Значи да се претставам, учам средно стручно училиште и сум четврта година. На почетокот на оваа година ми се случија некои стресни настани во мојата фамилија што ми одзедоа многу време и ментално ме истоштија(да не навлегувам). После тоа започнав со подготвување за матурскиот испит, доста имав пропусти(особено по македонски), но успеав да научам и сум при крај. И како што е редот избрав сако, кравата итн. Но сфатив дека сум го пропуштил најважниот дел - јас немам партнерка. Сите мои другари нашле партнерки, а јас изгледа сум останал шворц. Сите девојки во класот имаат партнер, а девојките со кои сум близок од другите класови исто така имаат партнери. Ептен ме јаде срам кога ке помислам дека на матурата ќе треба да се појавам и пред влезот да се сликам сам. Но, тоа не е ни она што најмногу ме боли. Како што ми кажаа моите пријатели, девојките ги барале нив за партнерки, а не обратно. Јас не добив ниту една покана од девојка за на матура, ниту една. И тоа баш и неколкуте девојки со кои бев близок овие четири години не ме поканија. И што ме депримира најповеќе е тоа што односот на женски спрема машки во мојот клас е повеќе од 2 спрема 1. Најголемиот дел од другарите имаат по две партнерки, а јас немам ниту една. Ова страшно ме деморализира, фактот што радо би делеле партнер со друга девојка, одколку да одат со мене. Дури и пратив абер до моите другари да се распрашаат во другите(каде има уште повеќе девојки него машки) дали има некоја слободна девојка кој би можел јас да ја поканам. Но тие се незаинтересирани, пројавија необична себичност за оваа услуга, иако јас редовно им имам правено услуги од типот местење девојки и сл.Се чуствувам тотално предадено.Се чувствувам катастрофално, ова полека ме разјадува одвнатре. Станувам мрзоволен, дразлив, дома и секаде каде што одам ме прашуваат што не е во ред.
Ве молам за некој совет, што да направам. Дали да побарам некоја девојка од другите класови, иако воопшто не сум бил во комуникација со неа? Или на крај сепак ако одам сам на матура како да се соочам со овој проблем?
Ве молам за некој совет, што да направам. Дали да побарам некоја девојка од другите класови, иако воопшто не сум бил во комуникација со неа? Или на крај сепак ако одам сам на матура како да се соочам со овој проблем?