Не си го видела?

Највише мразам кога постирате делови од библијата.
Демек докажувате нешто со тоа.
Си ја перцепирате кој како сака...идиотизам.
 
Тогаш повели докажи дека постојат електроните, црните дупки. Повели докажи дека постоеле Сократ и Александар Македонски?

Слично можат да кажат и теистите.
Ако не постои Бог, тогаш како ти всушност го напиша ова?
Сето создание, сите живи суштества му го должат своето постоење на Бог. Како тие би постоеле ако не постои Бог?

Ако не постои Бог, тогаш од каде живот во тебе? Од каде разум, интелигентција, емоции, воља итн.? Зарем твоите мисли се резултат на случајни хемиски реакции во твојот мозок? Зарем тоа се само спонтани судири на елементарни честички? Зарем солзите се само обична солена вода? Зарем електроните играат оро околу јадрото?
Протонот го привлекува електронот, Земјата ја привлекува месечината, но дали е тоа што не привлекува нас луѓето?
Зарем е можно да се верува дека се е само материја, енергија и случајни случајности, без почеток, без причина, без законитост, без смисла... итн. без Создателот?

Живот во мене по моето зачнување,плод на љубовта и страста на моите родители на кои од памтивек им останал инстинктот за размножување.
Солзите се течноста која ги чисти и влажни очите.
Електроните не играат оро околу јадрото.
Не можеме ни да замислиме што всушност се случува на субатомска база затоа што не ни постојат мерни единици кои ќе ја измерат големината на електронот.
Законитости постојат,природни физички закони.
Зарем ако не постои интелигентен создател ќе нема ни смисла на животот?
Бог ли му даде смисла на животот,или пак тоа беше човекот?
 
Највише мразам кога постирате делови од библијата.
Демек докажувате нешто со тоа.
Си ја перцепирате кој како сака...идиотизам.

Јас пак, највеќе мразам кога некој ќе ми каже дај доказ дека Бог постои...
ако има доказ, ќе биде факт. Ако биде факт нема потреба од вера. А сите верници веруваат дека Бог постои.

На крај краева у шо сакам ќе верувам.
 
И тоа...докажи дека постои бог, и тоа е глупо барање.
Мислам религија е за ВЕРУВАЊЕ, не за докажување.
Наравно дека не постоел, ама тоа не е филозофијата на религијата.
Религијата за да ги држи општествата да не се испотепаат меѓу себе и да ги учи на морал и етика.
Религијата го држела светот на ниво, и ќе го држи, ако сме сите атеисти, отиде светот во пропаст.
 
Tocno taka, toa e vera, i sekoj veruva vo Bog na svoj nacin, sto znaci deka toa e samo vo glavite na lugjeto, zatoa ima i teisti i ateisti. No ona sto nas ateistite ne nervira (barem znam sigurno za mene) e tie vasi tvrdenja za Bozjata apsolutna i sveta vistina i vistinitosta na vasite sveti knigi. Demek tie knigi go objasnuvaat svetot okolu nas podobro od naukata...... :toe:
 
Каде е? Знам дека е на слика жив, и тоа на сликата на Леонардо Да Винчи „Тајната вечера“.
Кога немаш докази да тврдиш дека постоел, кога немам и јас докази да тврдам дека постоел и обратно нема што да дисктураме.
И да, ми требаат физички докази, докази базирани на емоции не ми требаат.
За нечие воскреснување, жалам, ама не можеш да добиеш научни докази, затоа што не можеш да го симулираш па потврдиш истото.
Затоа пак, во вакви случаи имаш исто толку релевантни правно-историски докази. Има еден куп луѓе- очевидци кои ги дале и запишале своите сведоштва за Исусовиот живот, учење, смрт и воскресение. Не знам кај е проблемот тука?

Постојам, штом сум ви привлекол внимание... а ако не верува во мене гајле ми е.
Ирононично е тоа напишаното, за да ја видиш атеистичката "логика" според која нема Господ. Знам дека сфати.
 
Постојам, штом сум ви привлекол внимание

Опа, нов критериум за постоење: привлекување внимание.
Дали може овој критериум да го примениме и за Божјото постоење? Кој предизвикал повеќе внимание, ти или Бог?
Дали знаеш колку луѓе на планетава во овој момент дискутираат за или мислат на Бог? Колкав процент од Божјото привлечено внимание е твоето внимание?
Дали знаеш колкаво внимание привлече воскреснатиот Христос? Па само за 40 години после Неговото воскресение, за истото се збореше до границите на најголемата тогашна Римската империја. Само 300 години подоцна откако римските императори не успеале ниту со најгроморозни крвави мерки да ги заќутат христијаните, морале да ја легализираат нивната вера, а малку потоа и целата римска империја да стане доминантно христијанска. Се согласувам дека тоа потоа власта го исперверзирала изворното христијанство, но тоа не го менува фактот дека воскреснатиот Христос извршил најголемо светско влијание без употреба на сила, едноставно со својот збор!
Исус е точка пресвртница на целата човечка историја. Затоа и историчарите велат таа и таа година ПРЕД ХРИСТОС или таа и таа година ПОСЛЕ ХРИСТОС. Меѓу тие пред и после, се наоѓа Христос, највлијателната личност во човековата историја.
 
