Не се замарам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
за на крај да си кажам самата на себе "Абе не се замарам и онака претера, а јас ништо погрешно не кажав."

Мислиш дека ваквата ситуација е вредна за замарање?-
Не е!

Па тоа е тоа, ти всушност се убедуваш самата себе дека не се замараш, односно дека не треба да кажеш, но совеста сепак те јаде и кога ќе ти текне на ситуацијата не ти е сеедно. Најчесто самите себе се убедуваме дека не ни е сеедно, премногу се ретки ситуациите кога навистина ни е сеедно. Најчесто кога ни е сеедно, кога сме рамнодушни, воопшто не ни мислиме на ситуацијата, ниту пак помислуваме на тоа.

Не зборам јас за дали ситуациите се вредни за замарање или не. Тоа е веќе друга тема. Може и да се работи за најголема ситница, па како луѓе да ја анализираме и да се нервираме.

За жал сигурна сум дека секој од нас се замарал за работи кои воопшто не биле вредни, но во таа дадена ситуација било значајно за нас и затоа и сме се замарале.
 
Па тоа е тоа, ти всушност се убедуваш самата себе дека не се замараш, односно дека не треба да кажеш, но совеста сепак те јаде и кога ќе ти текне на ситуацијата не ти е сеедно. Најчесто самите себе се убедуваме дека не ни е сеедно, премногу се ретки ситуациите кога навистина ни е сеедно. Најчесто кога ни е сеедно, кога сме рамнодушни, воопшто не ни мислиме на ситуацијата, ниту пак помислуваме на тоа.
.

Уште еднаш ќе се повторам:

Не се замарам значи дека се замарам ама не сакам да се замарам затоа што тоа ми штети и затоа викам не се замарам со намера да престанам да се замарам.
Три пати по ред кажано не се замарам самото по себе си станува вистина.

Значи се замарам ама не сакам да се замарам и ако сум свесна дека ситуацијата не е вредна за замарање, кога неколку пати ќе повторам не се замарам станувам свесна и за тоа дека не треба да се замарам и само по себе замарањето се губи.

Ама мојата психа функционира многу различно од твојата психа или пак од психата на некој друг и аналогно на тоа она што јас го зборувам станува невистина за некои, а она што ти го зборуваш станува невистина за некои други пак. Сакам да кажам дека истото зборче НЕ СЕ ЗАМАРАМ, кажано од моја уста и од устата на некој друг има сосема различно значење.
 
Значи се замарам ама не сакам да се замарам и ако сум свесна дека ситуацијата не е вредна за замарање, кога неколку пати ќе повторам не се замарам станувам свесна и за тоа дека не треба да се замарам и само по себе замарањето се губи.
Никој не негира индивидуализам на менталниот склоп.Само мене ми е малку неверојатно со едноставно „не се замарам“ повторено неколку (илјада) пати човек навистина да престане да се грижи за нешто, не зборувам за тривијалности, туку за реални животни ситуации кои што оставаат траги.
Посебно не кога за такво нешто треба огромно искуство и години тренинг и комплетно себе-познавање, ако го тврдиш тоа, тогаш добро.
 
Прочитај погоре, за сериозни работи се замарам и не викам дека не се замарам, а не се ни обидувам да не се замарам, едноставно се предавам на болката. Во случајот "не се замарам " зборам за тривијалностите со кои се замарам а не сакам и не морам :)
 
Многу честа изрека кај луѓето е не се замарам, ми е гајле. По раскинување на другарства, врски и општо било какви ситуации, луѓето најчесто велат не се замарам бе...

Колку е ова вистина? Колку навистина не се замараме? И дали тоа “Не се замарам“ повеќе служи да се убедиме самите себе или другите?

Дали 100 пати повтореното “не се замарам“, автоматски станува вистина?

Какво е вашето искуство?
Дали “Не се замарам“ навистина значи “не се замарам“ или значи “ептен многу се замарам, ама не сакам да признаам, затоа што полесно ми е така да кажам“?

Ja ne vikam ne se zamaram, ja vikam "me boli kur" i stvarno ne mi e gajle, ako na nekoj mu znacam neso, bolje da ne mu se desi da go kazam toa za nego, poso samo u edna licnost imam povrateno doverba/postovanje, ali i toa ne kako pred XX desavka... kraj kraeva, ja se vodam po sistem "Fool on me once, shame on me."

едноставно се предавам на болката.

Tapa film, i mene mi se desaa toa, i koa mi se desaa, prestanuam da bidam daun, i stanuam epic. Istinita prica.
 
“Не се замарам“ зашо не сакам да мислат другите дека се замарам. Што мислам стварно!? Who cares, и така битно е тоа што го искажувам, а не што го мислам...
 
Слиовито не опишувам па ќе се позамарам малку да подобјаснам.
Најчесто фразата „не се замарам“ е еден вид на докажување во општеството дека сме богови бездушници, дека не` боли патка за тоа кој како што мисли за нас. Ретки се ваквите наречени Богови. Луѓето колку и да викаат дека не се замараат всушност се замараат па дури и потсвесно. Рецимо откачуваш/те откачува љубов. Колку и да си го мрзел/а моментот ка сте биле заедно, тоа е еден дел од времето на твојот живот. И само времето може да го намали ефектот на замарање. Ти може да превземаш колку и да сакаш чекори (фаќање нова љубав, енормно посветување на време со друштво/кариера/себе) пак тоа е продукт на замарањето.
За да се намали ефектот - поточно да не дојде до она - ептен замарање, не треба човек да се врзува премногу емоционално. Од една страна робот, од друга страна одличен покерашки играч. Прифаќањето на работите такви какви се, е еден вид на овој чекор но тоа е повеќе прилагодување (он/а емоции - јас емоции, он/а разум - јас разум) . А да се прилагоди човек на се` е невозможно, така да кад тад постои моментот на изгорување и пак фаза на замарање.

Човек што не се замара ама баш за ништо е само мит.
 
Така е другар, но проблемот е тоа што ти колку и да се трудиш да не се врзеш за личноста емотивно нема да има ефект особено кога ќе бидеш во контакт со таа личност на пример повеќе од една година.
Ова што го говориш има ефект само во ситуации кога пример со некоја личност си релативно краток период.Тогаш и да ја откачиш таа личност нема да има тоа некаков ефект врз тебе.
Но, со некоја личност ако комуницираш повеќе од една година (особено со нејзиното едно лице, зошто општо познато е дека човекот има две лица), и моментот кога ќе се сретнеш со второто лице на таа особа станува малку лошо.Едноставно ти се крши сликата за личноста, всушност дознаваш она каква е он/она внатрешно и ти станува јасно всушност со каков човек си фатил работа и зошто тој човек бил со тебе другар/ка или пак зошто она се обидела да ти се вовлече под кожа и.т.н. да не ги набројувам останатите ситуации кои се најчест двигател или пак искра која го разгорува тој оган наречен „разочараност“.
Општо познато е дека човекот има две лица и тоа никој не треба да го чуди, но проблемот настанува моментот кога дознаваш дека тој човек со кој што си комуницирал на еден начин неговото „второ лице“ го силува своето „прво лице“ со цел да си ги задоволи своите императиви, без разлика за каква ситуација станува збор, хранење его, личен профит и.т.н.
Не сум психолог да говорам за овие работи, но јас барем така гледам на работите.Јас пример имам „второ лице“ но јас имам и контрола врз тоа мое „второ лице“.Го прикажувам тоа лице само кога е соодветно да се прикажува, а ако не е воопшто потребно тогаш не ни го прикажувам.Тука настанува проблемот, ретко кој денес знае тоа да го контролира, тоа најчесто настанува од неиживеаност, некаква повреда од некој друг претходно, селјаштво (обид да се направиш џек пред некој), лошотилак и.т.н.
 
Ich couldn`t agree more.
Добро, сеа за времето е релативна ствар, некој се врзуе за некои 2 месеци, друг му требаат 2 години. И за она што викаш 2 те лица, да. Со тек на време сфаќа човек дека всушност е изграден од 2 ако не и повеќе лица. Поентата е како да прифатиш некоја личност а притоа да не се замараш. Тоа ти го пишав но еве пак ќе повторам. Не треба целосно емотивно предавање. Оставај малку џокер на страна. Или као политички би се изразил - дај ја власта но не и судот.
 
Сите ние сме изградени само некои знаат кога се употребува тоа второ лице, а другиве не знаат што од неиживеаност, што од претходна разочараност и.т.н.
Јас секогаш сум бил тука на некого да му посветам внимание, сум за тоа да градам пријателства но кога некој се обидува да ме прегази е тогаш имаме проблем.Тогаш настапува второто лице со својата чизма и гази. И многу помалку ќе боли тоа зошто знаеш на еден начин дека тоа што го правиш е правилно, односно знаеш дека си во право и тоа што го правиш е исправно.Не си дозволувам едноставно да си го хранам своето его со нечива болка.Знам како е да си газен, сум бил газен во животот а и мене тоа со хранењето ми е продукт на неиживеаност и сељачизам тежок.
 
Кај мене себе-лажење не успева. Јас се замарам. И ко ќе ми речат „Абе ајде, лабаво, не се замарај“ ме теши за неколку саати, ама после си доаѓа пак на кенкањето и осталите шмизларско-лигави ствари и продолжувам да си се замарам.

Вреди бе да те боли после прекрасна врска! Ако не сакаш да трпиш, не се приврзувај уопште. Секогаш ќе заврши со кенкање (не во буквална смисла на зборот). Многу е полошо да „не се замараш“. Мене тие луѓе што не ми се замараат за ништо ми се одвратни.

На крај краева, не е добро да се себе-лажеме. Можеби подобро ќе се чувствуваме, ама поентата не е со лажги да се осеќаме подобро.
Поентата е тоа искрено да излезе од мојата уста..
Како да не се замараме for real? -„Времето лечи се.“ True story bro.
 
Дури и кога навистина не се замарам избегнувам да го напоменувам тоа затоа што ми е ептен глупо колку и да тврдеш дека не се замараш некогаш тоа е од разочарување , некогаш од што нема шо друго да кажеш и милијарда случаи али мислам дека колку повеќе напоменуваш Не се замарам не се замарам не се замарам се повеќе и повеќе почнуваш да се замараш , еве на пример јас не се замарам да читам што другиве искоментирале на темава , а се замарам да пишам на темава и колку да тврдам дека не се замарам сепак се замарам ...:sick:
П.С не се замарам шо го употребив зборовите НЕЗАМАРАМ и ЗАМАРАМ 200 пати :pos:
 
Лично јас ... СЕ замарам со работи за кој се битни,а НЕ СЕ замарам за некој безвезни работи(невредни).Сите си имаме свој сфаќање,свое толкување и свое право за слобидни мисли и живеење ...
 
Не се замарам кога ќе видам дека нема смисла да правам или зброувам нешто што нема да допре до некого или да промени нешто..
подобро е да го баталам тоа отколку да потрошам часови денови.. месеци за некому да му го докажам спротивното.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom