Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се нервирам во пмс редовно. Господова казна веројатно... Нервоза лечам со цигари. Припадник сум на живчаната пациентела во периодите кога сум разочарана од некоја работа во која залудно сум вложувала време и труд. Свесна сум за тоа дека во времето кога организмот е под стрес, ништо во него не функционира нормално. Сите органи се во неприродна состојба, се лачат повеќе хормони... Нервозата не се исплати, освен ако се залажуваме самите себе, кога истата ќе заврши. Се правдаме дека чувствуваме ,,олеснување" затоа што проблемот не е присутен повеќе.А всушност, верувам во тоа дека секојдневно се нервираме сите и тоа перманентно. Разликата е во дозите. И во кратките мигови во кои не чувствуваме нервоза, сметаме дека нешто не е во ред. Се нервирам на неправди, дискриминација, општествено слепило и недозреаност. Тоа не значи дека сум најправедна, најнедискриминирачки поставена, највидовита и најзрела, но од моја перспектива не можам да се справам лесно со оние кои не се на мое интелектуално ниво.Колку често и за што најчесто се нервирате?
Дали мислите дека со тоа што се нервирате можете да смените нешто и дали таа нервоза ви се исплати?
Дали се нервирате дури и за најмала ситница или на повеќето работи реагирате ладнокрвно?
Колку често и за што најчесто се нервирате?
Дали мислите дека со тоа што се нервирате можете да смените нешто и дали таа нервоза ви се исплати?
Дали се нервирате дури и за најмала ситница или на повеќето работи реагирате ладнокрвно?