Не јадете мајонез!

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Не јадам ни руска..ништо каде што имамајонез.ми смрди од далеку уште..
 
Јадам мајонез ама не многу. Во месец најмногу 7-8 пати, во хамбургер, и дома во помфрит чат пат..
 
Леле глупости , секој има различен метаболизам ти ако имаш проблеми со акните не го јади , бтв јас јадам по 1 тегла неделно мајонез па немам ни една акна.. така да се е индивидуално , а оваа иницијативава што се обидуваш да ја покренеш протиф најдобриот и најубавиот додаток на секое јадење не ја бидува .. така да ако не ти се јаде нејади, не ги лажи тука обожувачите на мајонез :helou:
 
ОК се ова ама немора да значи дека ако јадеш големи количини мајонез дека обавезно мора да искачаат акни, сепак човечкото тело си има граница на внесени масти и ако ова се наруши може да биде критично за самото здравје на човекот, нешто што е поголем проблем од акните.
 
Јас јадев мајонез и ми излегуваа акни по челото. Сега ми се имаат намалено, и кога ке пробам барем едно компирце со мајонез одма ми се прави целото чело ао акни, така да нејадам више мајонез.
 
ej mene majonezot pa najveke mi se sviga...i kombinacija so kechapot mf mf mf...epten shmekerski vkus dava:)
 
Ништо нема да ме спречи да јадам мајонез или кечап. А најмалку едни посрани акни.
 
јадам мајонез скоро секој ден неам проблеми освен малце со акните
 
Како ќе каже Џингс ! :potsmev:

Го јадев-да, не секогаш и често, но сега сум одлучена во уста да не го ставам!:)
Не само него, се што е мрсно и нездраво.
Не би било лошо кога свеста за здрава исхрана се зголеми малку повеќе и кај другите.:potsmev: Би биле многу поздрави.:)
 
Ви текнало ли некогаш дека и тие мрсни состојки му се потребни на организмот?

Ако ми се јаде мајонез - ќе јадам. Ако не нема и готово, решен проблем. Ако увидам дека ми ствара акни и слично нема да јадам. Ама колку што се сеќавам имаше и маска за лице на база на мајонез па сега...:jaj: кој како сака.
 
Ви текнало ли некогаш дека и тие мрсни состојки му се потребни на организмот?

Во било кој прирачник, во било кое списание и било каде на нет каде што пишува за здрава исхрана, мајонезот е број еден јадење што треба да го исфрлиме или барем да го намалиме неговото конзумирање.:toe:

На организмот нормално дека му се потребни и масти, но мајонезот не е најдобар иако можеби највкусен начин да ги задоволиме тие потреби.:)

Ако ми се јаде мајонез - ќе јадам. Ако не нема и готово, решен проблем. Ако увидам дека ми ствара акни и слично нема да јадам. Ама колку што се сеќавам имаше и маска за лице на база на мајонез па сега...:jaj: кој како сака.

Не е лошо да се јаде, но свесно и не секојдневно или многу често како што некој има напишано.:)
 
Во било кој прирачник, во било кое списание и било каде на нет каде што пишува за здрава исхрана, мајонезот е број еден јадење што треба да го исфрлиме или барем да го намалиме неговото конзумирање.:toe:

На организмот нормално дека му се потребни и масти, но мајонезот не е најдобар иако можеби највкусен начин да ги задоволиме тие потреби.:)

Не е лошо да се јаде, но свесно и не секојдневно или многу често како што некој има напишано.:)

Е па тогаш и лебот не чини, и компирот не чини, и премногу месо исто така не чини.
Кога ќе отидете на дерматолог ќе ви кажат немој да јадеш многу благо, многу солено, луто, кисело...можеш да јадеш се освен тоа. И..?

Ајде ви се молам во умерени количини и без претерувања како "една тегла мајонез на ден" е возможно и нормално.
 
Си загазив јас.:potsmev:

Лебот и компирот чинат, но не белиот туку интегралниот, и не пржениот компир туку варениот.:) Како може да не чини компирот, се што е природно е здраво.И лебот-основен извор на јаглехидрати.

Мастите се тие што треба помалку да ги внесуваме, да внимаваме.Секако и шеќерите но зависи кои од нив.Овошниот на пример, колку сакаш и можеш-можеш да го внесуваш.:)

Ајде ви се молам во умерени количини и без претерувања како "една тегла мајонез на ден" е возможно и нормално.

И јас тоа го кажав.:smir:
 
Ах ако слушам некој што треба да се јаде а што не ке станам анорексична.
Не јадам во големи количини но дома кога си правам седвич со салама обавезно ке ставам мајонез или кога јадам брза храна секогаш ставам. Но тоа не е често и мислам дека ич не ми штети.
Е сега за оние што јадат во огромни количини и секојдневно може е тоа е веке штетно и треба да ги намалат количините мајонез што ги внесуваат.
 
Си загазив јас.:potsmev:

Лебот и компирот чинат, но не белиот туку интегралниот, и не пржениот компир туку варениот.:) Како може да не чини компирот, се што е природно е здраво.И лебот-основен извор на јаглехидрати.

Мастите се тие што треба помалку да ги внесуваме, да внимаваме.Секако и шеќерите но зависи кои од нив.Овошниот на пример, колку сакаш и можеш-можеш да го внесуваш.:)
И јас тоа го кажав.:smir:

Ајде вака.
Од кога постои интегралниот леб? Еве гледам белиот леб скоро и не се произведува зошто нема побарувачка за него?:nenene:
Ако до толку не чини пржениот компир зошто сите јадат помфрит и брза храна?

Се треба да се внесува во одредена количина. Значи автоматски на се треба да се внимава.

Овошниот шеќер можеш да го внесуваш кога сакаш и колку сакаш? Е па не баш според она што го пишува, затоа што по ручекот шеќерот кој се внесува во организмот се претвара во масти. И сега?

Некои работи си се контрадикторни сами по себе, затоа прави си онака како што ти одговара, секој има различен организам и различно поднесува исти количини на материи.:pipi:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom