Ви се случила ли следнава ситуација : одите во ресторан и
нарачувате јадењето и додека јадете здогледувате влакно, нокт, трепка, или нешто друго во храната. Што сте направиле? Сте продолжиле ли со ручекот/вечерата или пак згозени од глетката го напуштате ресторанот?
Ова ме поттикна да ја отворам темава бидејќи мене ми се случува ова по втор пат и тоа во ист ресторан

.
Беше тоа пред околу 2 години во вегера на рекорд кога си нарачав проја и додека јадев наидов на квалитетно големо црно влакно. Престанав да јадам. го земав парчето, го завиткав во салфетка и и' го поклонив на продавачката со сугестија дека такви работи не смеат да им се случуваат. Извесен период не одев да јадам таму се до пред некое време кога повторно почнав да одам чат-пат. Си нарачувам 1/4 бурек и додека јадам.. пак ВЛАКНООО.. од мене сигурно не беше затоа што имам кратка коса а и плус беше добро стуткано во корите... е веќе заслужија да не им стапнам во ресторанот, а ќе се јавам и да се пожалам.. само да им го најдам бројот...
Па мајкому стара кога работиш во ресторан ставај куварска капа да не се тресеш над јадењето... :nesvest:
Ајде "пофалете" се и вие сега нешто со некоја ваша слична случка.