И тоа...докажи дека постои бог, и тоа е глупо барање.
Мислам религија е за ВЕРУВАЊЕ, не за докажување.
Наравно дека не постоел, ама тоа не е филозофијата на религијата.
Религијата за да ги држи општествата да не се испотепаат меѓу себе и да ги учи на морал и етика.
Религијата го држела светот на ниво, и ќе го држи, ако сме сите атеисти, отиде светот во пропаст.
Религија е за верување, бидејќи не може да се докаже.
Религијата не е за да ги држи општествата во мир, туку религијата е играшка на политиката со која се држи рајата мирна и послушна.
Религиите ги одделуваат општествата, ги делат луѓето на вакви,такви и онакви иако после се, ние сме само луѓе. Религиите, посебно моно-теистичките се многу насилни и его-центрични (ниедна моно-теистичка религија не може мирно да седи додека постои друга која го загрозува нејзиниот авторитет). Затоа се воделе инквизиции, крстоносни војни и џихади.
Се согласувам дека пред 1500-2000 години религиите биле единствените извори од кои луѓето можеле да научат каква-таква етика и морал. Во денешно време, со денешново образование, воопшто нема потреба од религиите во тој аспект.
Ако сме сите атеисти, нема да отиде светот во пропаст, баш напротив, како тргнале муслиманите и христијаните, нема уште многу да чекаме до "судниот ден".
 
За нечие воскреснување, жалам, ама не можеш да добиеш научни докази, затоа што не можеш да го симулираш па потврдиш истото.
Затоа пак, во вакви случаи имаш исто толку релевантни правно-историски докази. Има еден куп луѓе- очевидци кои ги дале и запишале своите сведоштва за Исусовиот живот, учење, смрт и воскресение. Не знам кај е проблемот тука?

Не мора да го симулираш воскреснувањето, едноставно човекот кога воскреснал сигурно бил тука некој период па оставил нешто зад себе.Проблемот е што нема.

Атеист сум, А зашто не е испитано тоа крпче?

Ватикан не дава зошто тоа е нешто доста свето за да се испитува.

Тогаш повели докажи дека постојат електроните, црните дупки. Повели докажи дека постоеле Сократ и Александар Македонски?

sgra_labeled_420.jpg

Astronomers have long known that the supermassive black hole at the center of the Milky Way Galaxy, known as Sagittarius A* (or Sgr A* for short), is a particularly poor eater. The fuel for this black hole comes from powerful winds blown off dozens of massive young stars that are concentrated nearby. These stars are located a relatively large distance away from Sgr A*, where the gravity of the black hole is weak, and so their high-velocity winds are difficult for the black hole to capture and swallow. Scientists have previously calculated that Sgr A* should consume only about 1% of the fuel carried in the winds.

http://chandra.harvard.edu/photo/2010/sgra/

Ова гледам дека си запнал за црните дупки па еве да разгледаш слики од црните дупки.Земени со Chandra X-ray observatory.

Ова гледам дека си запнал за црните дупки па еве да разгледаш слики од црните дупки.Земени со Chandra X-ray observatory.

stairwaytoheavend4dc.jpg

Земени со мојот Канон апарат од 1985 година шо го купија моите коа бевме на одмор у Брач. :toe:

Сериозно, какви ви се овие споредби, барања, потреби. Атеистите секогаш сум ги почитувал како луѓе кои знаат да размислуваат, а вие овде пласирате реченици од типот, “Зашто не го даваат крпчето“ као да сте некој ВМРОовец од кичевско село кој урла на плоштад “кој га уби Чента“.

Но, очигледно е според ова дека сум ги преценил. Секогаш исто така велев дека теистите не знаат да дискутираат, дека се прости и неуки и дека освен повикување на цитати од билбијата друго не знаат. Но атеистите не се воопшто подобри. Тие не се трудат да размислат, туку испраќаат обични емотивни празнења кои се чиста негативност и ништо повеќе. Тоа е, патетично.

Јас, сакам да заземам верничка страна, бидејќи е клише да се биде атеист. И ви нудам дебата, но вие ми барате доказ за крпчиња... тоа е детски муабет. Дебата која подразбира отворен ум, разбирање на другата страна, нешто кое тврдокорните верници го немаат, па бидете нешто поразлично и вие.

Можат да го прифатат атеистите тоа што верниците Бог не го сфаќат материјално, туку духовно? Можат да го разберат тоа? Сфаќаат што е духовност, го разбираат ли вооопшто концептот на идеализам наспроти материјализам, за старт, па после да кажат дека заземаат воопшто страна?
 
Не мора да го симулираш воскреснувањето, едноставно човекот кога воскреснал сигурно бил тука некој период па оставил нешто зад себе.Проблемот е што нема.

А што очекуваш да оставил? Прамен од косата? Дел од ноктот? Ќе веруваше ли ти во Христос и Неговото воскресение ако денес некоја од црквите ти тврдеше дека имаат прамен од косата на Исус Христос? Или гласно ќе се смееше на оваа изјава?

Зарем малку е тоа што оставил живи сведоци кои дозволиле маченички да бидат убиени (распнати, запалени на клада, фрлани во арени и изедени од лавови) заради невозможноста да се одречат од воскреснатиот Христос Кого го виделе со свои очи?
Зарем ти би умрел за некоја ефтина и злонамерна лага од која немаш никакво фајде, туку само прогонство и отфрлање од општеството, отфрлање од роднините, пријателите и сл?
Како ќе го објасниш тоа што не еден, не двајца, туку стотици христијани го направиле тоа? Зарем не го зголемува тоа нивниот кредибилитет за сведоштвото кое го даваат?
Ако не веруваме на толку висок кредибилитет заверен со сопствената крв, тогаш во што друго од историјата би можеле да веруваме?

На сликата јас никаде не гледам црна дупка. Како што кажав предходно, црната дупка едноставно е невозможно да се „види“, затоа што за да видиш нешто, потребно и неопходно е тоа нешто да зрачи или рефлектира светлина.
Еве ти два прости пример:
1. Ти го гледаш сонцето, затоа што тоа зрачи светлина и неговата светлина доаѓа до твоите очи, ги надразнува сензорите за светлина и тие испраќаат сигнали до твојот мозок и така ти го гледаш сонцето, ја препознаваш неговата форма, боја и сл.
2. Ти го гледаш дрвото надвор затоа што дел од сончевата светлина се рефлектира од него и повторно стигнува до твоите очи, ги надразнува сензорите итн.
Но црната дупка не зрачи светлина. И не само што не зрачи, туку и доколку се обидеш да ја осветлиш со твојата ламба :) светлината нема да се рефлектира од неа (како би можел да ја видиш), туку силната гравитација на црната дупка ќе ја впие во себе светлината и ќе испадне дека џабе си ја осветлувал црната дупка.
Впрочем затоа и се нарекува „црна“, затоа што не пропушта ниту еден фотон светлина. А затоа се нарекува и дупка, затоа што апе се што ќе се доближи до неа :)
Значи прифатете дека црната дупка е невозможно да се види, а истата се верува дека постои и се објаснуваат нејзините својства според индирекните ефекти кои ги предизвикува со својата гравитација на околните тела, а потоа астрономите толкуваат што би можело да биде причинител за тоа однесување на околината.
 
А што очекуваш да оставил? Прамен од косата? Дел од ноктот? Ќе веруваше ли ти во Христос и Неговото воскресение ако денес некоја од црквите ти тврдеше дека имаат прамен од косата на Исус Христос? Или гласно ќе се смееше на оваа изјава?

Зарем малку е тоа што оставил живи сведоци кои дозволиле маченички да бидат убиени (распнати, запалени на клада, фрлани во арени и изедени од лавови) заради невозможноста да се одречат од воскреснатиот Христос Кого го виделе со свои очи?
Зарем ти би умрел за некоја ефтина и злонамерна лага од која немаш никакво фајде, туку само прогонство и отфрлање од општеството, отфрлање од роднините, пријателите и сл?
Како ќе го објасниш тоа што не еден, не двајца, туку стотици христијани го направиле тоа? Зарем не го зголемува тоа нивниот кредибилитет за сведоштвото кое го даваат?
Ако не веруваме на толку висок кредибилитет заверен со сопствената крв, тогаш во што друго од историјата би можеле да веруваме?
Значи прифатете дека црната дупка е невозможно да се види, а истата се верува дека постои и се објаснуваат нејзините својства според индирекните ефекти кои ги предизвикува со својата гравитација на околните тела, а потоа астрономите толкуваат што би можело да биде причинител за тоа однесување на околината.

И Eris (десеттата планета) што е поголема и од Плутон, не се гледа со голо око, па пак на крај во 2005 година од Mike Brown беше откриена, од начинот на движењето и.т.н:wink:
Истото важи и за останатите планети од соларниот систем.Galileo мислиш дека имал во боја слика од Сатурн кога ја открил?
Има други начини за откривање на овие работи, не е потребно ти да имаш слика 600x800 резолуција.
Што значи црните дупки и да не се гледаат има други начини по кои можат да бидат откриени и да биде потврдено дека тие постојат.Иако црните дупки не се видливи со голо око, видливи се нивните ефекти.
Црните дупки немаат ништо посебно, освен тоа што имаат огромно гравитационо поле, кое влече се накај нив дури и времето и светлината не можат да избегаат, во точката која се нарекува сингуларитет.........Да не одам понатаму.
Убаво ти е посочено и со стрелка, каде се наоѓа црната дупка па и убаво ти е посочено дека тие црни дупки постојат и тоа од астрономи и научници е потврдено.Ако толку мислиш дека црните дупки не постојат, испрати писмо до NASA, и да видиш каков повратен одговор ќе добиеш.Што не пробаш.Chandra X-ray observatory е нивен проект.

А што очекуваш да оставил? Прамен од косата? Дел од ноктот? Ќе веруваше ли ти во Христос и Неговото воскресение ако денес некоја од црквите ти тврдеше дека имаат прамен од косата на Исус Христос? Или гласно ќе се смееше на оваа изјава?

Да, сакам прамен, сакам остатоци исто како што има остатоци од таткото на Александар, исто како што има монети со неговиот лик и ликот на таткото, сакам облека, што било........
 
Чорбаџија! Аман! Побогу! Сфати! Вселената е преполна со ѕвезди и планети. ОСВЕТЛЕНИ.
Значи позадината на црната дупка не е ТЕМНА, туку е СВЕТЛА.

Еве, сфати си го вака: Гледаш во сонцето, светлината од сонцето ја примаат твоите фото рецептори, односно очите. Затоа и го гледаш, така? До тука се слагаме.
Е сеа, зимаш едно црно пенкало, и го поставуваш пред сонцето. Тоа ги попречува дел од сончевите зраци да ти стигнат до око.
Ти го глеаш пенкалото или не го глеаш?

Исто е, побогу, и со црната дупка! Да беше се' црно во вселената, немаше да ја глеаш! Вака не е! Од еден куп светлина, ти се избацува простор кој што никако неможеш да го осветлиш, простор каде што, за разлика од околината, не глеаш свелина.
КОЛКУ треба да си ПРОСТ за да кажеш дека не го ГЛЕДАШ тој простор само зашо тој не зрачи/одбива светлина? о_0
 
stairwaytoheavend4dc.jpg

Земени со мојот Канон апарат од 1985 година шо го купија моите коа бевме на одмор у Брач. :toe:

Сериозно, какви ви се овие споредби, барања, потреби. Атеистите секогаш сум ги почитувал како луѓе кои знаат да размислуваат, а вие овде пласирате реченици од типот, “Зашто не го даваат крпчето“ као да сте некој ВМРОовец од кичевско село кој урла на плоштад “кој га уби Чента“.

Но, очигледно е според ова дека сум ги преценил. Секогаш исто така велев дека теистите не знаат да дискутираат, дека се прости и неуки и дека освен повикување на цитати од билбијата друго не знаат. Но атеистите не се воопшто подобри. Тие не се трудат да размислат, туку испраќаат обични емотивни празнења кои се чиста негативност и ништо повеќе. Тоа е, патетично.

Јас, сакам да заземам верничка страна, бидејќи е клише да се биде атеист. И ви нудам дебата, но вие ми барате доказ за крпчиња... тоа е детски муабет. Дебата која подразбира отворен ум, разбирање на другата страна, нешто кое тврдокорните верници го немаат, па бидете нешто поразлично и вие.

Можат да го прифатат атеистите тоа што верниците Бог не го сфаќат материјално, туку духовно? Можат да го разберат тоа? Сфаќаат што е духовност, го разбираат ли вооопшто концептот на идеализам наспроти материјализам, за старт, па после да кажат дека заземаат воопшто страна?

А каде ти виде јас да се изјаснам за атеист зошто гледам ме ставаш во нивна група?
Или пак сум грешка, не се однесува ова на мене?
Јас реков дека сум неутрален во однос на ова прашање и убаво напишав tertium non datur во превод: или е вистинито или е лажно, опција каде нема трет одговор.
 
Религијата го држела светот на ниво, и ќе го држи, ако сме сите атеисти, отиде светот во пропаст.

Колку само војни настанале заради религијата и религиски причини?
Инквизицијата...
Колку само религијата го кочеше научниот развој и денес некаде уште го кочи...
Јас би рекол да не беше религијата денес ќе беше многу подобро...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom