Негување на маалски живот

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Маалскиот-комшискиот соживот е основата на нашето семејство.
Имаме многу соседи со кои добро живееме, си помагаме, пиеме кафе, кучињата наши си играат ...
Нашата куќа е секогаш отворена за пријатели ... па дури често се случув аи без најава да ни дојдат гости кои секогаш со целото срце и гостопримство ги примаме
 
кому не му недостига маалскиот живот? по цел ден на улица, де на една улица, де на друга. дечишта собрани од сите страни, поголемите ќе играат фудбал или нешто слично, а помалите растрчуваат на сите страни. кој го пратиле да оди во продавница, кој чува стража за нешто, кој им ја подава топката, кој полни шише со вода.....
единствено нешто што ме нервираше уште кога бев дете во маалскиот живот е трачарењето :nesvest:. значи имаше неколку т.е. не неколку, повеќе беа жени без работа и одеа од куќа на куќа за да трачарат. во нашата улица има(ше) 3-4 такви жени и по цел ден де кај едната, де кај другата. си влегуваа, си излегуваа ко дома да се кај нив, а всушност на ’’гости’’ одеа.
да се надоврзам на убавите работи како на пр. крадење: јаболка, лешници, јагоди, сливи, црешни.....
 
Сеуште постои маалски живот! Али е редок културен настан како банкнота од 5000 денари во новчаник на шофер во ЈСП со име Гоце (не е тој шо мислиш) Се верува дека маалскиот живот се оддржува во некои приградски населби во Скопје (Битола нема аеродром, Охриѓанине се скапи) каде што сеуште се одржуваат тајни натпревари во серва меѓу екипите на Јуниор и Сениор, пензионерско-женско оговарање со часови, пензионерско-машко оговарање со мезе, правање на картонски бункери од "малишаната" за идната војна со Сиера Леоне, играње Џамија (или како и да се викаше тоа со камења шо се праи и со топка шо се руши) каде што ќе помине некоја тетка со пењоар и ќе ја руши џамијата со својата Чик Куманово влечка пролет/лето 1996 а работната машка класа седнати пред локалната продавничка со пиво ги решава глобалните политички проблеми со фудбалски испади. Еве кај мене у маало сеуште постои ова. Малскиот живот постои. Само немој да сте им кажале дека не се во мода, ке стават MaxTv, ќе стават двојни врати со решетки, ќе ја бомбардираат продавничката сосе клупата и со тоа ќе бидете атентатори на последниот Мохиканец во Западно Скопје. Иако и оние од Социјалистичка Зора се добри во маалското....
 
Додека растев околу мене имаше еден куп деца и секој ден бевме на улица, игравме кошарка најчесто, некогаш и фудбал и машки и женски. Се тепавме, се радувавме, скокавме... Возрасните се мешаа само кога нечие дете ќе си одеше дома расплакано и натепано и настануваше хаос, а меѓусебно никогаш не се дружеле нешто особено. И сега е истата ситуација, малите се собираат и знаат да поиграат жмурка, да се бркаат со топка и да пробаат да се покажат пред „големите“. Знам да се занесам некогаш додека ги гледам како играат. Имаат компјутери, фејсбук и сајбер игри, ама сепак поинтересно им е надвор кога ќе се соберат сите и баш ми е мило што со новите генерации не згаснаа игрите што ние ги практикувавме.

Некој погоре го спомна скечот на К-15.



ФАЛА
 
Па во последно време доста го негувам (што се вика) маалскиот живот, зошто градов више ми е монотон. Се едно па исто се случува. Не дека во маало не се случува се едно па исто, ама добра е промена да се направи малку. Најинтересниот дел од се е што секогаш си прифатен во маало, без оглед на тоа колку си шетал, колку си ги занемарил луѓето што живеат во твоја околина, што и тоа му дава еден плус на маалското дружење.
 
Е ако ново лисиче нема маалси живот, не знам која населба има.
 
