intel напиша:
Gruevski treba da si gi gleda interesite na Makedonija a ne na Srbija.
Sekogas koga treba nie da im se najdeme na srbite vo odnos na kosovo ne potsekjaat deka sme brakja hristijani,a zamislete se vodi spor pomegu SPC i MPC neznam ni sam kolku vreme.
prav si....
tuku eve nesto interesno.....
Србија се наоѓа пред болен избор: да ја прифати независноста на Косово или повторно да го вовлече регионот во војна, проценуваат аналитичарите на угледниот и влијателен американски центар за стратегиски истражувања Стратфор.
Според нив, регионалната моќ на Белград е завршена. Од ѕвезда во регионот, Србија сега е зад, не само Унгарија и Грција, туку и новите членки на ЕУ, Бугарија и Романија, според моќта, популацијата, економската сила, па и стандардот на живеење. Аналитичарите му препорачуваат на Белград да ја прифати новата реалност и наместо војна да одбере независност на Косово.
- Војната е секогаш опција, но секоја одлука на Белград да го вовлече Балканот сега во војна ќе доведе, во најдобар случај, до уште една изгубена декада. Србија губеше територии, речиси, во сите кофликти минативе 15 години, и затоа сега е прашање дали државата ќе прифати да изгуби уште една територија. Нивниот самоуништувачки курс изгледа глупаво - сметаат во Стратфор.
Таму ја анализираат и позицијата на Москва, која е категорично против планот за "ограничена независност" на Марти Ахтисари. Според нив, Русија има ваков став поради самата себе, а не поради Србија. Затоа на Белград му препорачуваат да не се залажува и "болната одлука" да ја донесе сам, без сугестии.
- Москва игра на својата дипломатска карта и се заканува со вето во Советот за безбедност. Но, тоа го прави повеќе од сопствени причини отколку поради Србија или Косово. Минатиот век, Москва се промовираше себеси како заштитник на европските Словени генерално, и Србите посебно (иако мнозинството Словени тоа време уживаа повеќе права и имаа подобар стандард од повеќето Руси). Логиката и дава за право на Русија да го задржи економското и военото влијание во регионот. Но сега со цел да си ги зацврсти сопствените позиции и да ги задржи Западните сили подалеку од руските граници, барем додека не се профилира наследникот на Владимир Путин - сметаат во Стратфор.
Сепак, според нив, оваа игра на Москва е доста ризична и може да доведе до катастрофални последици во регионот. Ова, со оглед дека косовските политичари најавија дека до крајот на месецот ќе прогласат независност.
- Ставовите на САД, НАТО и ЕУ минативе неколку недели можат да се сведат на следното: Русија треба да остане настрана од патот на косовската независност, иако Москва е подготвена да ја преземе вината за евентуалните насилства - велат во овој аналитички центар.
На крајот од својата анализа, Стратфор потенцира дека целта е определена и дека нема "мрдање" од неа: Косово ќе си оди по својот пат и тоа брзо, со поддршка од Србија или без неа.