Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
За да се ископачи старото лозје, да се насадат нови лози, да се произведе вино или да се пушти во промет ракија потребно е писмено одобрение од министерот за земјоделство, стои во сегашниот Закон за виното. Одобрение од министерот е потребно и ако сопственикот на лозјето реши да ги прекалеми лозите. Предлог-измените што деновиве се во собраниска процедура го прават законот уште поригорозен бидејќи ги зголемуваат глобите за сите прекршители на истиот од 200 до 2.500 евра. Експертите велат дека ниедна од нивните забелешки околу контролата на лозовите насади и производството на вино не е земена предвид.
- Владата на Македонија, на предлог од министерот за земјоделство донесува Национална стратегија за развој на лозарството и винарството. За да добие земјоделецот дозвола за подигање нов лозов насад поднесува барање до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година, а министерот одлучува дали на барателот ќе му додели одобрение за садење или да го отфрли барањето и за тоа го известува барателот најдоцна до 31 март наредната година, стои во Законот за виното. Министерот ја пропишува формата и содржината на одобрението за садење. Ако некој лозар насади лозје без одобрение или во спротивност со издаденото одобрение за садење, лозите ќе бидат ископачени. Трошоците за ископачувањето се на товар на производителот. Заради евиденција на лозовите насади и идентификација на производителите, Министерството води Национален регистар на лозови насади, а министерот донесува поблиски прописи за формата, содржината и начинот на одржување и функционирање на Националниот регистар на лозови насади. Производителите на грозје ги пријавуваат површините на кои одгледуваат лозови насади повторно во подрачните единици на Министерството.
Премногу недоречености
Лозарите се во хаос и сметаат дека премногу надлежности се слеани во една институција. Тие се свесни дека квалитетот на виното и на другите производи што се добиваат од грозје може да се унапреди само со подигнувањето нови лозови насади.
- Не велиме дека не треба да има контрола во работењето, но премногу надлежности се во рацете на Министерството за земјоделство. Освен тоа, законот има премногу недоречености, на пример, кој ја презема одговорноста и ризикот ако определени сорти лозје се препорачани од Министерството да се садат, а потоа нема кој од винарниците да ги купи - велат лозарите. Оттаму објаснуваат дека не се против воспоставување ред во лозарството, но сепак земјоделецот, а не министерот треба да го има крајниот избор.
- Треба да се остави слобода самиот лозар да прави процена. Посебен е проблемот кај винарниците на кои им се забранува правење ракија од винскиот талог. Земјоделците пак ако немаат фирма, може да се збогуваат од продажбата на ракија и вино што се прави во домашни услови, велат во Федерацијата на фармерите.
Понатаму, во законот се предвидува и пријавување на произведеното грозје за вино, а министерот ја пропишува формата, содржината и начинот на поднесување на пријавите за количеството на купено и продадено грозје од последната берба. Производителите на вино, пак, го пријавуваат количеството вино произведено од тековната винска година повторно во подрачните единици на Министерството.
- Министерот ја пропишува формата, содржината и начинот на поднесување на пријавите за количините вино и истиот ги пропишува референтните методи на анализа за утврдување на хемискиот состав на вината. Исто така, министерот ги пропишува поблиските услови во поглед на просториите и опремата за производство на вино - стои во законот. Контролата на виното, пак, е повторно во рацете на Министерството за земјоделство.
- Физичко-хемиска анализа на виното заради ставање на виното во промет може да врши само акредитирана лабораторија и овластена од министерот за земјоделство - се вели во понатамошниот текст од законот.
Глоба од 1.500 до 3.000 евра
И на крај, за да се утврди дали законот се спроведува онака како што е пропишано, надлежен е Државниот инспекторат за земјоделство, кој работи во рамкоите на Министерството за земјоделство. Со предложените измени се предвидува глоба од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за правното лице ако подигнува нови лозови насади без одобрение од министерот, не исплаќа винско грозје за производство на вино врз основа на шеќерни единици, не ги мери шеќерните единици, користи грозје што потекнува од лозови насади што не се пријавени во Националниот регистар на лозови насади или врши физичко-хемиска анализа на виното без одобрение од министерот. Глобите за останатите прекршоци се од 200 до 2.000 евра
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8841B1AD70FAB648BBB30B582B2E3EA8
:nesvest: