Нема работа во државна служба со тригодишен факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата Zona Pelucida
  • Време на започнување Време на започнување
Z

Zona Pelucida

Гостин
Студентите кои завршуваат факултет со тригодишни студии според европскиот кредит трансфер систем, не можат да се вработат во државните служби како кадри со завршен факултет. Имено, Законот за државни службеници предвидува ваквите кадри да имаат стекнато најмалку 240 кредити, а студентите кои завршиле тригодишен факултет имаат 180 кредити. Така, овие луѓе ќе можат да работат само како среднисти.

Група вакви студенти испрати анонимно писмо до Алфа телевизија во кое бараат посебна категорија во Законот за државни службеници за нив, оти велат дека според кредит трансфер системот во моментов студираат 30 илјади студенти кои ќе немаат право да се вработат во државна служба според своето образвание. Никој од нив, сепак, не сака да зборува јавно пред камера, оти дел од нив веќе работат во државни институции, но ангажирани хонорарно. Се жалат оти, онака како што сега е поставен законот, никогаш нема да можат да добијат решенија за постојано вработување.

За проблемот не сакаат да зборуваат ни од Агенцијата за државни службеници, од каде упатуваат кон Министерството за правда како ностител на законот. Оттаму, пак, велат дека знаат за проблемот и дека прават напори за негово надминување.

Вероника Марсока Леова
извор Алфа телевизија
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=24699
Па повелете коментирајте,кое е вашето мислење....
 
Друже џабе е тој закон кога кај мене во градот кога одев да вадам документи во општината работеше еден со тригодшни ама СРЕДНО три години и башка одвај пишуваше . Така да според мене ако немаш врски џабе ти е 240 кредита да имаш.
 
Зошто тогаш постојат смерови со тригодишни студии на одредени факултети? :tapp:
 
Значи колку се безобразни! Што да правам јас, т.е што сум јас виновна кога мене мојот факултет не ми дава да бирам дали ќе бидам или нема да бидам со 4, туку сите смерови се направени 3+2??? Па немаат сите пари бе да одат на постдипломски, што им е на нив!!!!! Цццц, СРАМОТА!
 
Ајде бе па и вие, глејте си приватна фирмичка, и така Ј.А. ни е фул, а и плус ти треба партиска книшка.
 
Значи колку се безобразни! Што да правам јас, т.е што сум јас виновна кога мене мојот факултет не ми дава да бирам дали ќе бидам или нема да бидам со 4, туку сите смерови се направени 3+2??? Па немаат сите пари бе да одат на постдипломски, што им е на нив!!!!! Цццц, СРАМОТА!

Не е само финтата со државни службеници, иако ова боли доста, зашто државата е таа која го смени образованието, државата е таа која ја донесе болонската декларација и кредит трансфер системот, таа е онаа која се залагаше за подобро образование на правниците и нивно диплимирање со 3 години, како што било и во странство и на крај курац нема работа за вас. Запишете си се уште 2 години, дадете уште 1600 евра за партиципација за постдипломски и уште 500 за магистерска, па после може да работите.
Ебате државата.
Плус не може ни да се стажира, значи пак мора да завршиш 5 години, зашто ниеден адвокат не те прима.
Со диплома од правен факултет и звање дипломиран правник може да си келнер или продавачка.
И после ќе ставаш огласи во весник М-р по правни науки Трајко Трајков после 5 години учење моли за било каква работа...
 
Не ми е јасно, секаде во светот е 3+2. Што е со Македонијава? Иако не игра кујзнае колкава улога, сепак нечинат вакви работи. Факт е дека без познанства НИКАДЕ НЕМА да се вработиш, али сепак може ова и те како да те кочи ради разни бенефиции кои ги нудат на тие што се со факултет...
 
Нека нема искрено ме заболе лев тестис за државната администрација, во немоќ како да се искаже дека едноставно не може да има повеќе вработување во нејзе, ќе се носат вакви одлуки.
 
Јас завршив факултет за јавна администрација со 4 години и 240 кредити,и можам да потврдам дека не е исто како и јавна администрација со 3 години-едноставно,јас имам 54 испити а тие со три години студии само 30!!!
Ете тука е разликата!Чаре?Ќе си запишете постдипломски и можете во државна служба,ако толку љубите!!!Можеби не ви е сеедно,ама и мене не ми беше сеедно со 24 испити повеќе:smir:
 
^А што да правиме со тие факултети што се само со 3 години? Ти сепак си можел да бираш. Значи сите денес магистри ќе мора да се :)
 
Јако нема шо... пу пу пу, неважи. Кај ќе го следат пастирот цел живот, кај ќе гледаат црвено-плаво цел живот, сега партиските војничиња мораат да имаат и 240 кредити.

Се прашувам дали тетката во шалтерот на комерцијална банка што неможеше да го прочита dzish и незнаеше да ми активира он-лајн проверка на сметката има 240 кредити....
 
^А што да правиме со тие факултети што се само со 3 години? Ти сепак си можел да бираш. Значи сите денес магистри ќе мора да се :)


Прашајте го паметниот министер за образование,тој знае!

--- надополнето ---

Јако нема шо... пу пу пу, неважи. Кај ќе го следат пастирот цел живот, кај ќе гледаат црвено-плаво цел живот, сега партиските војничиња мораат да имаат и 240 кредити.

Се прашувам дали тетката во шалтерот на комерцијална банка што неможеше да го прочита dzish и незнаеше да ми активира он-лајн проверка на сметката има 240 кредити....

Не знам за тебе,но на мојот факултет не учеа да бидеме професионална,непартиска јавна администрација!Е сега која е реалноста е друго прашање
 
Не знам за тебе,но на мојот факултет не учеа да бидеме професионална,непартиска јавна администрација!Е сега која е реалноста е друго прашање
Tи си вработен/а во јавна администрација и немаш партиска книшка... така? Па ова од искуство го зборуваш?

Инаку за учење на факултет, шо да ти кажам, не отепаја од едуцирање. Најдоброто нешто од факсот е дружбата со колегите... за учење и онака не ме интересира какви техники се користеле пред 30 години.
 
Јас завршив факултет за јавна администрација со 4 години и 240 кредити,и можам да потврдам дека не е исто како и јавна администрација со 3 години-едноставно,јас имам 54 испити а тие со три години студии само 30!!!
Ете тука е разликата!Чаре?Ќе си запишете постдипломски и можете во државна служба,ако толку љубите!!!Можеби не ви е сеедно,ама и мене не ми беше сеедно со 24 испити повеќе:smir:
Кој е тој факултет што има 24 испити во 4та година?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom