Значи и по 20 страни не сфаќам зошто се буните:
Забрането е пиење алкохол ако си малолетен.
Забрането е продавање алкохол по 19 часот.
Забрането е нарушување на јавен ред и мир по 22 часот.
Забрането е малолетник да биде надвор по 00 часот.
Лична карта задолжително треба да се носи секогаш и секаде.
(Не знам дали е забрането пиење алкохол на јавни места, поточно на отворен простор така да ова со резерва го ставам)
Епа ако е забрането ова (а не само кај нас туку и во цел свет), зошто тогаш воопшто се буните не знам? Што ви пречи? Што не се пијанчите по подруми или не се собирате по куќи по станови? Многу ме интересира тоа. Ако сте толку фраери што давате отпор по полиции, што не се испијаните тогаш пред вашите, да бидете барем фраери со стил?
Море јас пак ќе ви кажам, бидете среќни што не живеете некаде погоре, кога ќе те пернат некоја казна, или ќе чистиш кондоми од автопат недела дена или ќе платиш некоја казна ѓавол и пол.
Дури сега сфаќам колку се будали што не ни даваат безвизен режим, ќе им ги наполниме државните каси ние.
е и јас не сваќам.. еве се карам со сестра ми дома неможеш да и докажеш (малолетник)..
инаку погоре некој рече дека приведувале без причина..
ај бате кажи кога ќе те однесат во станица без причина што ќе речат? зашто те донеле? за к**кејф? а? па така би ги УБИЛ од тужење има да земам оштета на одмор да идам.. мислете малце.. МОРА да правиш нешто противзаконско за да те однесат во станица..
Овде каде што живеам функционира одлично законот за забрана на продажба на алкохол и цигари на лица помлади од 21 година,истите лица немаат дозвола за влез во дискотека или кафич после 23,00 часот.Таму каде пто ке се затекне такво лице , бескомпромисно се затвара локалот и еден куп консеквенци после тоа.
тука лежи зајакот.. зашто? еве сега ќе ви кажам мое мислење...
јас првпат почнав да излагам крај на 8мо оделение, во Вулкан нормално, кој затвараше во 12, така да сакал-неќел пред во 12:15 најкасно си дома.. е сега што е проблемот? сега гледам деца, ама баш буквално ДЕЦА, од 6-7 оделение во Процес излагаат до 12 саат (ова беше пред година-две, морам да го спомнам за да се види целокупната слика)..
не сум многу по дискотеки али ај многу ме напињаше друштвото за во Колосеум, па откако напунив 18, со личната карта одев чат-пат и таму.. што се деси? Колосеум, каде идеа ДОООСТА постари луѓе, сега се наполни со ДЕЧУРЛААНА! значи не 18-20 годишни, туку гледаш влагаат и 16-17 години.. истото се деси и со Б2, прво беше ептен онака за постари, просек 30години внатре, после почна полека-полека да се полни со помлади, за на крај да заврши со 15 годишњаци внатре?!?! WTF?? истото сега се дешава со Хард Рок, ама мислам дека нема да дозволат да се упропасти.. значи ХР како едно од МАЛКУТЕ дискотеки за постари, почна да се полни со 17-18-19 години.. не дека не сум бил јас лично. имам отидено еднаш, па нареден пат за некоја година xD ама внатре едноставно не се чуствувам убаво.. гледаш све над 30години внатре и ти им се ставаш така млад 20 години да рушиш просек.. која е поентата? оди таму кај што одат твоја генерација.. зашто да се буташ кај постари? демек ФАЦА ќе бидеш?
сега само чекам уште во БАЛЕТ да почнат да влагаат средношколци па ќе биде смеење :uvo:

Значи доколку имаше таков закон (а има) и доколку се почитуваше, ќе се знаеше која старосна граница луѓе каде ќе искача..
сега се дешава
"потера" по постариве.. деца сегде се бутаат, овие, нормално, бегаат на други места..
резултатот е = малолетници во дискотеки до 4 сабајле!!!
алооооооо!!! кај го има тоа?