Идејата дека скоро сите од нештата околу кои толку се трудиме и нервираме (као материјални поседи, статус, приказните за себе што ги продаваме на другите итн.) се во суштина толку небитни, минливи и неизбежно завршуваат ко прав и пепел (како и самите нас) е сосема во ред, и цврсто сум убедена во истата.
Но,остатокот од учењето, е крајно деструктивен, квази-бунтовнички и конвинира едино на пубертетлии (нека ми опрости таа возрасна група што толку често ја експлоатирам и напаѓам низ постови, али ние луѓето, кога сме у пубертет, имаме особена тенденција да се понашаме и резонираме ко кретени).
Поинаку, моралот е суштински а човекот. Не заради некои регулативи и општествена контрола, туку за мир, среќа и вистински развој на личноста.
А, ако телата ни завршуваат како прав и пепел, тоа не се случува со љубовта која сме ја оставиле. Таа не изчезнува (а, нихилистите го забораваат тоа)