Зачленет сум во групата на Фејсбук од мое маало. Кај мене во село сеуште егзистираа иако не е со таа динамика како порано кога наредени пред гулабарник се претерува цело маало со род кој фатил четворка на лото, која невеста ја плеснале туѓи мадина, кого го направиле парче по комари и кој има најубав бастер. Умреа тие времиња ова како малооносталгија
 
Денешниов маалски живот и да го има, не е добар. Се што учат децата од улицата ден денес е како да станеш џанак. Нема ништо убаво во маалскиот живот.

Уште пред да тргнам во училиште сум дремела по маало и сум играла народна ил граница, ама ништо убаво од тоа. Сега само се поздравувам со фаците со кои што сум играла народна или сме праеле бељи у школски двор. Некако...не ми се враќаат убави спомени.
Незнам што има убаво во тој „маалски живот“.
 
Малскиот живот :wub: ...
Фала му на Бога уште е жива сликата во моето маало. Крадење овошја, гредење куќички на дрво, прибирање животни од на улица, изигравање продавачи со тезги (играчки од по дома, на Велигден праење јајца од гипс, собрани цвеќиња ...), играњето црно-бела лимонада, ќоро петле, криш-миш, бркана, фудбал, кантер во живо со пластични шат-гани и пиштоли на вода, тепање со балони полни со вода, пентерење по бродој, шетање низ цело кале, копање злато, праење белји на комшите (подоцна карани, а неколку минути подоцна укажана блага насмевка), играње карти, збирање салфетки и менвење со детска пошта, играње кошарка кај старото школо, нишање на нишалките, ѕвонење по домофони, играње ред други игри и многу многу многу други работи стојат зад денојте на улица ...
Благодарение на една крива-лива клупа која сами ја изградивме во која стојат врежани нашите имиња додека беше уште топол бетонот секој ден кога се враќам од нашкола се потсеќам на старото добро време кое сега гледам дека уште останвит ама на други генерации ...
Дефинитивно немат да зажалам за ниедна секунда шо ја иам поминато во моето маало.:smir:

Мило ми е шо и ден денес цело маало се имат едни со други и си помагет во се и сешто, одат на кафе едни со други и слично а кога ќе ме сретнат интересни ми се со фразите е шо белјаџивче беше ко беше маљо каква девојка станала, ние ни мали ни големи се збираме онака за муабет и зафрканција понекогаш и по некој белја и некоја глупост ќе излезат, а малите ... е малите ја продолжвет нашата традиција.:wink: Сепак фала му на Бога немат омраза, кавги и такви глупости помеѓу комшите како шо иам приметено во други делој на градов и сите на улица ко ќе се сретниме си иаме муабет и се а не само колку да речиш здраво или да кимниш со глата туку искрен поглед и ведра насмевка. И како да немам после позитивна енергија?:smir:
 
За среќа маалискиот живот кај мене уште постои : )) не е како порано....ама сепак постои :) опстојува (А)
 
Технологијата си го направи своето. Жал ми е за маливе деца што не знаат ни пола од игрите што ние некогаш ги игравме и воопшто што не знаат како се игра во реален простор.

Работното време на возрасните исто така си го прави своето, воопшто не е погодно, од 08.00-17.00 на работа, кога ќе дојдат дома не знаат што попрво да направат: дали јадење, дали да се видат со децата, да исчистат или да се одморат...за жал тука нема време и простор за маалскиот живот.

Сепак, не сме криви ние луѓето, системот е таков да не речам никаков што единствено што ни прави е не претвора во робови, а уште малку ќе ни го исперат и мозокот и наместо робови ќе се претвориме во роботи. Жалосно...
 
Шо убаво беше тогаш...искачаш надвор у 9 се враќаш у 8 вечерта,у меѓувреме си изиграл 2-3 партии жмурка,граница,шуто-дупе и се степал со некое соседно маало,а ако си имал среќа си нашол 5 денари.
 
Јас го обожавам малскиот живот кога се играв со другарки и ми беше преубаво.
п,с никогаш нема да го заборавам тој прекрасен период.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom