Ова е токму за вас момци
Ако сакате да дознаете нешто за религија, прашајте атеист!
Ако сакате да дознаете нешто повеќе за религијата или за Бог, поарно разговарајте со некој атеист или агностик, отколку со верник. Можеби ви звучи парадоксално, но истражувањето направено во САД го докажа токму тоа.
Атеистите и агностиците во Америка подобро ја познаваат религијата од припадниците на најголемите верски заедници, покажуваат резултатите од најново објавеното истражување.
Дупките во општото познавање кај верниците зборуваат за многу раширениот феномен, т.н. blind faith или во превод, слепа вера.
Така на пример, повеќе од половината протестанти не знаеле дека
Мартин Лутер е основач на нивната вера и главниот инспиратор на реформацијата, додека 45 отсто католици не знаеле дека, според толкувањето на нивната црква, лебот и виното при причестувањето претставуваат телото и крвта на
Исус Христос.
Околу 40 отсто Евреи не знаеле дека
Мајмонид, еден од најголемите рабини и интелектуалци во историјата, бил Евреин.
Зошто е тоа така?
Алан Куперман, шеф на истражувањето, смета дека оние кои ја одбиле верата, често се одгледувани во религиозни семејства. Но, кога сами ќе почнат да ја проучуваат, заради несогласување со некои работи, ја отфрлаат верата.
„Тоа се луѓе кои многу размислуваат за својата вера. Тие не се рамнодушни, туку важно им е да ги дознаат одговорите“, тврди тој.
Наведените резултати го потврдуваат и фактот дека атеистите и агностиците се поедуцирани од верниците, па според тоа поседуваат и повеќе знаење и за религиите. Но, тоа е само генерална состојба.
Во истражувањето, 80% од христијаните знаеле дека
Мајка Тереза е католичка, а седум од десет дека Исус е роден во Витлеем.
САД се една од најрелигиозните држави во развиениот свет, посебно ако се споредат со главно световната Западна Европа.
Анкетата содржела 32 прашања со различна сложеност, како на пример како се вика исламската света книга и првата книга на Библијата или во кој век е основана мормонската вера. На околу половина од прашањата биле дадени главо точни одговори.
Најдобри резултати постигнале атеистите и агностиците, просечно по 21 точен одговор. По нив следуваат Евреите и мормоните со по 20, а потоа протестантите со 16 и католиците со 15 точни одговори.
Оние кои одат во црква барем еднаш неделно, по правило поточно одговарале на прашањата.
На прашањата за христијанството најдобро одговориле мормоните. со просечно осум точни одговори од 12, потоа евенгалистите со по седум.
За останатите вери, како што се исламот, будизмот, хиндуизмот и јудаизмот најмногу знаеле Евреите, атеистите и агностиците.
Помалку од половина Американци знаат дека
Далај Лама е будист, а под 40 отсто знаат дека
Вишну и Шива се хиндуистички божества.
Значи атеистите се фанатици,читаат,бараат да најдат некој пропуст или несогласувања или незнам што.За после да можат да им солат памет на верниците.ХЕХЕХЕ - Смешно е,тие што ти велат "батали бе религија што се замараш со глупости" уствари повеќе се замараат со неа и повеќе ја учат\знаат од верниците.Верувам дека повеќето овде знаат за Христијанството од мене - особено атеистите.Ако учете.
