Нема партиски вработувања? До кога ќе се лаже јавноста!

  • Креатор на темата Креатор на темата GRUNGE
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би побарале партиска книшка за вработување/студирање?

  • Да од СДСМ

    Гласови: 4 5,9%
  • Да од ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 15 22,1%
  • Да од друга партија

    Гласови: 3 4,4%
  • Не

    Гласови: 46 67,6%

  • Вкупно гласачи
    68
Кажи им,како одат процедурите во ВМРО за вработување:)Прво вадиш книшка,па фаќаш пријател партиски,кој се знае со пратеникот или министерот,па му ги оставаат твоите документи кај него на маса за работното место,потоа ги силуваш на телефон,додека не си здосадиш на самиот себе.Кога ќе завршат формалните интервјуа кој траат 5 минути,фино лепо одборот за примање на нови административци,воспоставува телефонски повик до месната организација,која дава подршка за членот.Членот го повикуваат во даденото министерство да потпише договор на дело,кој после 6 месеци во зависност од врската му го продолжуваат.Истата постапка ја имаше и СДСМ.Значи сите оние кој биле први на списокот по знаење,овде паѓаат во средина,макар биле и со 9.99 просек,нема шанси да влезат во јавен сектор непартиски.Ако слушнете поинаку,бидете сигурни дека ве лажат.

Така е 100%. Нема вработување во Администрација без партиска книшка или твоја или на некој твој близок татко, мајка, тетка, чичко.
 
Денес баш проструи низ БТ јавност дека ќе има општински комитет од ВМРО-ДПМНЕ зад затворени врати каде ќе се решаваат вработувањата. Многу луѓе деновиве им висат работните места (што се на договор на дело) и сите се во исчекување. Епа наздравје нека ни е!
 
дали има уште некој слеп кој верува дека не е така??? Оди на интервју во која било државна институција па да видиш како стојатработите.
Ми ја навредуваат интелегенцијата со вакви тврдењз. затоа јас никогаш,ама баш никогаш нема ни да конкурирам у државна институција. не вред иза 15 000 јас да си неам мир на душата и поготово на избори.
Е затоа иаме слаба државазашто партиските кадри се чисти идиоти. да потенцирам не зборам само за вмро и сдсм се исти говна. Секој кој збори еднострано јас лично го сметам за партиски војник на дргата партија.
 
Се знае дека се исти говна! Ни едните ни другите. Не знам зошто народот воопшто излегува на избори. Ама ако дур има овци ќе стрижат.
 
Мислам дека дојде време Администрацијата во Македонија да ги зголеми своите “капацитети“ на 200 000 вработени,со што би се осигурала излезност на сите избори кој ни предстојат во иднина.Само така ќе може со сигурност да се каже дека некои избори ќе бидат успешни,се разбира доколку власта не смисли план “Б“ со кој гласањето ќе стане обврска,за да се обезбедат “пастири“ на стадото кое очигледно исчезнува со вакви “пастири“.:toe:
 
дали има уште некој слеп кој верува дека не е така??? Оди на интервју во која било државна институција па да видиш како стојатработите.

Си бил ли некогаш на интервју во државна администрација,да го опишеш од агол на правник(мислам дека си правник по струка)?
Јас незнам дали само врз економистите лечат фрустрации или врз сите струки.
 
Си бил ли некогаш на интервју во државна администрација,да го опишеш од агол на правник(мислам дека си правник по струка)?
Јас незнам дали само врз економистите лечат фрустрации или врз сите струки.

Во секоја струка е така верувај. а најтажно е што од правен аспект секое вработување е легално. зашто?
Си има конкурс, соодветно објавен. И нормално секој невработен ќе се пријави. После тоа или сите пријавени се викаат на интервју или од пријавени селективно се одбираат оние со најдобри ЦВ-а. После тоа се иде на интервју, кое може да е кратко но може и долго. Ќе ги ислужаат сите кандидати согласно уставот и законските прописи нели. И после.....донесуваат одлука за тоа кој е вработен или не. Колку и да е јасно дека е тоа така, не можеш да докажеш или да се буниш. зашто на крај си има некој инокосен или колегијален орган кој има дискрециони права во постапката за вработување. Ете тоа е, не треба да си многу бистар за да најдеш дупка у закон, да го заобиколиш да речеме.
Меѓутоа не е сегде така. да речеме имама роднина кој пред 3-4 години се вработи во државна институција. Си беше на интервју, имаше тест и го вработија.Колку што се сеќавам немаше ни врски ниту се бараше партиска книшка. сепак генералната констатација останува таа- дефинитивно се вработува во администрација со книшки и врски, а не врз основа на знаење и способности.Тажно но вистинито.
 
Се знае дека се исти говна! Ни едните ни другите. Не знам зошто народот воопшто излегува на избори. Ама ако дур има овци ќе стрижат.
kupleraj bez k...i ne biduva pa i drzava bez politicari...narodot izleguva na izbori od moralna pricina- zatoa sto mora da izbira toa mu e obvrska kon drzavata....:oeoeoe:

ni mene pa ja skinav:toe:
pa radapcigeru loso si napravil, eden den ke bides prinuden da baras nova kniska i te kako ke ti bide potrebna, garnt bidi siguren:cuc::cuc::cuc:
 
Има, има. Кај мене (државна администрација) само колку вработија, ехеее.
 
На служба само за дружба

Само во Министерството за култура има десетици вработени што примаат плата, но немаат услови да сработат што било

Освен плата, работодавецот е должен да им даде и работа на вработените во државната администрација
Бифето во Министерството за култура до неодамна беше најголема канцеларија во која во текот на работното време седеа десетина државни службеници, вработени врз основа на рамковниот договор. Вревата што ја правеле почнала да им пречи на претпоставените, па тие им го ограничиле престојот во бифето. Службениците од „работните“ места во бифето се префрлени во канцеларии каде покрај три бироа сега седат и по шестмина вработени. Во такви услови, некои работат, а некои може само да седат.

До последните парламентарни избори овој проблем не се поставуваше, бидејќи четириесетина новопримени службеници воопшто и не доаѓаа на работа, а примаа плати. Недостиг од бироа и канцеларии се појави кога, по изборите, дојде нов министер и тие се исплашија дека ќе ги загубат работните места.

Државните ревизори утврдија дека за нивните плати се потрошени 130.000 евра, а од нивната „работа“ нема никаков ефект. Завчерашниот ревизорски извештај за работата на Владата во 2007 година откри поразителен факт дека дел од припадниците на етничките заедници, кои се вработуваат за да се исполни обврската за нивна соодветна и правична застапеност во државните органи. Тие службеници не работат ништо од проста причина што работодавецот, односно државата, не им обезбедила ни елементарни услови за тоа.Случајот со ова Министерство, каде што тврдат дека со преселбата и со новите канцеларии ќе се создадат услови за работа, не е единствен. Вработен во Министерството за образование, кој сакаше да остане анонимен, ни изјави дека и таму бифето врие од вработени без работни обврски.

- Истовремено, во мали канцеларии работиме и по четворица, зашто, едноставно, нема доволно место за сите - вели тој.Државниот секретар Дарко Митевски вели дека условите за работа се како и во другите министерства, што значи дека речиси во секоја канцеларија има „вишок“ вработени.Вицепремиерот Абдулаким Адеми, задолжен за спроведување на рамковниот договор, вчера потврди дека постои проблем со вработените припадници на етнички заедници.

- Многу брзо ќе има одлука на Владата за тоа каде ќе работат. Точно е дека во Министерството за култура проблемот е најприсутен. Анализираме колку се и каде има вработени според обврските од Охридскиот договор - изјави тој.Според последните податоци, од крајот на 2007 година во државните служби се зголемува бројот на припадниците на етнички заедници. Највисока стапка на вработување од 17,42 отсто имаа Албанците. Според статистиката, вистинскиот процент треба да биде околу 25. Вицепремиерот Адеми најави дека од август минатата година во тек е реализација на три конкурси за вработување во државните служби на околу 860 припадници на етнички заедници.

- Ние сме примени како државни службеници и тоа сакаме да останеме. Пред неколку месеци ни понудија да не' префрлат по општините, во музеи, галерии, домови на културата за да имаме каде да работиме. Но, одбивме бидејќи со тоа ќе го загубиме статусот на државни службеници - изјави вработен во Министерството за култура.Правните експерти укажуваат дека вработувањата, без да се обезбеди работа за примените, се бесмислени.

- Државата, како работодавец, е должна на секој свој вработен да му обезбеди услови за работа. Во спротивно, некој мора политички да одговара, зашто дозволува да се даваат пари за плати, без ангажман. За тоа што не работат ништо не се виновни вработени, туку тој што ги ангажирал - смета универзитетскиот професор Тито Беличанец.Според процените, во државните служби и во јавната администрација има над 120.000 вработени, наспроти предупредувањата дека тоа е преголема бројка.
 
Имало и ќе има партиски вработување,освен ако ги нема сите партии па могуче е тогаш да нема :toe::vozbud:
partiskoto vrabotuvanje ke go snema, koga na pazarot za trud ke ima nedostatok na rabotna raka. dodeka pazarot e zasiten od rabotna sila ke se manipulira na toj nacin, "se znae partisko vrabotuvanje":zlo::zlo::zlo::hump:

Cekajte bre lugje,zarem voopshto ima vrabotuvanja kaj nas?
pa moze da se kaze, -na mala vrata- ako imas potreba ne e ne odmet da imas partiska kniska...od onie portokalovite :vozbud::vozbud:
 
pa moze da se kaze, -na mala vrata- ako imas potreba ne e ne odmet da imas partiska kniska...od onie portokalovite :vozbud::vozbud:[/quote]

Jas imam od Angela Merkel,ne vleguvam vo konkurencija znaci?
 
pa radapcigeru loso si napravil, eden den ke bides prinuden da baras nova kniska i te kako ke ti bide potrebna, garnt bidi siguren:cuc::cuc::cuc:

мрдни се од место бе, не коби:).....информативно само, јас книшката ја фрлив 94год кога дедо киро одеше по земја и си ја презедов судбината во
свои раце
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom