Z
Zona Pelucida
Гостин
Студентите кои завршуваат факултет со тригодишни студии според европскиот кредит трансфер систем, не можат да се вработат во државните служби како кадри со завршен факултет. Имено, Законот за државни службеници предвидува ваквите кадри да имаат стекнато најмалку 240 кредити, а студентите кои завршиле тригодишен факултет имаат 180 кредити. Така, овие луѓе ќе можат да работат само како среднисти.
Група вакви студенти испрати анонимно писмо до Алфа телевизија во кое бараат посебна категорија во Законот за државни службеници за нив, оти велат дека според кредит трансфер системот во моментов студираат 30 илјади студенти кои ќе немаат право да се вработат во државна служба според своето образвание. Никој од нив, сепак, не сака да зборува јавно пред камера, оти дел од нив веќе работат во државни институции, но ангажирани хонорарно. Се жалат оти, онака како што сега е поставен законот, никогаш нема да можат да добијат решенија за постојано вработување.
За проблемот не сакаат да зборуваат ни од Агенцијата за државни службеници, од каде упатуваат кон Министерството за правда како ностител на законот. Оттаму, пак, велат дека знаат за проблемот и дека прават напори за негово надминување.
Вероника Марсока Леова
извор Алфа телевизија
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=24699
Па повелете коментирајте,кое е вашето мислење....