Не се замарам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Многу честа изрека кај луѓето е не се замарам, ми е гајле. По раскинување на другарства, врски и општо било какви ситуации, луѓето најчесто велат не се замарам бе...

Колку е ова вистина? Колку навистина не се замараме? И дали тоа “Не се замарам“ повеќе служи да се убедиме самите себе или другите?

Дали 100 пати повтореното “не се замарам“, автоматски станува вистина?

Какво е вашето искуство?
Дали “Не се замарам“ навистина значи “не се замарам“ или значи “ептен многу се замарам, ама не сакам да признаам, затоа што полесно ми е така да кажам“?
 
Јас да ти кажам, се замарам. И ме нервираат тие изрази не се замарам... Кои секако не се вистина, и значат токму како што кажа ти :ептен многу се замарам, ама не сакам да признаам, затоа што полесно ми е така да кажам. Не сфаќам каков е тој живот без замарање, тоа е целта на животот да некој начин, да се замараме
 
Кога некој тоа го вели значи нешто навистина го боли погодило па затоа така вели а во очите му се гледа дека сака да го прашаш. Затоа што после тоа не се замарам одма следи објаснување за што се случило па му дошло до тој степен па кој што направил. Ако не се замараше или замарал некој нема ни да ја продолжи темата туку ке се понаша нормално како човек како да не се позанва со таа особа бар јас така мислам.
 
Не само што се замарам, заборавам да ја живеам сегашноста затоа што имам проблем да го прифатам минатото и се што ме детерминирало мене преку тие доживувања.
Премногу пати ја имам повторено таа реченица, со сите можни варијации на темата, а сеуште не можам да прифатам дека сум изгубила некои луѓе затоа што не сум знаела како да реагирам, затоа што сум згрешила без да се извинам, затоа што до ден денес кога ќе ја видам ми е тешко што одбрав да ја оставам сама за да не ја изгубам другата.
Верувам дека очекувањата од околината, бихевијоризмот кој што не притиска бара од нас да носиме маска на неконсидеративност и рамнодушност за да покажеме сила, што е навистина и иронично и смешно кога вистински силните луѓе се носат со болката без да ја кријат и да бегаат од неа.

Константното себе убедување во некоја лага обично никогаш не резултира со очекуван резултат, напротив, се наоѓаш во ситуација во која што почнуваш да пукаш по краевите и на крајот се уништуваш сам себе затоа што си акумулирал премногу емоции и лажни претстави кои немаат филтер.Луѓето никогаш не се разумни кога ги боли, туку се само горди, некои и садистички настроени.Нажалост.
 
ако речеш не се замарам 100 пати, дупло повеќе ќе се замараш. Друго е кога ќе си речеш "кулирам братче, што било поминало живот оди даље" е тогаш навистина не се замараш
 
ако речеш не се замарам 100 пати, дупло повеќе ќе се замараш. Друго е кога ќе си речеш "кулирам братче, што било поминало живот оди даље" е тогаш навистина не се замараш

а ако речеш 100 пати "кулирам братче, што било поминало живот оди даље" ?
 
:icon_lol:
_oKsGl-1.jpg
 
Јас да ти кажам, се замарам. И ме нервираат тие изрази не се замарам... Кои секако не се вистина, и значат токму како што кажа ти :ептен многу се замарам, ама не сакам да признаам, затоа што полесно ми е така да кажам. Не сфаќам каков е тој живот без замарање, тоа е целта на животот да некој начин, да се замараме

Не е точно! Не се замарам значи дека се замарам ама не сакам да се замарам затоа што тоа ми штети и затоа викам не се замарам со намера да престанам да се замарам.
Три пати по ред кажано не се замарам самото по себе си станува вистина.
 
а ако речеш 100 пати "кулирам братче, што било поминало живот оди даље" ?

според една логика штом го викаш 100 пати значи во моментот се замараш (затоа и го викаш), а според афирмациите, понатаму психата се репрограмира за навистина да кулираш. Бидејќи сите зборови се позитивни за разлика од " не се замарам "
 
па добро и не е негативно и замарам е негативно, а минус по минус дава плус, исто и кулирам е позитивно и животот иде даље како што плус по плус дава плус, така да нема врска дали ке кажеш не се замарам или кулирам...
 
Не е точно! Не се замарам значи дека се замарам ама не сакам да се замарам затоа што тоа ми штети и затоа викам не се замарам со намера да престанам да се замарам.
Три пати по ред кажано не се замарам самото по себе си станува вистина.

Хм, не верувам некако. Ако знаеш дека тоа “Не се замарам“ го велиш само за да се убедиш себе иако од внатре те пече и те боли, тогаш кажи го и 1000 пати, нема да помине и нема да стане вистина. Мислам дека со болните моменти во нашиот живот никогаш нема точка на незамарање, мислам дека има само точка на поттиснување на одредени работи и спомени само за да ја намалиме болката.

според една логика штом го викаш 100 пати значи во моментот се замараш (затоа и го викаш), а според афирмациите, понатаму психата се репрограмира за навистина да кулираш. Бидејќи сите зборови се позитивни за разлика од " не се замарам "

Види психата има одредена улога, ама... има тука едно ама. Сите знаеме дека живот иде даље, дека се поминува, дека после лошо иде добро итн итн... Но, сето тоа се само зборови. Кога нам ни се случува нешто болно, во тој даден момент кога болката достигнува највисока точка, ниедна позитивна мисла или збор нема да ти помогне од причина што тоа е само збор.

Понатаму да, убаво е кога ќе се насочиш кон позитивно размислување, ама мораш одреден период да одболуваш и да бидеш негативен. Затоа што тоа е нормално за секое живо човечко битие.

Не се замарам според мене е само одбранбен механизам со кој самите себе сакаме да се заштитиме од болка, но и од понатамошни распитувања од околината. Понекогаш велиме батали, само за да не мораме да се соочиме со болката која ја осеќаме.

А најлошо е кога после муабети од типот на не се замарам, баталувам, кревам раце, гајле ми е... ќе дојдеме дома, ќе се затвориме во 4 ѕида од нашата соба и тогаш сфаќаме колку само се замараме.

Тишината и самотијата некогаш се најгласни критичари и многу убаво ти докажуваат колку се замараш.
 
според една логика штом го викаш 100 пати значи во моментот се замараш (затоа и го викаш), а според афирмациите, понатаму психата се репрограмира за навистина да кулираш. Бидејќи сите зборови се позитивни за разлика од " не се замарам "

хаха минус и минус, види сеа психата, подсвеста не е логички оператор па да работи со математички функции. Ако си читала за афирмации и како делуваат тие ќе ти биде јасно за што зборувам. Не е исто да викаш " Јас сум против војна" и " Јас сум за мир " во првиот случај фокусот е на војна во вториот за мир.
Има едно многу добро за мајка тереза кога ја прашале Дали ќе учевствува во кампањата против војните во светот - " Mother Teresa said: I will never attend an anti-war rally; if you have a peace rally, invite me.

Хм, не верувам некако. Ако знаеш дека тоа “Не се замарам“ го велиш само за да се убедиш себе иако од внатре те пече и те боли, тогаш кажи го и 1000 пати, нема да помине и нема да стане вистина. Мислам дека со болните моменти во нашиот живот никогаш нема точка на незамарање, мислам дека има само точка на поттиснување на одредени работи и спомени само за да ја намалиме болката.
.

Епа зависи во која конотација го користиш тоа не се замарам. На пример јас никогаш до сега не сум го употребила овој збор во случајот кој ти го опишуваш. Ако нешто ме боли тогаш ме боли и си признавам, јас да, можеби ги лажам другите околу мене ама никогаш не се лажам себеси свесно.

Во случајот во кој јас го употребувам зборот истиот го има потполно целото значење што погоре го имам кажано.
Еве еден општ пример, на пример ситуција ме нанервирува некоја личност и во афектна состојба и кажувам нешто на личноста што би ја навредило ама патем вистина и кажувам и нејсе... после тоа се секирам зашто сум ја навредила личности и дали воопшто се навредила од она што сум го кажала, за на крај да си кажам самата на себе "Абе не се замарам и онака претера, а јас ништо погрешно не кажав."

Мислиш дека ваквата ситуација е вредна за замарање?-
Не е!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom