New Years Eve Party 2010 @ САЕМ

  • Креатор на темата Креатор на темата Satellite
  • Време на започнување Време на започнување
Ќире едноставно не е интересен без оркестарот... прам муабет за фонетика 2009 и разликата со фонетика 2008... ама то е
 
НАЈБОЉЕ беше бре =)

За најбоље беше најбоље, не викам дека не, ама тепачката не мораше да се деси. Проблем беше што другари настрадаа и моравме да си одиме.

Кажете кај имало тепачка бе =) Ја не видов =(

Едно 10 метри од десните звучници во хала 1.
 
Лајт журче... таман шо влеговме The Good Guys завршуваа со тракицата од Роки, и после едно 10-тина минути дигаа платното за настапот на GSS, и слушнав комершил рап хитс, и се преселив у треќа, Дани идеше, па Мартин после него до кај 2 и нешо па Мачоров дое, на почеток ептен тиња тракојни пушташе, несфатливи ми беа, после се опораи малце развозе. Шетнав до прва хала, Кирил више завршил па Шакалазу пуштаа клуб етно бит, али никој не игра сите стојат, па се вратив у треќа, и Цапе почињеше стандард со Таламаска. Еј али и свака част за Цапе со Man With No Name - Teleport (Kamasutrance Remix), откорнуење.
 
За најбоље беше најбоље, не викам дека не, ама тепачката не мораше да се деси. Проблем беше што другари настрадаа и моравме да си одиме.



Едно 10 метри од десните звучници во хала 1.

Само што заврши Кирил и се степаа :uvo: Се направи голем круг и луѓето се разбегаа. После ке ставам клипче од Кирил , сега ме зеза youtube нешто.
 
Само што заврши Кирил и се степаа :uvo: Се направи голем круг и луѓето се разбегаа.

Сељачишта...немам зборови. А тој последниот DJ е одличен, преслушав нешто од него, и баш сакав у живо да го слушнам. Го немав чуено до сега :kesa:
 
Нити тепачка приметив (среќен сум поради тоа) си бев стуб, запознавме едно хрватско одлепено друштво и со нив се запивавме.(многу срби и хрвати имаше нз дали приметивте)
ГСС беа интересни али не ми оставија којзнае каков впечаток, Кирил беше топ али да не се повторувам како некој погоре фалеше оркестарот, али добра пратња беше и нигерот.Одлепување на саундтракот од Сенки. Мачорот беше лабав на почетокот али се опраи после, и нз зошто викаат дека можело фудбал да се игра баш беше пристојно напунето. Трансот ме изненади само прилично слабо посетен беше,али се на се интересно журче.
 
Супер беше во трета хала,околу 02 часот,немаше гужва,одлично возење со спејскат,па сателајт... Подоцна се направи гужва,но сепак имаше одличен ритам за играње,со насмеани и весели лица,без насилници...делириум...штета што изгасија музика во 5 и нешто часот,уште траеше “доброто возење“...Фала на One i Urbandance за добрата новогодишна журка..па уште и гага....:olee:
 
Кире од моја перспектива , кратко е видеово но може да ја долови атмосферата :)

 
Oдлична журка се на се супер беше. Есега организацијата можеше малце на повисоко ниво да биде,али колку пари толку музика. Горилаз и Џајко растурија се изнарипав саглам,добро беше и у втората хала,добар транс имаше.

Респект и за црнецот,добра атмосвера дигна :wink:
 
Влеговме негде кај 3:30-4:00... Влагаме и слушаме/гледаме Кирил ја лупа Jungle Shadow :vozbud:
Влегуваме у шема, рипаме лево десно, се буткаме напред во најпрвиот ред, до оградата. Рипаме тука скокаме, патиките партал ми ги направија, белите, ама нема врска XD

Заврши Кирил, тука запознавме еден дечко од Турција, сам дошол човекот на журка. Му викам јас where are you from? - Turkey. И ние тројцава:,,Ааааа Шехерезад’’ :pos: :pos: :pos:

Рипам јас, и ми доаѓа еден дечко, ми вика среќна нова ау. Го гушкам јас, му викам среќна и на тебе, ама бате да не си се препознал? И после коа се разбравме, он бил Xak од форумов, а јас не го познав -.- . Како и да е, се изнагушкавме, си честитавме и секој по свој пат.

Ние наравно, продолживме накај хала 3, хала 1 почна да се празни. Одиме, гужва, не се диши, нема изолзација :D

Ај после коа ќе дојдам од град ке надополнам што беше како беше, сега нема се времена. Поздрав. Втор дел каминг суун! xD
 
Оф џајко џајко, маме му ебем, сите мускули ми се воспалени ради него.
Парче журче, мераци.
Степуев 25 минути без прекин, рекорд, и сеа на рехабилитација идам :)
 
Е ова се вика Нова Година бе да го ебам! Прво Д Гуд Гајз. Тињарица тешка. Селење у 3та хала. Топоваќо музиче. За почеток малце полајт трансче. После на ГСС. Добри за очи тапа за уво. Атракција и ништо повеќе. За на Баскерфест ќе ги биде. Џајко беше ебаање пич мајчин. Прво лајтање и уживање, после распаљотка и рипање. Шазалаказу - ломои. Каков спој на чочек и днб ... ебење. Сум се пореметил. У меѓувремену беше посетувана 3та хале каде ечеше транс и каде беше екстра. Оценка 11/10 (нека пукнат душманите) :)
 
супер журка, плус гага, подобар старт на годината од овај неможев да имам. :pos2:
 
Конечно да се освестам...Кирил...незнам немам коментар...таков човек нема на планетава...типот искина...особено на крајот...баба зумбула,па оваа новава рајз ап јуор хенс,џангл шадоу и на крај примитив сајнс,,,овие беа последни и тотално се исклучив..
За другиве што да се каже Горилаз добри беа не ги фатив баш од почеток али тоа е тоа,у 3 хала исто беше добро,така да топ дочек на новава година,да се надеваме дека вака ке ни биде целава година со екстра журчиња
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom