Нема работа ни во приватниот сектор

  • Креатор на темата Креатор на темата Nebo
  • Време на започнување Време на започнување
Доколку има некој во главата ке проба надвор и најголемиот дел ќе се снајде макар и почнал со некоја амалска работа ... понатаму ќе има прилика доколку е амбициозен да пронајде нешто подобро кое што ќе му одговара и финансиски и интелектуално.
 
Точно, има работа посебно во IT сектор за ептен солидни плати но треба да те бива. Други сектори кои моментално поминуваат добро се архитектура, машински, медицина и горе долу сите занаетчиски (фризери, шминкери, столари...)

Незнам што сите се фатиле за обезбедување и чувари, седнете, разгледајте што пазарот нуди и остручете се.

Бегање надвор е најлесно но имајте на ум дека таму ќе ве третираат како граѓани од најнизок ред, ќе чистите wc-а за 2-2500 евра или ќе мешате малтер

Не е најсјано тука но со упорност ќе се снајдеш

Заборави градежништво. Тука има секогаш работа само што дипломата таму не им ја бараат. Бараат срце рука и лопата.
 
Со задоволство би те вработил ама имам +3 пријавени вработени на грб,џабелебојадачи(ништо не работат а земаа плата).
Од овој месец им ги собрав трансакциските па само придонеси имаат платено да им се најде стаж колку за пензија.
 
Работа во приватниот сектор ќе има оној момент кога касиерките во КАМ/Веро/Тинекс/Тедико/Дон/Рамстор/СПмаркет ќе работат за минимум 400 евра, кога еден градежен работник секој викенд со својот нов Нисан Кашкаи ќе може да го носи своето семејство на море, езеро или планина, кога невработеноста ќе падне под 10%. A невработеноста ќе дојде на ниво од 10% некаде во периодот од 2088-2094 година...
 
Абе јбг тоа е ќе мора да се снаоѓаме некако. Планирам да почнам свој бизнис земјоделие нешто. Сите од село у град ја од град у село хаха. IT сектор се бара и имам познавање од компјутери али па бараат сертификати Cisco Java Photoshop и други и тука е заебано. Но ме курчи тоа што гледам каква неправда се дешава. И тие што се вработени на јаки позиции ќе ти солат памет како на пример не се трудиш, пребираш ваму таму.
 
Одамна е така, ништо ново. Секаде треба да познаваш некој. Некои викаат дека техничките струки демек поперспективни мада и тоа е под знак прашање. Имам во фамилија луѓе со тие факултети ама не им оди баш нај нај и од кога знам за нив не се ич задоволни. Така да...
 
Шо вика Цацко "Ва држава не е држава" (y)

За кого како. Знам семејства кај што сите луѓе работат во администрација, мајката такото и двете деца. Сите 4 души по 25 000, 100 000. А има и такви каде што никој не работи. И тие такви ќе ти солат памет ејјјјјјјјјјјјј.
 
Од пред 8 10 години до сега цената на струјата е зголемена за 100 % може и повеќе со тиа 200 евра што ќе си ги земал тогаш и сега не е исто пред 10 години струја сметката беше 800 до 1000 денара за 300 kwh сега како што се зголемува цената толку ќе почнат да ни идат за вода сметките за 3 члено семејство работа за некои со 25 + години стаж нема за џабе се одвојувале толку пари за агенцијата за вработување . А да не збориме за младиве 8050 денари минимална плата па ќе ти се изживуваат врз тебе како ти си под тиа менаџери газди директори итн. Кратат на дневници како нив им одговара дури по 100 евра замисли одиш 28 дена на работа треба да земиш околу 13 илјади 14 илјади а ти даваат 8000 денари .

Што да правиме кога Електростопанство го продадоа 2005 г.?

Додуша јас секогаш ги споредувам сметките за зимскиот период, така да ако пред 10+ години плаќав за струја по 12.000+ ден. месечно (поради некои казнени поени за повеќе потрошена струја), сега сметката не ми преоѓа од 9000 денари во зимскиот период.
Летен период порано плаќав по просек 1500 денари месечно, сега околу 1800 денари.
--- надополнето: 14 февруари 2014 во 23:16 ---
Работа има колку да сакаш, само нема легачка. Тоа е маката.

Додуша некои сакаат да станат шефови и директори од првиот работен ден, а работата да им се состои само од седење на биро и читање вести и интернет сурфање :)
 
Последно уредено од модератор:

Ај прочитај поубаво што пишувам. Барам работа ко чувар никој не ме вработува. Барам работа за 8500 со субвенции пак нема работа
 
Последно уредено од модератор:
За кого како. Знам семејства кај што сите луѓе работат во администрација, мајката такото и двете деца. Сите 4 души по 25 000, 100 000. А има и такви каде што никој не работи. И тие такви ќе ти солат памет ејјјјјјјјјјјјј.

Луѓето со идеи, претприемчивост и големо знаење од некоја област немаат потреба од работа во администрација или да бараат работа од приватници, туку сами можат да се снајдат добро и тоа во Македонија.
--- надополнето: 14 февруари 2014 во 23:23 ---
Ај прочитај поубаво што пишувам. Барам работа ко чувар никој не ме вработува. Барам работа за 8500 со субвенции пак нема работа

Не мислев на тебе. Пишував општо за некои кои високо летаат.
--- надополнето: 14 февруари 2014 во 23:26 ---
Работа во приватниот сектор ќе има оној момент кога касиерките во КАМ/Веро/Тинекс/Тедико/Дон/Рамстор/СПмаркет ќе работат за минимум 400 евра, кога еден градежен работник секој викенд со својот нов Нисан Кашкаи ќе може да го носи своето семејство на море, езеро или планина, кога невработеноста ќе падне под 10%. A невработеноста ќе дојде на ниво од 10% некаде во периодот од 2088-2094 година...

Каде во светот градежен работник може да си дозволи Нисан Кашкаи?

Можеби продавачите во маркетите за 5-10 години ќе земаат 400 евра плата, ама пак не ќе можат да си дозволат Кашкаи ако живеат исклучиво од плата.
 
Последно уредено од модератор:
За кого како. Знам семејства кај што сите луѓе работат во администрација, мајката такото и двете деца. Сите 4 души по 25 000, 100 000. А има и такви каде што никој не работи. И тие такви ќе ти солат памет ејјјјјјјјјјјјј.
Остај ги тие плакати лепат
 
Што да правиме кога Електростопанство го продадоа 2005 г.?
:)
А заборави изгледа на кој остана елем и тиа другите што произведуваат струја ? И поради кои работници се дига цената на струјата ? И тоа го забораваме ние во Македонија значи 60 % може и повеќе ако почниш да рачунаш 18 % ддв па 170 денара или колку им доаѓа на државата а како што знам и 33,33 % пак го зимаат како елем и другите државни компании кои прават струја и плус тоа што ја продаваат струјата на EVN па они немаат ни 10 % нивна произведена струја во македонија што ни ја продаваат на нас значи ќе кажам колачот го зима државата и џаболебарите не го заборавај тоа додека елем граде ски лифтови ски патеки и 300 други глупости што немаат допирна точка со производство на струја ние тука ќе тепаме глава како ќе ја платиме сметката за струја . И јас незнам на колку луѓе што мислат дека поради продажбата на Електростопанството се дигаат цените на струјата ќе кажам и сега НЕ . Не е поради тоа туку регулаторната комисија си а подига цената кога државата ќе мора да им покача платите на тиа што дремат како во ТЕЦ Неготино или да примат плус кадар што седат и стискат едно дугме и што грицкаат сончоглед за време на работа и се ова се дешава во време на избори . :)
Значи :

18 % од сметката оде за државата плус за уличните 170 денари плус од 33,33 % одат и тиа за нив поради тоа што поголемиот дел од струјата го произведува ЕЛЕМ а да и плус што ја продаваат струјата на EVN Македонија .
 
Каде во светот градежен работник може да си дозволи Нисан Кашкаи?
Нов чини 20.000 eвра . Во таканаречена „НОРМАЛНА“ држава како Скандинавија, Австрија, Германија, Катар, Канада, Нов Зеланд...
Можеби продавачите во маркетите за 5-10 години ќе земаат 400 евра плата, ама пак не ќе можат да си дозволат Кашкаи ако живеат исклучиво од плата.
За 5-10 години убо ќе е да бидат 400 евра платите на продавачките. Ама то ќе е за следните 50-100 години...
 
А заборави изгледа на кој остана елем и тиа другите што произведуваат струја ? И поради кои работници се дига цената на струјата ? И тоа го забораваме ние во Македонија значи 60 % може и повеќе ако почниш да рачунаш 18 % ддв па 170 денара или колку им доаѓа на државата а како што знам и 33,33 % пак го зимаат како елем и другите државни компании кои прават струја и плус тоа што ја продаваат струјата на EVN па они немаат ни 10 % нивна произведена струја во македонија што ни ја продаваат на нас значи ќе кажам колачот го зима државата и џаболебарите не го заборавај тоа додека елем граде ски лифтови ски патеки и 300 други глупости што немаат допирна точка со производство на струја ние тука ќе тепаме глава како ќе ја платиме сметката за струја . И јас незнам на колку луѓе што мислат дека поради продажбата на Електростопанството се дигаат цените на струјата ќе кажам и сега НЕ . Не е поради тоа туку регулаторната комисија си а подига цената кога државата ќе мора да им покача платите на тиа што дремат како во ТЕЦ Неготино или да примат плус кадар што седат и стискат едно дугме и што грицкаат сончоглед за време на работа и се ова се дешава во време на избори . :)
Значи :

18 % од сметката оде за државата плус за уличните 170 денари плус од 33,33 % одат и тиа за нив поради тоа што поголемиот дел од струјата го произведува ЕЛЕМ а да и плус што ја продаваат струјата на EVN Македонија .

Овие EVN другиве OKTA исто срање. Абе со таа транзиција уште ќе ни продаваат муда. Иначе Груевски е исто толку крив колку и Бранко за стечајците. Не ми е до политика али на сите симпатизери на Никола Груевски ќе им споман само нешто ФЕСАЛ 2. Кој е добро информирам неможе да биде изманипулиран од Сител и други телевизии
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom