Недела, ден за одмор!

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Добро знаеме дека недела како ден е ден кој треба да го искористиме за одмарање од претходните шест работни, напорни денови.

Што најчесто правите во недела?
Ја сакате ли неделата како ден?
Дали ве убива онаа недела монотонија или пак не си дозволувате ниту да ја почувствувате?

Иако недела според некои ’правила’ е ден за одмор, доста често знам да се изгубам од дома и да правам милион работи надвор. Ретко кога неделата ја користам за одмор. Напротив, повеќе се одмарам во текот на другите денови, а во недела полека почнувам и психички и физички да се припремам за следната работна седмица.
Никогаш не сум го сакал неделното попладне поради монотонијата и затоа никогаш дури и неделата не ја користам за да се одморам. Едноставно, ме убива.
:)
 
Не знам, некогаш и јас сум дел од масата која ја мрази неделата и мисли дека е најдосаден ден, ама не знам од кога сум на факултет, секој ден ми е ист и убав и немам некој ден што не го сакам, за разлика од средно, кога неделата не ја сакав зошто наредниот ден сум во школо. :)
Ист ден ми е како и другите, макар што ме фаќа монотонија и меланхонија кога ги гледам сите останати како се депресивни зошто е недела, и се пренесува нивната енергија врз мене. Како и да е, на тој ден, јас си излагам, си одам на кафиња и ги правам сите работи што и преку недела си ги правам.
Во превод - не ми прави никаква разлика. :lizavce:
 
Недела обично ми е ден за лечење на мамурлак од изминатите петок и сабота. Со други зборови...да недела ми е ден за одмор! :)
 
Баш досега мрчев колку мразам Недела! Све умрено, предосадно. На граница на депресии :pos: Се надевам ќе почнам да ја ценам кога наскоро ќе почнам да работам.:smir:
 
Досадно многу не работам класична работа во недела, уствари кога ќе видам не работам класична работа ни во останатите денови ама не е битно да не го тупам. Во недела средувам некои работи низ дома што има расипано да се поправи, бурињата од двор да ги внесам во визба итн. итн. итн.............................
 
Недела ми е ден за учење кога треба да се учи :tapp: во текот на школската година не го обожавам денот прибидејќи наредниот ден се вика Понеделник, а со него се од почеток започнува...школо..станување рано..бла бла...
Во главном денот како недела е релаксирачки и лајтерски..таква атмосфера владее кај мене дома!:pipi:
 
па искрено недела е малку досаден ден. по интернетов нема ништо ново да се гледа, а ни по улици нема жив човек (за кај нас зборувам:toe:) така да седи само дома и пишувај на кајгана. може да се каже дека е ден за одмор :toe:
 
Ден за капење :icon_lol:

Ден за одмор... можеби, во некое опшество во кое се работи 5 дена во неделата за некоја нормална плата, и со ќеф да си одмориш во недела, да ги наполниш батериите за новата работна недела т.е новиот понеделник... инаку недела како и секој друг ден, ден на бескрајно чмаење дома, безработно и бесцелно... ден кој одамна ја загубил смислата за ден во кој се одмара.
 
недела:учење, учење, учење......
обично довршувам се што не сум можел во текот на неделата и останатиот дел од денот учам:tapp:
 
Досаден ден.. барем повеќето недели во годината.. Ама сепак постојат луѓето кои ги сакам за да ми ја разбијат монотонијата и досадата..:smir:
 
Недела е ден за да се поспие до покасно.
Недела е ден за чистење на собата.
Недела е ден за семеен ручек.
Недела е ден за бањање.
Недела е ден за лакирање, чупање, пилинг, маска за лице итн.
Недела е ден за гледање фудбал и ЦСИ вечерта.
Недела не ми е досаден ден, ни го мразам, едноставно ми е некако најпрограмиран ден и секогаш речиси баш исто го поминувам aко имам обврски преку неделата со факултет или работа. А ако е лето е тогаш па ја обожавам неделата и тоа повеќе од петок и сабота :)
 
секоја недела ја поминувам буквално цел ден по дома и ленчарење, и се одмарам во вистинска смисла на зборот :baeh:
 
Најкомплетен ден. Кога сите сме дома од утро до вечер.
Многу мразам кога некој ќе не завлече по ручеци (мои или негови или било кои :)), ги пцујам до наредната недела.
Кафе наутро, претпладне со децата, ручек, шетање попладне.. а бе мераци.
 
Од недела подосаден ден нема. Станувам доцна изморен од минатите вечери, не ми се мрда, не ми се јаде...ништо не ми се прави. Уште ако нема фудбал за гледање ко денес, е тогаш е навистина недела.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom