H
HCL
Гостин
Рутина при поздравување, одвратна ми е! Со секој човек се поздравуваш различно. Со некој најобично ракување, со некој топло ракување (фат околу палец), со некој гушкање, со некој бакнеж во образ (доколку е женско), со некој дури и никаков физички контакт туку само "здраво" си кажувате. Многу незгодни ситуации се кога со личноста која треба да се поздравиш си пријдете на различен начин. Поготово кога други гледаат. Пример ти му приоѓаш да го гушнеш, а тој рака ти пружа. Или исто така во ситуации кога се поздравуваш со поголемо друштво, а со секој на различен начин, па некој по грешка ти тргнал пример како со тој претходниот што си се поздравил. Не штетат овие "грешки", ама у К**АЦ нервираат. Барем наредниот саат време мозокот ти е блокиран со мислата "Леле како се изрезилив", а не дека е така.
Ме интересира колку вас ви се случувале овие ситуации и дали дошле до некоја екстремност? Мене на пример ми се има случено со еден другар 10 секунди да се утнуваме со поздравите и на крај да дојдеме до танго поза.