Има посебна тема во овој подфорум за понуда на работа,таму горе прочепкај.
Во врска со темава,соред мене и двете опции се вистинити на ниво на цела Македонија.Скопје има работа,нуди повеќе можности и платите се повисоки поради повисоките трошоци.Но има градови во Македонија кој економски се на раб на егзистенција,нема можности и оние што се нудат според пресметките зијан си да работиш,него дома да седиш повеќе ќе заштедиш.Плата 4000-5000денари,пресметај појадок,транспорт и цигари 30 дена во месецот (бидејќи нема сабота,недела во конфекции),испаѓа дека си во минус.Дома ќе свариш леќа едно тенџере и ќе сркаш цел ден за 40денари.
Но втората опција ми е интересна,барам работа,подобро да не ја најдам.Има луѓе со факултет,магистри уште седат дома чекаат да ги викнат,дали со гулаб или со специјална покана.Некои за 12 000 не работат,тоа им е испод ниво.Други пребираат,ова не ми е струка,за ова не ме бива,шефот ме мрази и слично,не виделе криза затоа се такви.Да се живи мама и тато,пензијата на дедо,цел живот на туѓ грб.Наполнил 22 години,нема пари сол да си фрли во очи,продава демагогии,бистри политики,образование средно жалосно,а никако да му текне еден камион да растовари 500 денари да извади денес.Или цел ден дреме пред огледало 1000 денари за шминки фрла,а незнае да се фати за мотиката да скопа нешто да извади барем за улошки.
Уште нешто што ме нервира на оваа тема е што се срамат да работат земјоделие,се срамат да берат тутун,да продаваат на пазар каде денес ќе извадат за парче леб.А татко им цел ден на нива од утро до мрак за да имаат што да јадат.Језик да им е на таквите деца,што дозволуваат нивните родители да црнчат,да умираат од работа,а они како посматрачи зинале за пари.Некои работат две смени да ги прехранат своите деца,се прашувам со што ли ги заслужиле тие деца.