме дома андроид и виндоус фон ама 7,5 :)
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.583
Поени од реакции
13.219
Ценава колку е примамлива човече, споредено со другите телефони. Најверојатно по една година or so, кога ќе падни до кај 20-тина ќе ми биди нареден телефон.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.371
Абе момци, кој зема 1020? Задоволни ли сте? :)
 

M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Acid

па во мобилара е 27000
значи да дојди 7000 (prepaid или само тел а не на претплата) одма го земам :)

како примерот со Голф
ќе купам голф 7 кога ќе излези голф 15:D
оваа година да земам т.е да ми донесат 820 ка од УСА ќе бидам пресреќен (150 доларчиња е на ебај)

фотоапарат не им е рамен на 820 920 и поготово 1020
 

Airbus

Fighter Pilot
Член од
12 јануари 2008
Мислења
299
Поени од реакции
230
Дечки да ве замолам, @Acid и останатите што го користите, кратко да пишете добри и лоши страни на телефончево. Колку држи батерија? И дали некој се префрлил од Андроид на Windows? Дали е стабилен системот? Има багови? Дали сите апликации што сум ги користел до сега, ќе можам и со Нокиата? :D

Однапред благодарам. :)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.371
Дечки да ве замолам, @Acid и останатите што го користите, кратко да пишете добри и лоши страни на телефончево. Колку држи батерија? И дали некој се префрлил од Андроид на Windows? Дали е стабилен системот? Има багови? Дали сите апликации што сум ги користел до сега, ќе можам и со Нокиата? :D

Однапред благодарам. :)
Јас се префрлив од iOS на Android, па од Android на Windows Phone...
Реално, WP до неодамна заостануваше неколку чекори за овие два, но само за „специфичните“ корисници како мене. Со последната надградба на 8.1, чекорите се се' помали и незабележителни. Задоволен сум од телефонот и од тоа како се одвиваат работите со оперативниот систем и апликациите. За сега, имам се што ми е потребно (а потребно ми е многу). Имам купено две апликации (по доларче или два) кои ги немаше free како на Android, ама бркаат работа.

Системот е далеку постабилен од Android. Вози глатко и не сум имал нешто слично на Force close. Батеријата како кај секој смартфон. Зависи колку го користиш, кои апликации ти сркаат позадински и како ќе си го подесиш ауто-синкот. Кај мене поминува од сабајле до другото сабајле на денот. Значи полнење еднаш дневно. Е сеа, ова е драстично помалку од 3600 милиамперската батерија на Note 3 (претходниот мој телефон), ама знаев што ме очекува :)

Кажи кои апликации ти се битни, ќе ти кажеме дали ги има за WP (иако сум убеден дека сите, освен некои поспецифични) ќе ги најдеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom