Кои допирни точки ги имаат цревата со локацијата и методата на плаќање на сметките ?
Дали некогаш воопшто си плаќал сметки во банка или преку Интернет, односно преку електронско банкарство ?
Кој ти рекол дека сметките можат да се плаќаат само во салон или во пошта ?
И колку си запознаен со инфраструктурата за Неотел за да имаат било каква релевантност тие црева кај нивната зграда ?
Неотел веќе со години ги покрива Аеродром и Ново Лисиче со сопствената оптичка телекомуникациска мрежа и прашање на време е кога ќе ја покријат и твојата зграда, но тоа нема апсолутно никакви допирни точки со плаќањето на сметките, кои секогаш можат да се плаќаат во било која банка, без разлика дали корисникот има трансакциска сметка во таа банка и без разлика дали Неотел воопшто има трансакциска сметка во истата таа банка.
Точно, банката наплаќа провизија, особено ако и корисникот и Неотел воопшто немаат трансакциски сметки во таа банка, но сепак тоа не го менува фактот дека сметките секогаш можат да се плаќаат во било која банка, исто како и преку Интернет, односно преку електронско банкарство.
1:
Мислев на тоа дека поставуваат повеќе црвева во различни локации. Веќе кај што не ги сонуваш, ќе ги видиш дека копаат и местат (на места каде што нема нивна оптичка мрежа)
2:
Не, поради моите дома. Секако дека тоа е најдобар начин. Не е до мене проблемот.
3:
Кога правев договор ми беше кажано за сметки дека ќе треба само во пошта да ги плаќам јас, а не во салон. Но сега кога Неотел отворија лично нивен салон, ќе треба пак да прашам може ќе треба таму да се плаќа. Па така да како и за мене, така и за другите. Тие што живеат блиску до управната зграда на Неотел/Неоком, каде што и впрочем им е нивниот новоотворен салон (до сега за правење на договори се одеше во Неоком продажниот салон) најверојатно ќе треба таму да плаќаат сметки. Не ме фаќајте за збор, ќе прашам и ќе ви кажам.
Освен тоа секако најпрво ме прашаа дали сметките ќе ги плаќам електронски или не.
4:
Неверувам дека некој друг оператор ќе копа црева за да се проширува, или да се врзува кон други црева освен Неотел и тоа веднаш до нивната управна зграда. И тоа не е се. Ако прочиташ погоре ќе видиш слика од другата страна на нивната управна зграда, каде што се гледа исто така зацементирано земјиште, што значи или ја подновувале нивната веќепостоечка опрема, или се проширувале
5:
Да, Неотел уште од одамна, не само Аеродром туку и на други места имаат покриеност од нивната мрежа.
Сакаш верувај или не, има места и каде што нема. Ако не прочита погоре што сум пишувал од поодамна, еве ќе ти кажам.
2015 - та, Неотел имаа оптика во тц. Скопјанка (зградите), и Телеком исто така, но карши скопјанка кај мене немаа ни Телеком, ни Неотел. Сега ќе речеш можеле преку булевар ама не се нафатиле од нивни причини. Јас мислам бидејки ова е доста прометен булевар, и не само тоа, туку има и подземен премин кој што е полн со дуќани, а и верувам дека на секого би му сметало да бушат и да врзуваат кабли среде премин полн со дуќани.
Неотел дури во 2018 - та не поврзаа со оптика, сакаш верувај сакаш не, зграда на 500 метри оддалеченост од нивната управна зграда, зграда во која што живеат вработен (а), и шеф во Неоком не беше поврзана со оптика од Неотел. Јас сум корисник на оптичкиот интернет на Неотел, и ќе остане тоа така. Причините ги кажав.
6:
Поентата не ми беше тоа дали има врска плаќањето со нивната мрежа што нема никаква врска. Сакав да кажам дека и во двата погледа Неотел се шират, и стануваат се подостапни. Грешка си ме разбрал за тоа.
7:
Никаде не спомнав плаќање преку банка, прочитај ги 2, и 3.
Иначе, за тие што незнаат, или за тие што ги мрзи да сврат погоре и да прочитаат, летово бев во Неоком на фериална пракса во нивниот салон за поправка. Одличен тим, и доста работи научив. И многу сум им благодарен.
Самите како компанија се врв, и навистина успеаја да ме изненадат.