Незгодни ситуации при поздравување

  • Креатор на темата Креатор на темата HCL
  • Време на започнување Време на започнување
H

HCL

Гостин
Рутина при поздравување, одвратна ми е! Со секој човек се поздравуваш различно. Со некој најобично ракување, со некој топло ракување (фат околу палец), со некој гушкање, со некој бакнеж во образ (доколку е женско), со некој дури и никаков физички контакт туку само "здраво" си кажувате. Многу незгодни ситуации се кога со личноста која треба да се поздравиш си пријдете на различен начин. Поготово кога други гледаат. Пример ти му приоѓаш да го гушнеш, а тој рака ти пружа. Или исто така во ситуации кога се поздравуваш со поголемо друштво, а со секој на различен начин, па некој по грешка ти тргнал пример како со тој претходниот што си се поздравил. Не штетат овие "грешки", ама у К**АЦ нервираат. Барем наредниот саат време мозокот ти е блокиран со мислата "Леле како се изрезилив", а не дека е така.

Ме интересира колку вас ви се случувале овие ситуации и дали дошле до некоја екстремност? Мене на пример ми се има случено со еден другар 10 секунди да се утнуваме со поздравите и на крај да дојдеме до танго поза.
 
Многу незгодни ситуации.. Посакувам некогаш и да не се случеле . Точно е дека 1 саат мислиш дека си резил:) Ама јебига.. Мора да се деси , и се дешава редовно ,секој викенд..
 
Незгодно, кога рака ти пушта некој кој само што мочал, или некој кој е воден по рацете или има ставено некој смрдлив крем за раце.
 
И мене ме многу нервира ова и сум се нашла многу пат во вакви ситуации.Ама неизбежно е
Еве на пример денес се сретнав се една другарка што ја немав видено подолго време и нормално со нејзе си се изгушкав,си се бацивме.Ама со неа имаше едно девојче што прв пат го гледам во животот и така секундарно се подзамислив како да се поздравам,и пружам рака а таа тргна да ме гушне, во тој момент јас се почусвтував незгодно па и јас тргнав да ја гушнам па тогаш таа ми пружи рака:pos2:збрки,се ова се случи во рок од 2 сек,на крајот не изнасмеавме само

Има многу вакви случки.Една моја другарка во една таква збрка за поздравување во еден кафич несакајки го турна кафето од масата,ова беше ептен срамно
 
Стално се случуваат такви незгоди.И јас ги мразам.Глупо е.Да не знајш со кој како да се поздравиш.И точно е дека после тоа 1 саат се мислиш ама се изрезилив јас.
 
Кај мене во маало не си пружаме рака.Ситуацијата е уште понезгодна.Поминуваш поред некој му викаш кај си ти вика што праиш, одговараш сосема 15 нешто и уствари не сте се разбрале.Понезгодно е ако се знаете од забавиште ама не сте се виделе 5-6 години и незнаете дали да му речете здраво или не дали да застанете или не.и така и двајцата ќе си закочите, и пак ќе се напраите на мутави.
Инаку Апокалипто од кај знаеш дали тој што ти пружа рака мочал, какал, се измил не се измил?освен ако не остави трага на твоите раце, по можност кафеава (ау забегав бљак!)
 
Затоа во поголемо друштво одбегнувам пуштање рака, или па најмногу од се шо мразам бакнување во образ,....муа муа на 20 души аман...:uvo:
Затоа еј здраво на сите е доволно....или гив ми фајв :helou:
 
Секој мрази такви работи, па дури и јас
 
Затоа во поголемо друштво одбегнувам пуштање рака, или па најмногу од се шо мразам бакнување во образ,....муа муа на 20 души аман...:uvo:
Затоа еј здраво на сите е доволно....или гив ми фајв :helou:

И јас исто.Али еднаш што ми се случи.Ете така на поголемо друштво им велам само здраво и еден "фраер" од нив ми вели "Зашто не се поздравуваш со нас?под ниво сме ти?" ама го кажа ова ептен цинично и почнаа сите да се смеат.Многу се засрамив
 
Епа ај сега, пример нашкола, поздравувај се и бакнувај се со 20 души, а секој ден се гледате?:uvo: Само здраво на сите ќе им речев и готово.... ме прашале шо не се поздравувам....и сум им ја кажала причината, а не дека се правам важна фала богу...а и мака ми е :jaj: Не ќе свенат ако не ги бакнам јас :toe:
 
Затоа во поголемо друштво одбегнувам пуштање рака, или па најмногу од се шо мразам бакнување во образ,....муа муа на 20 души аман...:uvo:
Затоа еј здраво на сите е доволно....или гив ми фајв :helou:
И јас во поголемо друштво викам:здраво на сите. Па не можам со десет души да се гушкам и да се бацвам.
Со луѓето од потесното друштво се поздравувам со гушкање,а со непознати само здраво им велам,или рака им пуштам.
Глупо ми его знајш чоекот не го знајш да се гушкаш одма.
 
муа муа на 20 души аман...:uvo:

Е да, па другиот ден гледаш херпес на уста ти се појавило. Рачунаш излагате во град и секоја со секоја во образ се бацува. Значи на секој образ по 19 различни лиги. Кога ќе се измикса тоа, па уште и некоја крема за лице, абе што да ти кажам.
 
Најлош момент:со еден не толку близок другар се среќавам по 100 месеци невидување, и јас му пружам рака, овој трнува да ме бакне, и ја останувам со раката у положба “не знам кај да ја носам„и видиш не видиш, ќе се цмокнеш, иако не ти се сака:)
Почитувам здрав стисок на рака при едно здраво, без да ми ги крши прстите:pos2:
 
Ејјј вакви ситуации се случуваат секој ден. Мене ми се има случено кога со некое девојче не се познавам и сега јас и давам рака да се запознаеме а она доаѓа да се бакнеме, и обратно она ми дава рака а јас идам да се бакнеме... И уште милион ситуации кога едниот ќе тргне да се поздрави со рака а другиот иде да се бакне...
 
ми се има десено да поминувам покрај некој и ја му викам здраво он подзастанува да те баци па јас застанувам он тргнува...уууф нервозно е и на крај ...збунка...
не ми е тешко да се поздравувам во образ...а кога се изнагушкувам со некоја ептен блиска а до нејзе има некој непознт ми е најбезвезе...тогаш не знам како да се поздравам,ДАЛИ да се поздравам....:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom