Неправедно обвинети

  • Креатор на темата Креатор на темата SANJI4K
  • Време на започнување Време на започнување
Значи до ден денес не сватив една работа. Доколку вашата сакана ве напаѓа постојано за работи кои не сте ги сториле и ве осудува за тоа,значи дека таа е или глупава што не верува или сака да ви направи проблем за да ја отерате у п на мајка и. Нормално вие се знаете себе си и знаете дека сте чисти према неа а таа сака да ви го спопика на безобразен начин. Таа сака да се одбрани од својата вина и да ве направи крив за се а вие да ја жалите, да се осетите криви дека не сте внимавале на некои работи. Пошто знае дека ја цените ја сакате но таа сака повеќе. Таа сака уште малку да се прошета.Пошто вие сте такви со неа и дозволувате се, таа сака да ве држи на конец за во иднина, да и бидете резерва или последна шанса па кога ке се осети сама да ви се врати на лесен начин. Ке ви рече ,, се ми помина, сега повторно те сакам како порано а може и повеќе од порано, може си крив за некои работи но ти ги простувам, ти простувам за се,,. и тука вие се осеќате како должни на неа и подклекнувате уште повеќе за таа повторно да може да ви ја затвори устата со патент кога вие ќе ја осетите неправдата према вас, ќе ви биде страв да и кажете дека ви згреши. Не верував до сега дека е така но ми стана се јасно, се ми е кристално јасно. Сите тие работи што ги носам со себе, што ме испиа до коски се всушност нејзини грешки а не мои.

--- надополнето ---

Кога ќе ве осуди некој вие е спуштате доле, жалите, објаснувате и објаснувате постојано бидејќи таа неправда ве прогонува, имате потреба да го објасните вистинското но всушност вие пропаѓате уште подлабоко во калта. Сега сум силен, по ѓаволите колку сум силен.
 
Да, постојано ми се случуваше тоа со една некогашна партнерка. Заради тоа и ставив крај на таа врска.
 
секојдневно ми се дешава и тоа од брат ми :tapp:
зошто е помал моите ЕПТЕН му веруваат и го тинтраат и за се ја сум крив...
еве на пример пред недела дена брат ми скрши вазна и сеа ја седам во соба и доаѓа и ме вика да одам во дневна...
и ја одам во дневна глеам скршена вазна и он џом да го нема до спална и ја буди мајка ми и и вика дека сум ја скршил вазната :tapp:
и ја ни крив ни должен испаднав крив...
ама затоа потоа убав ќутек изеде брат ми :toe:

А ова е љубов и секс под форум.
 
Членот и свесно ќе биде испратен заедно со 2010 година.
 
Да. Ми се случува и тоа како да сум дежурна да носам нечии обвинувања само да си ја лечат суетата.Вообичаено кога ме обвинуваат велам така е, во право си и кликам delete на личноста. Инаку давам шанса да видам да не е недоразбирање, се сучуваат и такви работи.
 
Ме интересира дали некогаш вашиот партнер ве осудил за несторено дело како на пр: некоја залутана порака да стигне до вас, некоја грешка со Фејзбук или она познатоно кога слушнала од трето уво,, ми кажаа дека те виделе,, и сл.


Да пред 3-4 дена на ФБ, на профилот една цура од оние игрите што се ама ептен згодна бе ми пишала Help me I need you(у врска со играта наравно).
И нормално девојками ме праша која е оваа, и додека објаснив нормално ко што мора, на крајот се среди се.
Неможе/несмее да ме осуди од самата причина тие критериуми се поставаат на почеток на врската,
секогаш треба таа да биде паметна, без осудување, туку да ја тражи причината зошто е тоа така....

Ако почне у стил да се дере да хистерише, нормално дека тука почнува да пука врската.
Најубаво е да се докаже ова и ова е.
Нема тука папучари и мачомени.
 
Ете некна...другар ми уше ми се дере дека сум му стаил лук у перница...а ја уствари кромид под кревет му џитнав..копиљ!
 
Ете некна...другар ми уше ми се дере дека сум му стаил лук у перница...а ја уствари кромид под кревет му џитнав..копиљ!

Тоа е у врска со Љубов и Секс? :)

Сигурно сте само другари?
 
Тоа е у врска со Љубов и Секс? :)

Сигурно сте само другари?


Ха ха ..ете сеа ремет..ич не видов дека е во љубов и секс..пошо првиот пат коа пишав некој пиша дека бил неправедно обвинет коа прднал..и му беше избришан постот баш сеа се сеќавам...ајде ремет сеа :kesa:
 
Имало ситуации кога сум била погрешно разбрана и осудена за нешто кое не било вистина. Порано ваквите ситуации ми паѓаа доста тешко (што е и нормално). Но со тек на времето сфатив дека не треба човек да се грижи и да си става на душа такви работи. Секој може да мисли што и како сака, јас не сум никој за да го осудувам и никој нема право мене да ме осудува. Достоинството е пред се!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom