Не се замарам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Не се замарам = и тоа како се замарам! "Најинтересно" е тоа што може да ме извади од такт некој детаљ или банална ситница, додека често за поголеми работи сум камен-ладен. А кога ќе видиш на крај, све некој на мала врата ќе ти го протне.
 
Некое време ќе се замараш, после веќе ќе ти биде сеедно... Човек отрпнува од се
 
Јас баш напротив, коа викам не се замарам многу ми тежи и ми фали само ронка поттик за да премине обратно :(
Ама зато сеа на зборот „замарам“ му го зазема местото „сеедно“ :oops:
 
Јас пак многу ретко ја употребувам оваа изрека, затоа што баш за се' се замарам и секогаш другите се тие што ми викаат не се замарај, а не јас. А кога друг ќе ти рече не се замарај, верувајте дека тој не знае што да ви каже, а бидејќи не се замарај е универзална изрека, знае дека нема да погреши. Значи.. пак ништо. Секогаш сум објективна кон самата себе и ако кажам дека не се замарам, тогаш навистина е така. Во останатите случаи само мудро си молчам. Не се расфрлам со зборови кога сум изнервирана или разочарана ниту пак се обидувам потсвесно да си ја всадам идејата дека не се замарам со тоа што ќе го повторам тоа илјада пати.
 
Се сеќавам дека последен пат овој исказ беше вистинит кога на шест години играв Digimon на Плејстејшн.
 
Јас изразов го користам само кога сум најнервозна. Онака си викам, Ма не се замарам бе.
Колку малку од малку да си го намалам стресот.
А уствари нема врска.
 
Никој не е до толку „кул“ и да не се замара за ништо, ама баш за ништо. Колку и да одрекува некој, пак се замара за нешто. Не постои животиња што не се замара.
 
За некои работи навистина не се замарам, но за повеќето се замараме сите колку и да викаме НЕ СЕ ЗАМАРАМ
 
Се замарам со испитиве, пливањето и толку. Не се замарам со кладилница(коа ќе утнам), девојки, туѓото мислење итн.
 
Не се замарам = Се замарам и те како, само нејќам да прифатам па се убедувам тука...
 
Епа јас се замарам! Но често( читај секогаш) го велам тоа не се замарам,сакајќи да се убедам себе си во тоа,а покрај себе да ги убедам и останатите дека не се замарам.
 
Тоа замарање е размислување некад корисно некад за глупости..али ако е за битни ствари онда вреди да се замараш и тоа како! се додека не ти стане јасно, не расчистиш во врска со ситуацијата во која се наоѓаш.....
А ако трошиш време на небитни луге,ствари и случувања онда ќе те боли глава само и ке постанеш оговарач/ка:)
 
da se zamaram ne mi e vo krvta no ima takvi sto me zamaraat a jas moram da gi slusam.:ROFLMAO:
 
Може ли да одговорам кратко и филозофски...навистина се надевам дека ќе ви е јасно од прва затоа што е јебано премногу просто.


тие што навистина не се замараат, не кажуваат дека не се замараат :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom