(Nikon d5100) 18-55mm VS 18-105mm

Член од
11 март 2013
Мислења
9
Поени од реакции
1
Дирекно идам на прашање што да купам ... имам на располагање кит Никон д5100 со 18-55mm и 50-200мм (заедно), или со 18-105мм. Китот со 18-105мм е за некое евро поскап од китот со двата. Читнав на друг пост дека 18-55мм е по остра од 18-105мм. Али која е подобра како walk around lens ?
50-200 мм знам дека не е добар ама ми е за 50тина евра поскапо од кит само со 18-55мм, затоа и прашувам.
За сликање што знам, почетник сум, ваљда повише улична фотографија и архитектура (пошто за патувања ми е), и по некој пејсаж.
Дали е толкава разликата меѓу квалитетот меѓу двете, пошто пак стварно нејќам со мене да ја носам и 50-200мм само за да добијам на опсег повише од 50.
Прв ДСЛР ќе ми биде, а планирам исто и 50мм да земам или 35мм.
 
D

D_NazGUL

Гостин
Јас искрено го земав од старт со 18-105мм. Како за тотален почетник (што сум дефинитивно) мислам дека повеќе одговара, бидејки нема потреба од менување на објективите, а сепак покрива солиден опсег на фокални далечини - барем за мене.

Еве и неколку фотки со него:
Фото берза [помош при избор на фотоапарат] (ова е правено со триножец и оцијата сам да слика)
Фото берза [помош при избор на фотоапарат] (ова се првите слики со него)
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Јас би го земал првиот кит 18-55 со 50-200. 18ката ти е полесна за носење и пооштра, а 200ката има поголем опсег.
Како и да е со тек на време ќе осетиш потреба за квалитетна оптика па ќе бараш прајм леќи кои се неколку класи над 3ве што ги спомна.

Чисто за споредба види што прави од Acid 50ката :cuc:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.381
Китот (18-55) секако ти треба за да извадиш поширок агол. Ама 105 ти е некако одвишок...
Ако ти е за зумирање - овој 15-105 нема да ти заврши некоја особена работа (а сигурно и не е толку остар) за да го земеш.

Затоа, мој предлог е опцијата со 18-55mm, a понатаму (во зависност од тоа каков тип на фотографија ќе почне да те интересира), да се почастиш со една 50mm или некој зум (55-250/50-200 или каков и да има Nikon на располагање).
Или ако пакетот е 18-55mm + 50-200mm, да го земеш тој наместо 18-105mm. Ем поефтино ќе ти излезе, ем според мене тоа е подобар избор.

А архитектура ти треба широк агол (не супер-зум), па било кој објектив што иде до 18мм ќе ти заврши работа :)
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Не знам Acid, архитектура сликање не значи само широки кадри.
Ова кажувам како мое архитектонско око гледа.....широки агли да, ама и детаљи. Широк агол е повеќе за некаква туристичка или пејзажна фотографија.
Јас го имам 18-55 и мислам дека ми фали зум. Работата е што и 105 не е некој опасен зум, а и колку да има стабилизатор, на поголем зум си бара користење на статив (па и remote), посебно при послабо светло и подолга експозиција. Мислам дека за тоа што бараш дека 15-105 ти е најдобра варијанта.
Тоа со менување објективи 18-55 и 55-200 е малку непрактична опција, ќе треба малку повеќе замарање со константно менување и ќе те фати нервоза после некое време.
http://www.dpreview.com/products/Nikon/lenses/nikkor_18-300_3p5-5p6g_ed_vr/overview
Најдобро е нешто во овој фазон, ама па и цената не е баш во опсегот во кој бараш....
 
Моето мислење е мој предлог и мој поглед на работите. Не мора да значи дека сум во право и дека тоа е идеалниот избор, но така би изиграл јас.
Ти колку објективи користиш и дали те фаќа нервоза од менување? Мене не. Кога одам да фотографирам, знам што ќе ми биде потребно и го користам тој објектив.

Кога фотографирам маратон на пример, не гледам зошто би земал 18mm, а не 55-250. Значи, сигурно нема да менувам објективи.
Кога фотографирам пејсажи, сигурно нема да зумирам со 250mm, туку ќе користам 15-55.
За архитектура, освен ако не сакаш да ги фотографираш деталите на прозорот на 9-ти спрат, не гледам зошто би ти требал поголем зум од тоа што го нуди 18-55мм.

