Најпрво, мило ми е што те насмеав :wink:
Зашто се буниме а хаххаха еве сега ќе ти објаснам зашто се буниме.
1.Ако ова е демократска држава зашто ми забранува да купам алкохол после 19 часот,а до трафиката каде што купувам има локална биртија која за поскапо ми го продава истото и послем 19 часот,најди ми ја логиката???
Во секоја држава има различни закони. Во секоја држава имаш различен тип на индивидуи на кои на едни им одговара еден закон, на други не им одговара тој закон. Според тебе што би било демократија? Тебе да те прашаат кој закон ти одговара? Да се темелеше државата кон такво донесување на закони каде ќе ни беше крајот? И мене ми смета да возам со сигурносен појас, со вклучени светла преку ден, да го мкнам она елечено на задно седиште. Имам луксузна кола и сакам да си возам со пример 150 на час на автопат. Ама дозволено ми е 120. И што да правам? Па нормално дека ќе го почитувам законот што е донесен. Не може мене тоа што ми одговара тоа да е законот. Има помоќни од мене, го вовеле како закон и крај.
Ако ти пречи на тебе или на мене, бујрум, не се знае, можеби во животот ќе дојдеме на власт па ќе ги смениме законите.
2.Нека ми дефинира што е нарушување на јавен ред и мир после 22 часот.Тоа што јас пијам пиво со моето друштво во парк и што си правиме обичен муабет колку да помине вечерта е нарушување на јавен ред и мир а под зградата моја трашти музика до 1 по полноќ и се пијанчат малолетни не е нарушување??
Нарушување на јавен ред и мир е дерење, урлање, правење врева, кршење, уништување на приватна и државна сопственост.. Да не се лажеме ама доста од посетителите на паркот го прават ова. Кршење на флаши, изигрување маалски фраери и слично. Тоа што ти си пиеш алкохол со друштвото ако си малолетен е забрането, а ако си полнолетен пак е забрането затоа што мислам дека и консумирање на алкохол на отворено е забрането (ама мислам ова, не сум сигурна, не ме фаќај за збор).
За малолетните што се пијанчат и вреват, имаш 192, слободно заврти го бројов, полицијата веднаш ќе дојде да интервенира. И јас живеам во бучно маало па секогаш доаѓале да ги разбркаат.
Значи девојче овде не збориме за тоа дали треба да се спроведуваат законите туку дека тие се бесмислени и со многу дупки,а за погоре каде што викаш ти е тамо се е убаво дефинирано, овде станува збор за покажување на сила,далеку сме ние од тие европски норми и стандарди,па скопје не е македонија,отиди малце по другите градови,па ние сме светлосни години разлика но ај тоа е друг муабет,работата е ако правиш нешто прави како што се прави а не со покажување на сила.И уште нешто ако сме толку фраери да се пијанчиме пред нашите дома..па девојче ти се молам немој со такви прости примери да се правиш паметна те молам цревата ми се испревртија од твојот пост.
Далеку сме биле од тие норми и стандарди. Епа далеку сме, интервенции на полицијата ви пречат. Како мислите да се спроведе законот кажи ми? Како полицијата треба да избрка малолетници од парк? Да им каже „се извинуваме, немојте да се навредите, ама ќе ве замолиме да си одите?“ Па тие и самите треба да знаат дека не треба да пијат алкохол на јавно место и не треба да се надвор по 12 часот. Законот е даден, а штом некој не го почитува, полицаецот има право на интервенција.
И какво е тоа спроведување на закони на сила? Ви впериле автомат во тело? Го утепале некој од вас? Ви ги срониле бисерите со тоа што ве избркале?
Не се правам јас паметна, како изгледам во твои очи тоа е твоја работа, а не моја. Ако веќе толку некои индивидуи и се прават фраери на полицијата, нека не се жалат за претрпеното потоа.
И добро ти кажа Марко Мзт под тебе
