Да, во право си... Секое направено зло дело треба да биде неказниво и со тоа неминовно простено. Да се убива, да се краде, лаже, да не се почитува; а бидејќи е Бог праведен, нема да казнува. Но еве, ќе даде заповеди, а нивното непочитување нема да го земе за грев. Ти реков веќе еднаш, направи споредба со денешното општество. Кого сега осудуваш ?! Не ретки се случаите кога и денес страда детето на криминалецот, обележано и неприфатено од општеството како такво. И кој е виновен ?! Бог, детето, општеството ?! Или оној кој самиот се предодредил за криминал и покрај тоа што знаел дека постои систем кој треба да го почитува, ги знаел и последиците за спротивното. Единственото добро тука, е почитувањето на законот, а единствен виновник тука, е човекот. Да прашам, како би се воспоставил еден Божји авторитет, ако не преку верба и страв... Ова второто, предимно поради гревот. И да прашам, како ти, како семоќен, би го воспоставил истиот тој авторитет, особено доколку и покрај тоа што даваш се, истото се зема за злоупотреба, а дотолку повеќе не се почитуваат твоите закони и правила ?! Дали ти, тоа ќе го оправдаш ?! Според разумот, нели ?!
--- надополнето ---
Што се однесува до нелогичностите и неусогласувањата, да прашам уште нешто. Она во кое ти веруваш е согласно разумот или духовното ?! Бидејќи доколку е разумот, од таму следи и логиката, а доколку е така, тогаш не би требало да веруваш ни во едниот ни во другиот - апсурдно е и едното и другото. Ти веруваш во некоја друга " праведност " со што ја исклучуваш и разумноста и логиката. А тоа, што те прави порационален, од другите ?! Нели тука гледаш, некаква нелогичност ?!