Не си го видела?

Samo djaba e raspravanjeto nikoj nikogo nema da uVERITE vo ispravnosta na vashite stavovi a partali ce se napravite ...:uvo::uvo::uvo:
 
Да јас одамна го кликнав тоа копче!
Но очигледно ти уживаш во ова
tragedy-9-11-twin-tower.jpg


Или ова
spanish-inquisition-alternative.gif


Или ова
crusades.jpg

Сето ова што го постави на темата не е дело лично на Господ, туку е дело на обични смртници кои го искористиле „името на Бога“ со цел да освојат некоја територија или богатство.
Што значи тука во ова што го постави на темата, нема вмешаност Господ или некоја друга фигура.
Инаку што се однесува за темава, јас сум неутрален во врска со ова прашање иако денеска и давам повеќе предност на науката.
 
Самата некултура и начин на докажување на глупости не прави атеисти...и не одалечува од верата.

И што ако сте атеисти? Се замарате со фактот дека кога ќе умрете ќе станете храна за црви, или пак пепел во вазна на некоја наткасна...пред чинот на смрт, ќе го барате господ да ви се појави, или кога сте во срања го молите, чак и го употребувате фамозното "дај боже или со господ напред"...патетика, барем од тие "атеисти" ШТО ЈАС ГИ ЗНАМ.

Јас верувам, но не одам во цркви, не палам свеќи, не постам, но верувам и полесно ми е (не дека трипам дека се околу мене е розево, но не се оптоварувам со глупости) и мирно си спијам.
Господ за мене е секаде, не само во црква и не само во новчаникот на попот, така да, ако ми е тешко, можам да го најдам секаде.

На крај краева, сите сте крстени во црква (освен оние во комунистичкото, на тајно, ама и тоа се рачуна), па што ви смета?

Многу летате...
 
Коринќаните глава 8:

Светиите од Македонија

Ве известувам, браќа, за Божјата благода дадена на црквите во Македонија, дека иако во прекумерни неволи, нивната изобилна радост и длабоката беда покажаа преизобилно богатство на нивната штедрост. Зашто сведочам дека според своите можности, а и преку нив, дадоа доброволно и не` молеа многу да им укаем,е можност да учествуваат во издршка на светиите и тоа, не како што се надевавме туку првин самите себе му се предадоа на Господ, а потоа и нам, според Божјата волја. И како што изобилувате во се` и во вера и во говор во знаење, во секаква усрдност и во љубовта спрема нас, трудете се да изобилувате и во ова дело на благодат.


Како што реков, војните, терористичките напади се дело не Божјо, туку човечко.
 
Верата е потребна, затоа што ние луѓето не сме доволно моќни да се потпреме само на себе, па се чувствуваме сами, слаби, повредени, како нешто да не ни оди од рака... Духовното олеснување треба да се почувствува, не се гледа со око. Односно, може да кажам дека кај луѓе што подолго време биле религиозни, се јавува сталоженост, мир, трпение да те ислуша, а тоа се забележува во разговорите, делувањата... Не зборувам за архитектурата, туку за градбата на цвеќињата, за градбата на човековото тело, а пропорцијата е една те иста - section aurea. Најди ја темата во мистерии ја отворив пред година две.

Божји план е волјата господова, желбата и намерата на оној што најдобро знае што ќе не` направи среќни. Не би рекла дека божјиот план ја исклучува човековата волја затоа што Бог го прави со нас, она што ние сакаме да станеме.


Во совршеноста на Бог не се задира, истребувањето на Евреите е од човечки фактор, од зло, од алчност. Бог не` направил совршени исти на себе, само што ни го одзел вечниот живот и не става на искушенија. Кога луѓето не би биле робови на своето тело, на она што нагоните им го налагаат, тогаш волјата Господова би се спроведувала чисто. Фала, среќен и на тебе!:helou:

Хм, признавам дека не сум знаел за section aurea. Нешто сум начул дека постојат некакви природни закономерности од ваков тип, но ништо конкретно.
Во врска со семоќноста, добронамерноста и совршеноста на Бога го ставам и искушението, како многу незадоволително теолошко објаснување за дел од проблемите со кои се соочуваме (баш за тие искушенија, односно за таквите објаснувања сум голем скептик :) ). Најпросто кажано, искушението е проверка, тест, испитување. Проверката е потребна за да се информираме за некаква и нечија состојба. Не знаеме, не сме сигурни па испитуваме. Кога би знаеле не би имало потреба од таков чекор. Тој тогаш би се сведол на изживување или зафрканција.

Приказната за Јов, која според својата литературна вредност е еден од најубавите текстови воопшто, го третира токму овој проблем. Бог и сатаната се со спротивставени ставови за верноста на Јоб кон Бога, па Севишниот за да ја докаже приврзаноста на Јов, му го препушта на сатаната за тој да може да прави што сака со него, само да не му го одземе животот. Приказната има, да речеме среќен, утешен крај. Но притоа се наметнува моралната оправданост на истата, која била нормална за некои времиња пред 2 и пол милениуми, но денес е етички мошне контроверзна. Во случајов, Јов е заморче. Бог кој нема потреба од тест, сепак дозволува страдање поради еден вид „обложување“.
Од друга страна, зошто некој кој ги има сите можности, да прави што сака, кога сака и како сака, би си дозволил да создаде нешто, што како резултат на неговата совршеност и промисла, знаел дека нема да испадне добро (ова важи и е применливо за сите ситуации - гревот, падот на Адам и Ева, Каин, Сатаната итн. итн.)?
Кога ние би направиле нешто се трудиме тоа да биде најдобро што може, ама поради нашето несовршенство и делата не ни се совршени. Кога однапред би знаеле дека нешто нема да биде добро не би дозволиле да биде така (во семоќноста на Бог секако се вбројува и промислата). Совршениот нема таков проблем. Кога би имал не би бил семоќен. За тоа искушението ми е неприфатливо како обајснување.
 
А тие што го виделе никако не можат да им го опишат на другите. Господ не е ништо од она што мислиме дека е. Надсвест, моќно присуство кое го остава посматрачот без текст. Мајн. :)
 
Сето ова што го постави на темата не е дело лично на Господ, туку е дело на обични смртници кои го искористиле „името на Бога“ со цел да освојат некоја територија или богатство.
Што значи тука во ова што го постави на темата, нема вмешаност Господ или некоја друга фигура.
Инаку што се однесува за темава, јас сум неутрален во врска со ова прашање иако денеска и давам повеќе предност на науката.

А во чие име е сторено сето тоа?
Зарем не е во името на Бог?

Терористи се разнесуваат во име на БОГ!
Крстоносци колат муслимани во име на БОГ!
Инквизитори мачат и убиваат луѓе под разлог дека се вештери во име на БОГ!

Божјата рака е крвава!
 
П.С. Не знам кој тоа ве излажа дека науката и религијата не само што се спротивни, туку се и спротиставени дисциплини. Науката е дадена од Бог. Само лошото настанува кога манипулатори ко Дарвин ќе те прават мајмун во здрав мозок.
 
Ти можеш да го запалиш грчкото знаме но сигурно тоа не те прави патриот.

Нема никаква врска тоа.
Иако според библиски закони тоа што тие го правеле не ги правело добри верници во очите на јавноста тие биле пример за добар верник.
Ти можеш да го запалиш грчкото знаме и нема да бидеш патриот но поради омразата која е собрана во народот,истиот тој народ ќе те смета за таков.
 
А во чие име е сторено сето тоа?
Зарем не е во името на Бог?

Терористи се разнесуваат во име на БОГ!
Крстоносци колат муслимани во име на БОГ!
Инквизитори мачат и убиваат луѓе под разлог дека се вештери во име на БОГ!


Божјата рака е крвава!
:pipi:Хајлендер е херој!
Тоа е човечка манипулација и третирање на религијата во согласност со потребите на свештенството (не генерализирам, има чесни свештеници). Но, Бог не создаде нас и овој свет совршени, особено нашиот дух во телото, но ние сами се расипавме и почнавме да се колеме за територија, ниви, зелки и слично, затоа што не се разбравме, бевме заслепени од нашата земна потреба да му удоволиме на телото.

Иако според библиски закони тоа што тие го правеле не ги правело добри верници во очите на јавноста тие биле пример за добар верник.
Ти можеш да го запалиш грчкото знаме и нема да бидеш патриот но поради омразата која е собрана во народот,истиот тој народ ќе те смета за таков.
Таа јавност не е верна туку неверна, не оди според законитостите на исконски небесниот Бог, туку според законите на „земните“ богови, што патем е грев. Грев е да наречеш земна фигура со човечки атрибути - свој Бог, зашто еден е Бог и тој не` спаси.
Вистинските верници не мразат, не крадат, не се дрогираат и не пушат родео меко. (Океј ја пушам Родео меко, во секој случај, знам дека грешам и дека треба да му се исповедам на Бог за тоа и дека веќе се` ми е простено).
 
:pipi:Хајлендер е херој!
Тоа е човечка манипулација и третирање на религијата во согласност со потребите на свештенството (не генерализирам, има чесни свештеници). Но, Бог не создаде нас и овој свет совршени, особено нашиот дух во телото, но ние сами се расипавме и почнавме да се колеме за територија, ниви, зелки и слично, затоа што не се разбравме, бевме заслепени од нашата земна потреба да му удоволиме на телото.

Што поточно го прави тој човек херој?
Безбројните животи кои ги одзел?
Безбројните војни кои ги водел?
Војните не го прават човека голем.
Ако Бог не создал зошто не се грижи за нас?
Зошто допуштил да се расипеме?
Неспособен татко со син тежок наркоман.

Таа јавност не е верна туку неверна, не оди според законитостите на исконски небесниот Бог, туку според законите на „земните“ богови, што патем е грев. Грев е да наречеш земна фигура со човечки атрибути - свој Бог, зашто еден е Бог и тој не` спаси.
Вистинските верници не мразат, не крадат, не се дрогираат и не пушат родео меко. (Океј ја пушам Родео меко, во секој случај, знам дека грешам и дека треба да му се исповедам на Бог за тоа и дека веќе се` ми е простено).

10те божји заповеди не спомнуваат родео меко.
Всушност постојат многу работи кои не се спомнуваат како грев во Библијата а сепак се гревови.
Но се разбира,секој религија мора да еволуира низ времето во трката по повеќе верници.
 
Го имаме светото слово. Од него треба да јадеме. Така ќе се воздигнеме духовно и ќе станеме подобри луѓе. Прашање е на избор. И не, не одзел живот, туку го даде синот свој еден и единствен за да не избави нас од гревовите. Сите гревови нас ни се однапред простени, со самото распетие на крстот. И да, се грижи, АМА КОГА НЕ ВЕРУВАШ ВО НЕГО, НЕ СЕ ГРИЖИ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom