Nexus 4 & Nexus 10

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
И покрај тоа што ураганот Сенди ги натера Google да ја откажат денешната презентација, луѓето од Google денес на својот блог претставија два нови Nexus уреди: Nexus 4 и Nexus 10, со што и официјално ги потврдија гласините од претходните неколку недели.
Nexus 4, Nexus 7 и Nexus 10, подредени по големина
Nexus 4

Nexus 4 е најновиот smartphone од брендот Nexus. Производител на уредот е LG. Има 4.7 инчен IPS панел со резолуција од 1280х768 пиксели, S4 Pro процесор (четири јадра на 1.5 GHz + Adreno 320 = еден од двата најмоќни SoC во моментов), 2GB RAM и останатите стандардни работи кои доаѓаат со smartphone, освен слот за microSD.
Неофицијална (ама вистинска) фотографија од Nexus 4

Nexus 7

Има и неколку новости поврзани со Nexus 7. Како што беше најавено, верзијата со 8GB веќе не се произведува, додека верзијата со 16GB доаѓа на нејзино место со цена од $199, а се додава и верзија со 32GB за $249. За $50 повеќе ($299) се добива Nexus 7 со 32GB простор и HSPA радио (за 3G мобилен интернет), што е за $260 поевтино од iPad Mini 32GB со 3G.



Nexus 10

Nexus 10 е вториот (официјален) Nexus таблет, после Nexus 7 кој беше претставен пред неколку месеци. Како производител се јавува Samsung. Има 10.1 инчен Super AMOLED панел со резолуција од 2560х1600 пиксели, што во моментов претставува највисоката резолуција на било каков мобилен уред помал од лаптоп (таму бр.1 е MacBook Pro - 2880x1800). Уредот го "вози" најновиот SoC на Samsung - Exynos 5250 (или Exynos 5 Dual), кој содржи две јадра на 1.7 GHz од новиот дизајн на ARM - A15, и четири нови графички јадра од Mali T604, со што е вториот од претходно спомнатите "најмоќни SoC во моментов". Интересно е што звучниците (да, множина) се сместени на предната страна, па звукот оди директно накај корисникот, без да се одбива од површините позади таблетот, како што е случајот со скоро сите останати. И Nexus 10 нема слот за microSD, нешто што беше најавено од Google уште со излегувањето на Galaxy Nexus пред една година.
Неофицијална (ама вистинска) фотографија од Nexus 10
Најголем адут на уредите, освен гарантираните софтверски надградби директно од Google, е цената. Nexus 4 со 8GB простор (ќе) чини $299 (16GB за $349), а Nexus 10 - 16GB за $399, 32GB за $499.

Заедно со хардверов погоре, Google во јавност ја пуштаат и Android 4.2, новата верзија на оперативниот систем.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Браво за Google дефинитивно влегуваат во смарт технологијата, нексус 7 им е многу добар со добра цена сега гледам и овие модели се со поефтина цена така да само напред :)
А и кога ќе искочат Моторола смарт телефоните од Google дефинитивно ќе имаме трендовски телефони по пониски цени.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
ова би требало да биде добро со новата верзија на Android..
конкуренција на iPad со цената и мислам дека не заостанува многу и во техничките својства
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
ова би требало да биде добро со новата верзија на Android..
конкуренција на iPad со цената и мислам дека не заостанува многу и во техничките својства
Не само што не заостанува никаде, туку апсолутно го шие и најновиот iPad во се` (освен можеби за батеријата, што останува да се види) :)
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
УПМ, сега сакам и Nexus 4. И Андроид 4.2. И тетовско. И скопско. Све сакам.
Ќе добиеш Android 4.2 на твојот Nexus 7, што се секираш :)

Ама, ова што го направија со Nexus 4.. (скоро) иста цена како најевтиниот iPod Touch. Поевтин дури и од Galaxy Nexus, а барем дупло појак.

Еве и видео од посетата на кампусот на Google од страна на The Verge и кратка презентација на новите Nexus уреди:

 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Дизајнов на уредиве е лајно. Катастрофа жива. Видиго телефонот ни грам нема од елеганција. Таблетот уште полошо...

Телефонот требаше да го прави ХТЦ а не ЛГ, ќе направеа 10000 пати подобро телефонче привлечно за очи. И да би земал телефон со андроид не би го одбрал овој. А додека би бирал таблет помеѓу ios и android сепак андроидот ми одговара повеќе за таблет.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447
Цената :cuc:
Сите три уреди се best-buy опции. Колку само послаби уреди се продаваат за повисока цена :facepalm:
Разлика меѓу iPad Mini со 8 инчи и 1024х768 и Nexus 10 со АМОЛЕД и 2560х1600 резолуција е само 70$.
A за споредбата iPod Touch и Nexus 4, кои имаат иста цена, шта речи :eek:
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Јебава мајки гугл. Колку ќе иде кај нас нексусот 4 по мобилари ? Си викам да го шитнам с3во.
 
P

Princ

Гостин
Максимум 400 евра претпоставувам или може и околу 300 (кога ќе се земе во предвид дека Nexus 7 чини кај нас колку што чини и низ ЕУ).
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.927
хм хм хм ме замисли дали да го шиткам ајпад 3 за да си земам нексус 10???:unsure:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Едно прашање за телефонов, екранот е 4,7 инчи но со тие home, back settings му доаѓа помал бидејќи цело време се на екранот така?
 
P

Princ

Гостин
Не се на екран ЦЕЛО време туку зависи од апликацијата. Пример youtube, игри... ги снемува копчињата и од крај до крај се шири сликата.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Не се на екран ЦЕЛО време туку зависи од апликацијата. Пример youtube, игри... ги снемува копчињата и од крај до крај се шири сликата.
Па како се враќаш на хоме тогаш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom