Несакани "додатоци" во храната

  • Креатор на темата Креатор на темата Papagal
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 декември 2007
Мислења
191
Поени од реакции
15
Ви се случила ли следнава ситуација : одите во ресторан и
нарачувате јадењето и додека јадете здогледувате влакно, нокт, трепка, или нешто друго во храната. Што сте направиле? Сте продолжиле ли со ручекот/вечерата или пак згозени од глетката го напуштате ресторанот?

Ова ме поттикна да ја отворам темава бидејќи мене ми се случува ова по втор пат и тоа во ист ресторан :vozbud:.
Беше тоа пред околу 2 години во вегера на рекорд кога си нарачав проја и додека јадев наидов на квалитетно големо црно влакно. Престанав да јадам. го земав парчето, го завиткав во салфетка и и' го поклонив на продавачката со сугестија дека такви работи не смеат да им се случуваат. Извесен период не одев да јадам таму се до пред некое време кога повторно почнав да одам чат-пат. Си нарачувам 1/4 бурек и додека јадам.. пак ВЛАКНООО.. од мене сигурно не беше затоа што имам кратка коса а и плус беше добро стуткано во корите... е веќе заслужија да не им стапнам во ресторанот, а ќе се јавам и да се пожалам.. само да им го најдам бројот...
Па мајкому стара кога работиш во ресторан ставај куварска капа да не се тресеш над јадењето... :nesvest:

Ајде "пофалете" се и вие сега нешто со некоја ваша слична случка.
 
Ми се има случено и мене во вегера, ама уште погадно. Не видов пред да гризнам и влакното го извадив од уста. Цревата ми превртеа,ептен се изнервирав и гледав што побрзо да си отидам, не ми текна да им кажам:tapp:. Што е најтрагично пак одам таму,пријатно ми е местото, ама за памет гледам пред да гризнам:kesa:
Влакно има најдено другар ми во кафето на факултет ама одамна беше и не се сеќавам дали го испи. :uvo:
 
Ми се има и мене еднаш десено во еден ресторан ама бев на некоја прослава и затоа не дигнав узбуна.Огромно влакно.И ќор да си па ќе го видиш.И јас си го оставив јадењето офкорс.Ама да го плаќав јас тогаш не знам што ќе беше :pos2:.
 
Грозноооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооо!

Еднаш ми се случи, најдов влакно во сендвич од “Жу-Жу“ кај ГТЦ...
Го фрлив нормално и долго после тоа не купував од таму...
Сега чат-пат купувам по нешто ама со страв :)
Планирам воопшто ич да не купувам веќе од таму ништо :)
 
Леле гадна тема. Ми се има случено да најдам влакно или слично, па после тоа долго време да не влегувам во тој ресторант или сендвичара.
 
Јок бе никогаш ништо рака на срце не сте ме виделе како јадам т.е ко сивоња сум и бутам само sd...али на еден другар му се деси во жан Мари бубашваба си најде во тостот sd
 
У лагадин за малце ке лапнев мравка:)
 
ај влакно добро, бубашваба гадно ептен, а во сендвичот мртов глушец да најдеш, ова на брат ми порано му се имало десено да најде во сендвич од една сендвичата кај мене во маало мало глувче, добро што не ни земал гриз од седвичот
 
Мене ми се случило да најдам влакно, сум го тргнала и сум продолжила да јадам! Е добро влакно е само! Ептен гладна бев и не можев да прекинам!
 
Ко бев војска во макароните најдов бубашваба колку палецов ми беше xD ама друго за јадење немаше само ја трнав на страна и продолжив да јадам
 
Во пицерија на масата имасе скорпија.Си претрча низ маса, му кажав на келнерот, и изреагира,, па добро де, отворен е прозорецот, нормално е...,,Не јадев таму и никогаш веќе не влегов!
 
Шо знам зависи за какви додатоци збориме:).. На пример уопште не се гадам од тоа да најдам влакно ... Мислам од помислата на тоа не се гадам , а не знам како би реагирала дека ми се нема случено..

ГАДНО она со бубашвабите , уфф !!
 
Причата дека у мекдоналдс ставале крв наместо кечап:).

А ултимејт момент е кога сакаат да се оправдаат и ти нудат сокче.Ч)
 
на другар му се деси на салата у сендвич од лап лап да си шета ноншалантно еден црв, а продавачката изреагира нешто од типот-па добро де, не сме ја измиле ко што треба,а мене ми се деси да најдам следново:парче селотејп во лепче од сендвич, влакно во тост, минијатирен бумбар во помфрит, и со оправдување дека се што лета се јаде. локалите беа:кинг бургер, панда, и една гадна сендвичара у парк.
 
Urban legend or not?


Него, на темава:
Лепиња со лебарки;
леб со иверки;
и за крај
срча во чоколадно колаче.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom