Од каде знаеш дека тоа што си го осетил биле електрони? Ги виде?
Ради движење на електричен полнеж моментално ние го праиме муабетов на Форум, а не во живо.
Уффф тек па електричен полнеж ако те прашам дали си видел, дури тогаш ќе стане густо

Па и теистот може да рече дека ради Бог ние сме живи и комуницираме, во спротивно не би ни постоеле, а камо да комуницираме.
Ради електрони ти имаш електрични уреди дома.
Од каде знаеш? Ги виде електроните?
Па и теистот може да рече дека ради Бог имаме сонце на планетава, дека ради Бог имаме крави кои ни даваат млеко од кое потоа правиме сладолед и сл.
ради електрони те пецка коа ќе поминеш со рака врз телевизор што работи.
Еххх ради електрони, од кај знаеш дека е тоа ради електрони? Си ги видел? Можеби е ради некои мини бомбони кои не можат да се видат со оптичките инструменти
Електрони, откриени уше од иљадаосумстоседумдесдевета, до сега миљон пати научно докажани низ низа експерименти на кој ти се потпира целата егзистенција.
Таа година си играле со катодни цевки и проуцирале одредено зрачење чија насока била менувана со помош на магнетно поле. Но никакви електрони не биле видени, туку само претпоставиле дека веројатно постојат некои мали честици (кои подоцна ќе станат и бранови) кои се негативно наелектризирани и затоа така се однесуваат со магнетното поле и продуцираат зрачење во судир со ретките гасови. Значи тие претпоставиле врз база на ефектите т.е. врз база ма мерливите последици на претпоставените невидливи електрони.
На сличен начин и научниците-теисти го откриваат невидливиот Бог набљудувајќи ги последиците на Неговата творечка рака: Целокупното создание, разноликиот живот, дизајнот и законитостите што постојат во природата и ред други работи во микро и макро светот кои гласно сведочат дека е невозможно да настанале со случајно, безпричинско и слепо самоорганизирање на ништото.
Електронот има Маса.
Електронот има Енергија.
Електорнот има Брзина на движење.
Сите овие вредности се добиени од Боровата теорија (модел) на атомот, каде од досегашното искуство е претпоставено дека електроните се вртат околу атомот по одредени орбитали слично како што се движат и планетите околу Сонцето (само што тука наместо гравитационата привлечна сила имаме доминантна електрична сила). Понатаму равенките се изведени за да ги задоволат тековните експерименти, но не нужно и вистината. На овој начин работат природните науки. Научните теории се прифатливи се додека ги задоволуваат експериментите. Научните теории се вистините се додека не бидат побиени и заменети со нови. Ниедна теорија не се претендира како апсолутна вистина, ниту пак тоа и е намената.
Верувале или не и науката се базира на одредени елементарни теории кои се прифаќаат со
вера. И кралицата на науките (математиката) се базира на одредени аксиоми кои по дефиниција не можат да се докажат и единствено се прифаќаат со ВЕРА.
Дали тоа што, како Еден електрон, како квант, неможам да го видам, треба да ме натера да верувам дека не постои?
Одлично прашање. Истото важи и за Создателот.
Црни дупки, не сум видел?
Мислиш, не сум видел face to face или?
Било како, face to face, на слика, на телевизија и сл. црните дупки не можат да се видат затоа што теоретски за да видиш нешто потребно е тоа нешто да зрачи или рефлектира светлина. Но црните дупки не го прават ни едното ни другото. Научниците веруваат дека тие имаат толку голема маса што од нивната гравитација не може да побегне ниту светлината. Па на тој начин се апсолутно невидливи.
А зошто веруваме во нив? Затоа што со телескопите гледаме огромни објекти како се вртат околу темнина во форма на топка и ние, имајќи го предвид досегашното научно искуство т.е. имајќи ја предвид досегашна причина зошто небесните тела се вртат (имено заради присуство на друго тело кое ги привлекува со својата гравитација), ние претпоставуваме дека таму во таа темнина постои небесно тело кое ние го викаме „црна дупка“.
Но, што ако таму нема црна дупка? Што ако тие небесни тела се вртат заради некоја друга причина која нам сега не ни е позната?
Значи, да резимирам, ние не сме виделе црна дупка, туку
ВЕРУВАМЕ дека таа постои согласно нашето досегашно научно искуство и она што го гледаме на небото.