Непотребни предмети

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно зошто претеравМЕ?Само Агора се буни:)
 
абе да се учит македонски,ама до некоја мера брее...јас прва година шо сум,ќе ви напишам шо ни беше првата тема :

Сигналите се делат на асемантички апели и семантички сигнали
Асемантичните апели имаат за цел да влијаат врз емоционалната состојба на примачот. Семантичките сигнали чија цел е упатување на нашето внимание на појави од светот што не опкружува се делат на : мотивирани сигнали или слики и немотивирани ардитрарни сигнали.

и вака поделбава ојт до бескрај,14 страни вкупно. Да се учит историја на македонскиот јазик,то разбирам,ама ова? Шо корист ке имам јас во животов од ова?:uvo:
 
Навистина ова го учевте? Ова ни еднаш го немам сретнато во учебникот по македонски за прва, а се` уште го чувам. Што ќе беше...
 
Ти секако не учеше, од кај знаеш:baeh:
Не стварно, ова и ние не го учевме по македонски во прва.До толку да смениле?
Ги знам насловите. Нив ги учам, и тоа што го запамтувам пред да заспијам и кога ќе се разбудам на часот..ама не и го кажувам на професорката, и таа мисли дека не го знам. А ни јас не сакам да го знам, па се трудам да го заборавам.

Еве една хипотеза ( не теорија ):
Луѓе, возможно е да македонскиот се направи изборен во средно, а да не се одстрани ништо од материјалот.
Како?
Тоа што треба да го знаеме за да знаеме да зборуваме македонски, правопис и што ти знам, да биде во помалите одделениа, историјата во поголемите, така до осмо, и овој да биде задолжителен.
А останатото, што не треба да се учи, од типот на тоа што го напиша емка, да биде изборен и да се учи во средно..
Што мислите за ова, освен дека е глупо и што ти знам...?
 
Еј, читам и не можам да се изначудам. Македонски ни е мајчин јазик бе луѓе, како тоа да не биде задолжителен??? Вистина е дека има тупење со поделбите и со некои непотребни информации, но... Сите треба да знаеме поделба на гласовите во азбуката, потекло и историја на јазикот, први пишани документи, развој на умоетничката литература. Македонски јазик и литература воопшто не е непотребен предмет. Јас за најнепотребен предмет, зборувам за во гимназија, го сметам бизнис и претприемништво, што го воведоа од минатата 2007/2008 како задолжителен во 4 година. Ем хуманистичко А подрачје си учат економија и менаџмент, ем бизнис и претприемништво. Исто важи и за граѓанското образование во основно, речиси истите работи се учат и по историја, се друго е непотребно. И се уште не можам да сфатам како во време на подем на информатиката и компјутерската техника, основците го имаат предметот ОТП како задолжителен изборен:nesvest:.
 
Што има лошо во тоа да „тупењето со поделбите и со некои непотребни информации“ се премести во предмет кој што ќе биде изборен?!
 
Што има лошо во тоа да „упењето со поделбите и со некои непотребни информации“ се премести во предмет кој што ќе биде изборен?!

Претеруваш со твоите филозофии.
Колку има само непотребни работи во твојот омилен предмет физика само да знаеш.
Физиката е далеку понепотребна наука од македонскиот јазик како предмет.
Ако не знаеш македонски јазик не знаеш ништо.
 
Физиката не ми е омилен предмет, дигитални системи ми е.( ако воопшто е важно )
Да, точно е тоа што го пиша.
Но од тоа не следи дека тоа што јас го пишав не е точно.

..а ако од македонскиот јазик не го знаеш она што не треба да го знаеш, тогаш знаеш македонски,точно?
 
Кажав, македонски јазик ни е мајчин јазик и треба да го знаеме, а не, пола и повеќе од интелектуалциве во Македонија употребуваат србизми и сл. Мајчиниот јазик, колку и да е досаден, сосема со право е задолжителен предмет.
Ееее, очекуваме да ни се признаат јазикот и името, а гледајте што се треска на македонски форум... мајчин јазик - непотребен предмет :tapp::uvo:. Срамота! :kesa:
 
Пола од интелектуалците во македонија употребуваат србизми и слично поради тоа што тие дел од нивното знаење го добиле од литература на србски, затоа што таква литература на македонси јазик не постои!
Што ќе кажете ако ви кажам дека ние по „дигитални системи“ или „автоматика“, користиме учебник на хрватски јазик, затоа што таков на македонски јазик не постои!

Јас не кажав дека македонскиот јазик е непотребен и дека тој треба да биде изборен, туку, кажав дека дел од него треба да биде изборен и дека не е потребен. И вие потврдивте дека тој дел постои.
 
Затоа ти треба македонски!За таа глупа скрипта да можеш кога читаш да ја разбереш.Освен ако кога читаш хрватски не си преведуваш во себе на англиски зашто во НАСА така зборуваат.
 
Пола од интелектуалците во македонија употребуваат србизми и слично поради тоа што тие дел од нивното знаење го добиле од литература на србски, затоа што таква литература на македонси јазик не постои!
Што ќе кажете ако ви кажам дека ние по „дигитални системи“ или „автоматика“, користиме учебник на хрватски јазик, затоа што таков на македонски јазик не постои!

Јас не кажав дека македонскиот јазик е непотребен и дека тој треба да биде изборен, туку, кажав дека дел од него треба да биде изборен и дека не е потребен. И вие потврдивте дека тој дел постои.

оф топик: ај не тупи сеа оти изгледа си имаш проблеми со професорот/професорката по тој предмет или па ти е тешко (или не сакаш) да научиш да разликуваш подмет од прирок, и ај сега не чини македонски. Од сите глупи и тупи предмети ти баш за македонски се фана.
 
Она предава по македонски јазик....нема проблем со предметот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom