- Член од
- 22 февруари 2008
- Мислења
- 1.647
- Поени од реакции
- 45
Штом сме уште кај мајонезот...
Може некој да пише за домашен мајонез рецепт, дека одамна немам побано ваков мајонез се на томи или хелманс сум
Едно време бев мајстор за него... Мислам вака беше: Во тегла од 750 милилитри се ставаа две јаца, половина супена лажица сенф, една кафена лажичка шеќер и нешто повеќе од пола кафена лажичка сол. Се сипува зејтин скоро до крај на теглата ( 2-3 прста пониско) и се мати со миксер, ама со оној дел како печурка, за пасирање што служи. При матењето миксерот го движиш горе долу полека и ќе видиш колку брзо се прави мајонез. Не сум правел одамна, зашто многу ретко го јадам скоро ич, па затоа ако сум грешил со рецептот, а не би требало извини.