Нема работа ни во приватниот сектор

  • Креатор на темата Креатор на темата Nebo
  • Време на започнување Време на започнување
Работа има пари нема друже запамти го ова, во твојава струка сум запознаен со спортов што се бавам и имам доста пријатели по агенциите за обезбедување, за вработување може и ќе најдеш нешто али за пари е проблемот. Стегни се учи јазик и бриши од земјава, или ако можеш некако инвалидска пензија да извадеш ќе бидеш најпривилегиран, нели да си пензионер е најдобро нешто во државава.
Многу им ги намалија платите дури за таква терсене работа смешно е да не може со парите да се исхрани за стварно да е спремен за обезбедување. Доста од тие што го работеа тоа и идеа вежбаа, последно време напуштија и теретани и работа. Еден од нив отиде на брод ама таква работа на брод колку е за фамилијарен човек, не знам. Тотално е со несреден живот.
 
Се разбираме потполно, јас се бавам со бодибилдинг, тренирав ММА и кикбокс и сум во контакт со луѓе од оваа струка многу, платите се ниски, за тоа си во потполно право дека со оваа плата нема да успеат да купат само храна и суплементи за нив за да ја одржуваат формата, а камоли да прехранат фамилија, но тоа е во секоја струка во последно време кај нас.
 
Факултет за безбедност, лиценца за обезбедување, положени испити за државен и јавен службеник со максимум бодови

Немој да кажеш дека досега не си извадил бг пасош :D
На CV-то не пишувај дека имаш завршено факултет. Тоа е една од причините поради која сите приватни фирми ве одбиваат.
Обезбедување во затвор таму е партиски или услов да си боксер или борач.
 
Факултет за безбедност, лиценца за обезбедување, положени испити за државен и јавен службеник со максимум бодови

Вакви кадри ни требаат, ептен дефицитарни се. Посебно за државен службеник.
Јас не би ти препорачал да заминиш од земајта. Јас просто те молам аман замини од земјата. Јазик успат ке научиш, гледам способно и снаодливо дете си.
 
Убаво ти зборуваат,не биди смотан,земи јазици учи,научи англиски,шпански или француски ... колку години имаш ?! ,млад си ли,никогаш не е касно да започнеш и факултет,ќе ти биде тежок почеток,но вреди многу,имам видено колеги кои се без работа,42 години,момемтално 2 или 3та година се,учат на Електро со мене ... Едноставно се борат .... а со фамилии се, а се во средовечност години се .... вложувај во себе пари за знаење ... Можеш и на брод да отидеш како шо велат ... ако одиш,млад си навистина,искрено заборави малку на социјален живот,искрено вреди заради пари,патување и непроценливо искуство,6 месеци си на брод,можеш и да направиш контакти со многу луѓе надвор и пријатели,може и да ти помогнат да те повлечат да живееш надвор ... :)
 
За државна работа не ни правам муабет. Ако немаш врски или книшка џабе. Сега ни во приватниот сектор неможеш да се вработиш. И таму бараат врски, државава се повеќе тоне. Сеа искочи некој проект на Владата за вработување со субвенции за 8500 плата. И таму поднесов апликации во агенција за вработување ни таму нема одговор. Катастрофа поготово за младите што се без врски.

И јас преку истиот проект бев во една фирма само на разговор и ми викаат за три месеци ќе земаш 4, 500 денари, ќе работиш по 12 саати и може нема да те примиме понатаму. И не ми се јавија, не сум поминал... Иронијата да биде поголема од завод ме праќаат во фирма за приврмени вработувања, а овие од вторава да ме испратат каде имаат празен простор и да работам за нив, а парите да идат од завод. Нив им доаѓа гага. :facepalm::tapp:

Иначе ти ова шо кажуваш, јас кажувам на форумов ама на портокаловите не им е јасно, мислат дека се розево. Без разлика што имаш завршено. :) И да - не обидувај се да се докажуваш на форумов, сите знаат што се случува само се прават терсене и си тераат сеир со туѓа мака.
 
И ј
И јас преку истиот проект бев во една фирма само на разговор и ми викаат за три месеци ќе земаш 4, 500 денари, ќе работиш по 12 саати и може нема да те примиме понатаму. И не ми се јавија, не сум поминал... Иронијата да биде поголема од завод ме праќаат во фирма за приврмени вработувања, а овие од вторава да ме испратат каде имаат празен простор и да работам за нив, а парите да идат од завод. Нив им доаѓа гага. :facepalm::tapp:

Иначе ти ова шо кажуваш, јас кажувам на форумов ама на портокаловите не им е јасно, мислат дека се розево. Без разлика што имаш завршено. :)
јас бев исто така,во МекДоналдс Тафталиџе ме повикаа,една со плава коса шеф им беше,ми вика пола плата,ми се одбивало од осигурување она овоа, за почеток 3 смена при три месеца ми вели од 22 до 6 ако сакаш,ја викам ајде нема проблем,сепак прва работа ми во живот ќе ми биде,ок помина се,ми вика задоволни,она овоа ме "испофали ја" демек, ќе ти се јавиме шо си направил ... Утредента ми се јавуваат,не си поминал за жал,подоцна дознав преку луѓе, примиле некој си кои се без ништо,ни јазик,ни компјутер,за подоцна 15 дена да дале отказ :D
 
Тие па тие.. :facepalm: И они истото го правеа со Заводот и после ги баталуваа. Имаат искуство со нив и други од форумов. Дури и во ЃП кај Жито Велес имаа огласи дека бараат вработени. Кој знае колку луѓе се среќни дека заминаа. :D
 
Чудо е во каква WC-шолја се претвори форумот , какви се гомна не пливаат низ него ..
Како бе можете да селадете на туѓа мака ?

Инаку најчесто се нуде работа ко магационер со ептен слаба платена работа и пректички без права на работникот. Таман со диплома да чистеш магацини и да истовараш камиони,оти нели во знаењето е силата.
 
Види, кај нас во Скопје да идеш во Веро магацин одма ќе те примат. А колку ќе издржиш таму и за која плата ќе работиш... Се тоа, ама притисокот кој ти се ствара најтешко е. Работа под притисок мочај и се. Јас разбирам секоја работа своја тежина, ама се заминува ептен под психичко малтретирање покрај физичкото.
 
Зависи од фирма брат и шефови ќе се погодат,во Карфур бев,супер беа шефовите и солидна плата,осигуран и се, но напуштив зш бркам за надвор .. :)
 
А бе плата е 10000 денари со ризик да ти ја скршат главата :icon_lol:. Толку дневница е некаде за помал ризик :icon_lol: (не во земјава :icon_lol:).
 
Се разбираме потполно, јас се бавам со бодибилдинг, тренирав ММА и кикбокс и сум во контакт со луѓе од оваа струка многу, платите се ниски, за тоа си во потполно право дека со оваа плата нема да успеат да купат само храна и суплементи за нив за да ја одржуваат формата, а камоли да прехранат фамилија, но тоа е во секоја струка во последно време кај нас.

Колку се платите точно ?
 
Види, кај нас во Скопје да идеш во Веро магацин одма ќе те примат. А колку ќе издржиш таму и за која плата ќе работиш... Се тоа, ама притисокот кој ти се ствара најтешко е. Работа под притисок мочај и се. Јас разбирам секоја работа своја тежина, ама се заминува ептен под психичко малтретирање покрај физичкото.
Зависи кој како плаќа. Со работа во магацин за делови од коли, алкохол се издржував себеси како студент, а потоа кога се оженив и фамилијата...Ама не беше лошо платено така да не би бегал од таква работа, ако е добро платена. Под добро платено подразбирам да издржуваш семејство и од жената парите фазла да ти останат. Ама овие сеќавања ми се од многу одамна.
Сега е цената на трудот (зборам за чесниот труд, оној нечесниот во Македонија е на висока цена) одвратно намалена, а на производите и услугите многу зголемена. Затоа не се исплати работа во магацин или погон каде не плаќаат.
Едино што се исплати ако си млад и во полна снага е, пали патиките и бегај.
 
Просечна плата е 12 илјади со осигурување,но мора да бидеш малки физички спремен,ако работиш,земи обавезно медицински појас,има по аптеките мислам :) работиш 6 дена во неделата,слободен ден ротира,дали сабота,среда,четврток,зависи :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom