Многу просто, се е во поводот. На човек никогаш му немам дадено повод да ме осуди, а отприлика сите знаеме што не прави валкани играчи. Ако сте човек на место, другиот би требало и без диоптер да го види тоа во вас, ако сте валкан играч, па макар само заљубен во флертот без да прави ништо конкретно, пак грешите, и тоа е доволно понижување за другиот во врската. Да бидам докрај искрена, може никој не ме судел ( да ме судел ќе знаев, ова не минува премолчано), и посебно ценам што никој никогаш не ме оптужил за ништо што би значело дека нема доверба во мене, но јас имам судено некому. И пак ќе речам се е во поводот. Јас макар и безначаен повод не простувам, т.е минувам низ него. Ако можам јас да бидам докрај ферплеј може и другиот.