Освен ако не станува збор за стакло што е над $2000, сите објективи што имаа супер опфат (како 18-200 или 18-300мм) имаат тапа острина, голема хроматска аберација и тн...
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
За архитектура, освен ако не сакаш да ги фотографираш деталите на прозорот на 9-ти спрат, не гледам зошто би ти требал поголем зум од тоа што го нуди 18-55мм.
Тоа сакам да ти кажам, дека некогаш и прозор на 9-ти спрат сакаш да го фотографираш. Има нешто што кај некои објекти целиот архитектонски израз е искажан преку детаљот, исто така покомплексни архитектонски или урбанистички ансамбли може да се опфатат поинтересно преку одредени исечоци. Да не го тупам, работа на вкус и запазување детаљи, субјективно мислење исто, може и дека секојдневно гледам такви фотографии, па сум преоптеретен.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Секој кит објектив шо е 18- над 55 е тиња. Кај и да читаш ќе ти кажат истото, дисторзии колку сакаш, острина полоша од 18-55, дури и во опсегот на 18-55, абревации хромаски коклу сакаш, ленс флерови колку сакаш. Не е добар објектив, во ниеден случај не вреди да го платиш, ако го даваат гага, земи го, ама не давај пари за него, боље чувај ги тие пари, додај уште некој денар и земи поквалитетен објектив понатаму. Пошо практично објективот ти ја праи фотката, колку сааш добро тело имај, тури шит објектив, ќе имаш шит фотка. End of story. Исто не се летајте по стабилизатори одма, за почетници боље е без стабилизатор, да научиш као се држи апарат во рака. Стабилизатор само за телефото, и тоа треба да знаеш кога да го користиш. Рецимо ако го упалиш стабилизаторот на статив, most of the time ќе извадиш поматна слика него без стаблизатор.

Најбитна ствар шо треба да ја знаеш за стабилизаторот е дека помага кога руката ти се тресе, ама ако тоа шо го фоткаш се движи, тогаш ти одмага, најчесто тоа движење ќе го регистрира како движење од твојата рака и ќе мрдне, и оп беља.
Исто, стабилизатор не е за долги сесии на фоткање, пошо оптички ја мрда сликата и добиваш морска болест на копно.

Директ одговор до бојанад.

18-105, не. 50-250 верзијата на канон е поостар и поквалитетен објектив од 18-55. Исто поголеми се шансите да моеш да го шитнеш после тоа ако не ти се свиѓа, пошо 18-105 никој нема да купи. МОеш да го земеш со 50-250 комбото, и ако не ти праи мерак да го шитнеш 50-250чето со тие пари да купиш 50мм, или 35ка (ако 35ката е поскупа а помала бленда има). Од друга страна 50-250 ќе ти се најде за туристички муабети, особено коа си у група туристи и сите као хиени се бутаат да фотнат едно исто нешо, ти моеш на страна like a boss, да си зумнеш и да го фотнеш истото тоа без муки. Ти кажуем од искуство, истото ми се деси завчера коа ги фоткав желките на закинтос, 1 мало бродче 100 глупи луѓе околу, тепачки не знаеш, си бувнав 55-250 и си фоткав меѓу нив, ended up getting the shot. Proof here.
 
Член од
11 март 2013
Мислења
9
Поени од реакции
1
Еј фала, јас бев повише за 18-105, пошто е еден објектив, а пак има солиден опсег според мене, ама чим е со полош квалитет од 18-55мм. Овој едниот кит е со 55-200мм и ми е за 20 евра поевтин од овој другиот. А исто мислам па дека 200 мм таа ќе ми послужи во моменти ко шо спомна DonJas, а шо видов слики направени со таа и се според мене добри.

Иначе, 50мм или 35мм секако зимам. Иначе на Амазон 35мм е поевтина, а ќе бидам надвор од Мк ќе можам да го земам.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
. Стабилизатор само за телефото, и тоа треба да знаеш кога да го користиш. Рецимо ако го упалиш стабилизаторот на статив, most of the time ќе извадиш поматна слика него без стаблизатор..

Не се слагам со уште неколку работи во постот али посебно ќе се задржам на ова, имено се уште во круг се вртат муабетите и прикаските околу исклучување на стабилизација ако апарат е на статив. Тоа беше точно пред 10-15 години пошто уцврстен на статив, стабилизацијата самата произведуваше вибрации кое после самата се обидуваше да ги корегира со малите моторчиња и подвижните елемети во објективот, шо додатно создаваше вибрации па пак ќе се обидеше да ги корегира и пак создава вибрациии и така во круг. Тој проблем го забележаа и сфатија уште на почетокот на “стабилизирање“ на објективите и го решија брзо и ефикасно. Кај Канон (пошто сум повеќе запознаен со канон техниката) тоа е алогаритам кој го додадоа во софтверот и кој може да препознае дали објективот апсолутно мирува (е на статив) и тогаш целиот систем на стабилизација оди во мод на мирување. Едноставно и прецизно така. Од Канон само 5-6 постари објективи го немаат тој начин на стабилизација.
 
If you say so, 55-250кава шо ја иам во неколку наврати ми има мрднато коа нема мрдање. Не знам за други објективи, прв објектив со стабилизатор ми е. Така да се шо иам читано, по интернетов тоа е.
--- надополнето: 6 август 2013 во 02:09 ---
Еј фала, јас бев повише за 18-105, пошто е еден објектив, а пак има солиден опсег според мене, ама чим е со полош квалитет од 18-55мм. Овој едниот кит е со 55-200мм и ми е за 20 евра поевтин од овој другиот. А исто мислам па дека 200 мм таа ќе ми послужи во моменти ко шо спомна DonJas, а шо видов слики направени со таа и се според мене добри.

Иначе, 50мм или 35мм секако зимам. Иначе на Амазон 35мм е поевтина, а ќе бидам надвор од Мк ќе можам да го земам.
Као бе поефтина? 50мм 1.8 е најефтниот објектив на планетава. Нема шанси 35ката да е поефтина. :)

Е, исто прочитав погоре, немој да те плаши мењање објектив толку многу, се навикнуеш по некое време, ја со мене увек носам 50, 18-55, 55-250, мењам по потреба, и не е толку проблем. Треба само малце да го уклучиш мозокот и да си туриш објектив пред да сликаш пригода. Фактот дека ќе имаш објектив со супериорен квалитет што ќе ти служи за се, заборави го. Според мене, нема теоретски шанси. Често слушам луѓе шо викаат дека 24-70 2.8L им е одличен all around објектив и го користат само него, јас не би можел, има ситуации кај шо сакам 1.8 бленда, има ситуации кај шо супер би ми дошле 600 милиметра објектив. Се зависи до стилот на фоткање, почни да фоткаш и само ќе ти дојде, јас лично да имам кеш сеа, би земал 70-200 2.8 L II, 50 1.2 L, и некој екстремно широкоаголен. :)
 
Член од
11 март 2013
Мислења
9
Поени од реакции
1
Као бе поефтина? 50мм 1.8 е најефтниот објектив на планетава. Нема шанси 35ката да е поефтина. :)

Епа ете така, провери и самиот на Амазон, 35мм (1.8) е 197долара, 50мм (1.8) е 217 долари. Проверував и на други страни 35мм е поевтин. Што и мене ме чуди.
Исто и тоа ме интересира пошто Никонот д5100 е со мал сензор, дали да земам 35мм или 50мм, со оглед на тоа шо сакам оние класични 50тина мм, и шо читав на малите сензори 35мм му доаѓа ко 50тина мм... ова е точно така ?

За овие поскапите објективи тоа понатаму можеби, сеа сум почетник, кит објективите би ми вршеле работа, а и секако за поскапа опрема немам пари.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Епа ете така, провери и самиот на Амазон, 35мм (1.8) е 197долара, 50мм (1.8) е 217 долари. Проверував и на други страни 35мм е поевтин. Што и мене ме чуди.
Исто и тоа ме интересира пошто Никонот д5100 е со мал сензор, дали да земам 35мм или 50мм, со оглед на тоа шо сакам оние класични 50тина мм, и шо читав на малите сензори 35мм му доаѓа ко 50тина мм... ова е точно така ?

За овие поскапите објективи тоа понатаму можеби, сеа сум почетник, кит објективите би ми вршеле работа, а и секако за поскапа опрема немам пари.
Кроп сензор, ако апаратот не ти е фул фрејм, секоја милиметража на објективот множи ја со 1.6. Така ќе знаеш колку милиметри добиваш на тој сензор.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Е, исто прочитав погоре, немој да те плаши мењање објектив толку многу, се навикнуеш по некое време, ја со мене увек носам 50, 18-55, 55-250, мењам по потреба, и не е толку проблем. Треба само малце да го уклучиш мозокот и да си туриш објектив пред да сликаш пригода. Фактот дека ќе имаш објектив со супериорен квалитет што ќе ти служи за се, заборави го. Според мене, нема теоретски шанси. Често слушам луѓе шо викаат дека 24-70 2.8L им е одличен all around објектив и го користат само него, јас не би можел, има ситуации кај шо сакам 1.8 бленда, има ситуации кај шо супер би ми дошле 600 милиметра објектив. Се зависи до стилот на фоткање, почни да фоткаш и само ќе ти дојде, јас лично да имам кеш сеа, би земал 70-200 2.8 L II, 50 1.2 L, и некој екстремно широкоаголен. :)
Јас користев така, си носев 70-300, 18-55, 50 обична и 50 макро. И еден ден сензорот се наполна со прашина, и го пратив во канон сервис на чистење (50 евра плус праќањето). Многу брзо после тоа си зедов 24-70 макро 2,8 и сум среќен. 90% фотки можам да сликам со него. А ако планирам да сликам нешто специфично (макро или зум) од дома местам таков објектив. До сега не сум паднал во така очајна ситуација да апсолутно не можам нешто да сликам пошто не сум носел соодветен објектив, секогаш ќе се снајдеш, или ќе зголемам исо или ќе се доближам или одалечам од сцената или од друг агол ќе ја фотографирам....
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Јас користев така, си носев 70-300, 18-55, 50 обична и 50 макро. И еден ден сензорот се наполна со прашина, и го пратив во канон сервис на чистење (50 евра плус праќањето). Многу брзо после тоа си зедов 24-70 макро 2,8 и сум среќен. 90% фотки можам да сликам со него. А ако планирам да сликам нешто специфично (макро или зум) од дома местам таков објектив. До сега не сум паднал во така очајна ситуација да апсолутно не можам нешто да сликам пошто не сум носел соодветен објектив, секогаш ќе се снајдеш, или ќе зголемам исо или ќе се доближам или одалечам од сцената или од друг агол ќе ја фотографирам....
true that, се прља сензор, ама пошо сам си го чистам и пошо не е некоја филозофија, не ми е толку проблем. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom